СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
СветСтрански дипломатски извори: Мировните преговири ќе ја принудат Украина на нови избориСАД и Русија предлагаат мировен план во три фази, според повеќе странски дипломатски извори блиски до разговорите во Саудиска Арабија.Планот вклучува прекин на огнот, избори во Украина, потоа потпишување на конечен договор. Повеќе странски дипломатски извори велат за „FOX“ дека САД и Русија сметаат дека одржувањето на нови избори во Украина е клучен услов за успехот на процесот на решавање. Ова парче сигурно ќе предизвика контроверзии, бидејќи Русија не одржува вистински избори, а Украинците се спротивставуваат на можноста да инсталираат проруски марионетски претседател. Извор од САД запознаен со преговорите го ублажува ова тврдење – велејќи ми дека луѓето „лебдат“ во изборниот дел – и „тоа можеби е дел од идните разговори, но не денес“. Белата куќа сè уште не коментира - но се очекува наскоро. Украина, исто така, ја оспорува идејата дека популарноста на Зеленски е премногу ниска за да победи на реизбор, дури и без руско мешање, наведувајќи го неговото одбивање да потпише нешто во Минхен. Повеќе странски дипломатски извори го пренесоа ова од украинската страна: „Путин ја оценува веројатноста за избор на марионетски претседател како доста висока и исто така е убеден дека секој друг кандидат освен сегашниот претседател на Украина ќе биде пофлексибилен и подготвен за преговори и отстапки. За возврат, Д. Трамп е подготвен да прифати каков било изборен резултат, вклучително и можноста за избор на проруска марионета. Д. Трамп и В. Путин ги сметаат за мали шансите актуелниот претседател на Украина да биде реизбран.“ Извор: X 🚨NEWS w/ @NanaSajaia - US/Russia 3 stage peace proposal would force new Ukraine elections: foreign diplomatic sources The US and Russia are proposing a three-stage peace plan, according to multiple foreign diplomatic sources close to the talks in Saudi Arabia. The plan includes… — Jacqui Heinrich (@JacquiHeinrich) February 18, 2025 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter