Станува сериозно: Брајан Рендал се пресели кај Сандра Булок - Канал 5

Станува сериозно: Брајан Рендал се пресели кај Сандра Булок

Брајан и Сандра од неодамна се појавуваат заедно во јавноста, како синоќа на премиерата на филмот „Our Brand In Crisis“ во Л.А. Но врската веќе им е на стабилна основа - според таблоидите Брајан веќе живее кај Сандра!

Станува сериозно: Брајан Рендал се пресели кај Сандра Булок
- Тој сеуште има свој стан но живее кај Сандра - изјави извор за „Us Weekly“.

Сандра(51) и Брајан(49) се заедно од јуни но не зборуваа за својата врска се до неодамна.

Рендал е фотограф и се запознал со Сандра кога го фотографирал нејзиниот син Луис.

На промоцијата имаше и многу други славни имиња, како Били Боб Тортон кој исто така игра во филмот.

Interesting approach: While Sandra brought some style to the red carpet, her co-star Billy Bob Thorton seemed to forget red carpet premieres usually have a dress code

И Џорџ Клуни кој е продуцент на овој филм.

Chic couple: As always George Clooney, who produced the film, and wife Amal wowed on the carpet


Филмот е приказна за Џејн Бодин, американски експерт за политички кампањи. Таа е испратена во Јужна Америка да помогне да се постави нов лидер, но ...

Првично било замислено улогата да се додели на маж, но потоа Сандра била избрана за главната улога.


Coming soon: The premiere comes ahead of the October 30 release of Our Brand Is Crisis, which follows Jane Bodine, an American political campaign strategist sent to war-torn South America to help install a new leader but is threatened to be thwarted by a long-term rival


Во кината во САД „Our Brand In Crisis“ ќе се појави на 30 октомври.


/извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

5 Попова Шапка, Маврови Анови, 6 Лазарополе, 8 Крушево, 11 Битола, 12 Претор, Крива Паланка, 13 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Тетово, Берово, 15 Скопје-Петровец, Кавадарци, Охрид, Штип, 16 Велес, Демир Капија, 18 Виница, 20 Струмица, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Претежно облачно, наместа со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец со брзина над 60 km/h.

До крајот на денот ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и почетокот на следната седмица. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)

Поранешната министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загина во тешка железничка несреќа во близина на Урда во покраината Толедо.

Најмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)

Поранешната министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загина во тешка железничка несреќа во близина на Урда во покраината Толедо, објави шпанската ABC, повикувајќи се на извори во раководството на Народната партија.

Бањез беше министерка од 2011 до 2018 година во владата на Маријано Рахој, а по напуштањето на политиката ја презеде функцијата претседател на Фондацијата CEOE, поврзана со шпанското здружение на работодавачи. Родена е во 1967 година во Хуелва и беше пратеничка на Народната партија во шпанскиот парламент многу години.

Градскиот совет на Севиља прогласи тридневна жалост

Градоначалникот на Севиља, Хозе Луис Санц, исто така, го посети центарот за поддршка поставен на железничката станица Санта Хуста за да им помогне на семејствата на жртвите од железничката несреќа во Урда (Толедо).

Градоначалникот им понуди на семејствата сите расположиви општински ресурси „за сè што им е потребно“, вклучувајќи психолошка поддршка, сместување, транспорт и други услуги.

Градоначалникот прогласи тридневна жалост за жртвите и го суспендираше својот официјален распоред. Санц објасни дека членовите на најблиското семејство отишле на местото на несреќата, а некои ги зедоа своите најблиски.

Минут молк објавен низ цела Шпанија во 20 часот.

Шпанската федерација на општини и покраини (FEMP) повика на минута молк во 20 часот оваа среда на влезовите на сите шпански градски собранија во спомен на жртвите од несреќата со брзиот воз во Урда (Толедо).

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, FEMP објасни дека повикува на молк „во спомен на жртвите од железничката несреќа“ што се случи утрово во Урда, каде што се судрија два воза.

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија нагло се зголеми: Постојат стравувања дека има повеќе жртви

Според најновите податоци, најмалку 64 лица загинаа во железничката несреќа што се случи утрово во близина на станицата Урда, во покраината Толедо, според извори од регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Нејзиниот претседател, Емилијано Гарсија-Паж, стравува дека бројот на жртви може да биде поголем. Повредени се и 80 лица, од кои 50 се сериозно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Р.Турција.

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

На форумот, Савески имаше излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”.

Во излагањето, тој се осврна на искуствата на нашата земја во борбата против финансискиот криминал, предизвиците за лоцирање и одземање на незаконскиот имот, но и на чекорите што ги презема македонското јавно обвинителство за поефикасен кривичен прогон на перењето на пари и зголемување на обемот на конфискацијата.

“Ефективниот одговор мора да опфаќа повеќе од само истражување и кривично гонење на криминалното однесување. Тој исто така мора да ги идентификува, следи, замрзне и, на крајот, да ги конфискува средствата стекнати преку криминал. Во спротивно, финансиската корист од криминалните активности може да остане кај сторителите, дури и кога кривичната постапка е веќе во напредна фаза”, нагласи државниот обвинител, истакнувајќи ги активностите на истражните центри во јавното обвинителство и зајакнувањето на капацитетите за финансиски истраги.

“Клучен приоритет е поефективно поврзување на овие напори: спроведување финансиски истраги паралелно со кривичните истраги, зајакнување на соработката меѓу институциите, користење меѓународна правна помош таму каде што е потребно, како и следење на имотот сè до негова конечна конфискација. На крајот, успехот треба да се мери не само според бројот на отворени предмети или вредноста на замрзнатиот имот, туку и според способноста да се обезбеди конечна конфискација и да се намалат финансиските придобивки од криминалните активности”, рече Савески.

На маргините на форумот, Савески оствари билатерална средба со турскиот Главен јавен обвинител Мухсин Шентурк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер