3ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации
ЕвропаНасилни протести во Британија, откако Сик до смрт избоде студент (ВИДЕО)Британскиот премиер Кир Стармер ги осуди насилните протести што избувнаа поради смртта на 18-годишник лажно обвинет за расистички напад, велејќи дека е „неоправдано“ да се користи случајот за разгорување на тензиите.Студентот Хенри Новак беше избоден до смрт во Саутемптон кон крајот на минатата година од 23-годишниот Викрум Дигва, кој лажно тврдеше на полицијата дека бил цел на расистички напад. Снимките од местото на настанот покажуваат дека полицијата првично не верувала дека Новак бил избоден и му ставиле лисици додека умирал. Дигва беше осуден на доживотен затвор во понеделник, со можност за ослободување дури по 21 година, пишува Би-Би-Си. Riot erupts in Southampton between police and protesters as Henry Nowak protest turns ugly. Full video on YT. #henrynowak #Southampton pic.twitter.com/ItfF9XNBIm — Urban Pictures (@Urban_Pictures) June 3, 2026 Осуда на немирите од страна на Стармер „Нема оправдување за понатамошно насилство и нереди“, рече Стармер во среда, откако демонстрантите се судрија со полицијата синоќа и повредија 11 полицајци во Саутемптон, недалеку од местото каде што беше убиен Новак. „Ова е време за сериозна акција, а не за бес“, додаде Стармер, директно отфрлајќи ги коментарите од лидерот на десничарската, антиимигрантска партија Реформи, Најџел Фараж. 🚨🇬🇧 As the crowd slowly begins to thin, some protesters are still reportedly throwing bricks at police. A fence has also been knocked down, with pieces of wood allegedly being thrown during the ongoing unrest.#Southampton #UK #Protest https://t.co/ibKYg7bQL0 pic.twitter.com/VoxxkepHAP — The Globe & News (@TheGlobeNewt) June 2, 2026 Фараж претходно ги повика граѓаните да одговорат на убиството на Новак со „ладнокрвен бес“ и му рече на парламентот дека гневот што се гледа во јужниот англиски град може да се прошири ако јавноста ја изгуби довербата во полицијата. Што покажува снимката За време на нападот во декември минатата година, убиецот на Новак, Викрум Дигва, ја излажа полицијата, тврдејќи дека Новак го навредил расно и го нападнал за време на кратка расправија на улицата. На видеото од полициската камера, студентот е виден како лежи на земја велејќи „Ме избодеа“ и „Не можам да дишам“, на што еден од полицајците одговара „Не би рекол, пријателе мој“. Форензичките патолози утврдија дека Новак ќе умрел од повредите на местото на настанот без оглед на итна интервенција. Полицајците подоцна повикале брза помош и извршиле кардиопулмонална реанимација, објавува Ројтерс. In his final moments, Henry Nowak told police officers nine times “I can’t breathe” and four times that he had been stabbed. In response police officer dragged him across the gravel, handcuffed and read him his rights. It was the last thing Henry heard before he died. pic.twitter.com/nIPoPEgOWa — Visegrád 24 (@visegrad24) June 1, 2026 Семејство: Не го користете ова за омраза Семејството на Новак го нарече полицискиот третман кон него „нехуман и понижувачки“, но по пресудата изјави дека неговата смрт не треба да се „искористува за создавање понатамошни поделби, омраза или тензии“.Тагови: протести студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаСДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓанитеПет години ВМРО и Христијан Мицкоски ширеа лаги, конструкции и водеа политичка кампања против претседателот Венко Фулипче со монструозни обвинувања за модуларната болница.Ја злоупотребуваа трагедијата, ги злоупотребуваа болката и чувствата на семејствата кои ги загубија своите најблиски и бесрамно лажеа. Денеска сите тие лаги потонаа. Јавното обвинителство јасно утврди дека нема основа за одговорност на д-р Венко Филипче, нема злоупотреба на службената положба, нема штета на Буџетот, нема никаков криминал. ВМРО, Мицкски и 40% од медиумите од Орбановата мрежа водеа црна кампања, лепеа монструозни етикети, го нарекуваа Филипче убиец, Менгеле, се оцрнуваше лекар и професор кој целиот свој професионален живот го посветил на лекување пациенти. По пет години лаги, најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО е јавно да се извинат. Да им се извинат на семејствата на загинатите чии болка и трагедија безмилосно ги користеа за дневнополитички поени. Да им се извинат на граѓаните кои пет години ги лажеа и манипулираа. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
ЖивотРусин скокна од 11,5 километри височина, достигна брзина од над 500 км/ч (ВИДЕО)Рускиот падобранец Сергеј Бојцов скокна од балон од височина од 11.551 метар над Алтај и постави нов светски рекорд.Скокот го извел на 22 август, а во слободен пад останал две и пол минути, при што достигнал максимална брзина од околу 501 километар на час. На височината од која скокнал температурата била околу -59 степени Целзиусови, поради што Бојцов користел специјална опрема за висински услови. Претходниот рекорд за скок од балон изнесувал 10.060 метри и бил во сопственост на полски екстремни спортисти. Бојцов го отворил падобранот на височина од 1.565 метри, по што безбедно се приземјил во Уст-Калманскиот реон на Алтајскиот крај. Целиот лет на падобранот траел околу седум минути и 19 секунди, додека во проектот биле вклучени околу 100 специјалисти, меѓу кои инженери, пилоти и технички експерти. Тагови: падобран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Владата има пари за авион - нема за плати!Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните.Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со безбедна вода. Се мери со нов авион за Мицкоски. „Третата економија во Европа“ на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра. За нов владин авион – има. Се може да почека само авионот не може. Граѓаните во Гостивар 5 недели да чекаат на вода. Анализите за водата во Гостивар да почекаат. Работниците со минимална плата да чекаат. Потрошувачката кошничка од 70.000 денари да почека. Дизелот од 100 денари да почека. Земјоделците со нјаниски откупни цени да почекаат. Само авионот не може да чека. Велат, авионот бил потребен за ЕУ, за инвеститори и за функционерите да не губеле време на редовни линии. За Гостивар имаа време. Додека илјадници граѓани се соочуваа со здравствената криза, Мицкоски имаше време за одмор и екскурзија. А сега нема време да патува со редовна линија и да седи во економска класа. Оваа власт ги намали странските инвестиции за над 60% за 2 години, да и беше за инвестиции ќе ги зголемеше. Сериозна држава е држава која прво обезбедува безбедна вода за своите граѓани. Сериозна држава обезбедува достоинствени плати, функционално здравство и институции што работат. Сериозна држава не слави додека илјадници граѓани завршуваат во болница. Но тоа не се приоритетите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Нивниот редослед е јасен: Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook