Старецот кој го преживеа коронавирусот и Втората светска војна , денеска слави 104 роденден (ВИДЕО)

Бил Лапчис, американски ветеран од Орегон, се смета за најстар преживеан од коронавирус. Роден е во 1916 година, а покрај короната, ги преживеал и Втората светска војна и шпанскиот грип.

Лапчис вчера го прослави својот 104 роденден, скоро еден месец откако за прв пат покажа симптоми на зараза со коронавирус.

  „Ова лесно можеше да заврши поинаку“, изјави лекарот Роб Ричардсон за ОББ.

Ричардсон објасни дека ветеранот не развил тешки респираторни проблеми и дека немало потреба да го стават на респиратор.

Лапчис е меѓу првите луѓе во САД на кои им бил дијагностициран коронавирус.

„Тој е целосно оздравен“, рече ќерката на Лапчис, Кароли Браун.

Голем број на локални жители и известувачи се собраа да го прослават неговиот роденден и го снимија настанот.

притисни ентер