3Мицкоски со порака за празникот Успение на Пресвета Богородица: Обединувањето е нашата сила и иднина
ЖивотСтогодишен Индиец се венчал, за да им докаже на властите дека се уште е жив (ВИДЕО)За да им докаже на властите, кои престанале да му ја исплаќаат пензијата, дека е сè уште жив, во матична служба се појавил Индиец на 102 години во свечено одело во придружба на гостите на свадбата.„Јас сум многу жив! “ , извикал Дули Чанд (102) во матичната служба, објавија локалните медиуми. „Во март престанаа да ми ја исплаќаат старосната пензија бидејќи во евиденцијата на индиските власти пишува дека сум умрел“, рече Чанд. „Од тогаш залудно се обидувам да докажам дека сум жив“, се пожалил тој. Социјалниот работник Навен Џаихинд бил еден од учесниците во лажната свадбена поворка и објаснил дека одговорил на поканата за венчавката за да му помогне на Чанд. „Досега контактиравме неколку владини канцеларии, па дури и организиравме прес-конференција, но досега сѐ беше залудно“, рече тој. „Потоа помисливме да организираме свадбена поворка за да го привлечеме вниманието на јавноста кон проблемот на Чанд“, изјави Џаихинд. Откако лажното свадбено видео станало вирално на социјалните мрежи, социјалниот работник добил неколку телефонски повици од луѓе кои се нашле во слична ситуација со тврдоглавата индиска администрација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати475 луѓе загинаа во катастрофалните поплави во Непал, над 1.500 луѓе се водат како исчезнати, соопштија непалските власти.Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите расува и нувакот. Портпаролот на армијата изјави дека сите 900 спасени лица се повредени и се на болничко лекување, но не даде детали за нивната состојба. Тој додаде дека дождот и непредвидливото време сериозно ги попречуваат спасувачките напори. „Никогаш во животот не сум видел ваква катастрофа“, рече тој. Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаЛефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паникаСДС на Венко Филипче продолжува со серијата со наслов - ширење паника и хистерија меѓу граѓаните.Притоа видливо е непознавањето на основните работи кога станува збор за дата центрите или центри за податоци, или пак можеби само се грижи за личните интереси. Филипче и СДС треба да знаат дека едно се инвестиции од поединци како онаа во Пехчево, а друго е кога државата преговара за отворање на вакви дата центри. И премиерот Христијан Мицкоски во јавноста прецизно објасни како би се одвивала процедурата кога станува збор за државата. Јасно кажа дека кога државата ќе преземе институционален чекор за изградба на таков објект, јавно ќе биде се презентирано. Официјалните информации се и дека се преговара со пет или шест потенцијални инвеститори. Се разбира, притоа никако нема да се посегне по она што подразбира животна околина и животен стандард на граѓаните, а за што Филипче вели дека е загрижен. Дали можеби целата грижа кај Филипче е поради лични причини. Дали грижата се појави во момент кога Филипче виде дека нема да може валкано со низа манипулации да се занимаат со ова луѓе блиски до него и до другар му Зоран Заев, како што тоа го правеа кога стануваше збор за марихуаната. Видовме дека Филипче во периодот кога се шеташе со Заев по Егејот имаше проблеми од сонцето и топлината па беше дезориентиран. И сега како да е ист, само се вклучува кога неговиот и бизнисот на Заев не поминуваат. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаМицкоски со порака за празникот Успение на Пресвета Богородица: Обединувањето е нашата сила и иднинаПретседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.„Ќе ми дозволите најпрвин да го честитам големиот христијански православен празник на сите верници коишто денеска го слават, на православните христијани, а на сите граѓани да им посакам здравје, среќа и успех за нив и нивните семејства. Исто така би сакал на рударите, бидејќи ова е нивен ден, да им посакам среќно кога влегуваат во рударските окна и да посакам нормално безбедна работа, работа којашто ќе значи подобра иднина за граѓаните и за Македонија. Традиционално денеска сме овде во Берово заедно со моите соработници, со граѓаните во Берово, а гледам и дека има во суштина граѓани од цела Македонија, така што секогаш е задоволство да се биде на овој ден токму тука и да се одбележи овој ден со една, би рекол, порака којашто е обединувачка, којашто значи обединување — всушност тоа е и мојата желба како претседател на Владата. Ви благодарам.“- изјави Мицкоски Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter