ССМ ја поздравува поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за почитување на колективните договори

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја поздравува поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за минималната плата.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја поздравува поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за минималната плата, но и дека ќе бара почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места како и примена на членот 8 од Законот за минималната плата.

– Потсетуваме дека ССМ уште во декември 2021 година испрати допис до политичката партија со цел да ги слушнат барањата и потребите на работниците за зголемувањето на минималната плата, а работниците очекуваа дека и предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати доставен до пратениците во Собранието досега ќе беше поддржан се во интерес на работниците, наведуваат од ССМ.

Воедно, потсетуваат дека согласно членот 8 од Законот за минималната плата, онаму каде што има градоначалници од нивната партија веднаш можат да пристапат кон зголемување на платите на работниците кои работат во комуналните претпријатија, јавните претпријатија кои се под локалнатите самоуправи и Градот Скопје, вработените во Општините, против пожарната служба, основните училишта и др.

– Работниците очекуваат како од централната така и од локалната власт не само да се залага декларативно, туку и преку конкретни чекори да ја зголеми платата на работниците согласно Законите и колективните договори. Очекуваме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да ги охрабри градоначалниците од неговата партија веднаш да постапат по закон и колективен договор и да ги зголемат платите на вработените и да бидат пример за како треба и останатите, скалесто да ги зголемат платите согласно порастот на минималната плата, велат од ССМ.

Додаваат дека работниците од претставниците на народот и политичарите очекуваат нивните ветувања да ги исполнат веднаш, а во спротивно бараат од ССМ да ги интензивира своите активности и на локално ниво.

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите

Жестока борба со корупцијата и економска трансформација од која сите ќе бидат задоволни.

Денес унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Брвеница во дворот на црвата Св. Никола во Челопек организираше одличен настан во кој учество имаа земено и млади девојки во поречка носија оттука го честитаме први мај меѓународниот ден на трудот и се обврзуваме како идна влада со програмата платформа 1198 дека ќе имаме широк дијалог со синдикатите, дека ќе направиме економска трансформација од која ќе бидат задоволни сите граѓани на Република Македонија. Ветуваме жестока борба со корупцијата и секако конечно завладејување на правото. Македонија мора повторно да биде твоја и повторно да биде горда.

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија

Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии.

„Враќање на ВМРО ДПМНЕ на власт значи режим во најава, сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии. Ако го дозволиме тоа, ќе ѝ се нанесе огромна штета на државата“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од Првомајскиот пикник што денеска се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Тој ги повика граѓаните и сите прогресивни сили во земјата, кога ќе излезат на гласање на 8-ми мај да имаат предвид дека преголема моќ за десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ ќе претставува сериозна закана за иднината на земјата.

„Ако десничарска партија како ВМРО добие таква моќ, со сите државни ресурси на располагање, може да се соочиме со крајот на нашата европска перспектива. ВМРО ќе ја одложува евроинтеграцијата до недоглед како што тоа го правеше Груевски. Затоа, во среда, една недела од денеска, сме исправени пред уште една голема одлука – дали ќе го дадеме нашиот глас за да одиме напред, во европска иднина, или ќе гласаме за да се вратиме назад и да го вратиме режимот кој нѐ гушеше 11 години“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ им порача на граѓаните дека ова се исклучително важни избори за европската иднина на државата.

„Гласот ЗА е глас за сигурна, безбедна и европска иднина на Македонија. Гласот ЗА е глас за инвестиции во иднината на земјата, не за жални врби, стиропор и фонтани. Со гласот ЗА ќе обезбедиме подобри услови за живот тука, во Македонија, за нашите деца, внуци и идните генерации да си останат дома и тука да си ја бараат среќата. Друга татковина ние немаме“, рече Ковачевски.

Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања

Третиот кинески носач на авиони „Фуџиан“ утринава ги започна своите први поморски испитувања.

Бродот го напушти бродоградилиштето во Шангај околу 8 часот наутро. Поморските испитувања првенствено ќе ја тестираат доверливоста и стабилноста на погонските и електричните системи на носачот на авиони.

Од неговото лансирање во јуни 2022 година, „Фуџиан“ ги заврши пробите за прицврстување, местење и прилагодувања на опремата. Според кинеската агенција, тој ги исполни техничките услови за почеток на поморски испитувања. /МИА

притисни ентер