Српската естрада во црно - почина сопругот на Гога Секулиќ (обновено) - Канал 5

Српската естрада во црно - почина сопругот на Гога Секулиќ (обновено)

Само два месеци по свадбата, почина сопругот на пеачката Гога Секулиќ, бизнисменот Игор Рамовиќ. Цело време бе со него и се обидував да бидам силна за двајцата - вели Гога.

Српската естрада во црно - почина сопругот на Гога Секулиќ  (обновено)
Српските медиуми пишуваат дека на Рамовиќ ноќеска му откажале органите во болница во Германија. Во последните часови покрај него била неговата сопруга.

- Вистина е, го изгубив Игор - потврди за Ало.рс Гога Секулиќ.

- Пред 4 недели му се слоши во Белград. Веднаш отидовме во болница. Таму му поставија дијагноза рак на панкреасот и веднаш се договоривме да оди на лекување во Германија. Беше сместен на клиниката во Хајделберг и таму добиваше најсовремени терапии но болеста беше посилна. Цело време бев со него, го држев за рака и се обидував да бидам силна за двајцата. Неговата мајка го посетуваше, но јас не сакав ни за момент да се тргнам од него. Ми почина на рацете - вели пеачката.

Колегите на Гога Секулиќ се во шок.

- Длабоко ме потресе оваа тажна вест. Во овој болен и тешок момент можам само да изразам длабоко сочувство - изјави Цеца Ражнатовиќ.

Бизнисменот Игор Рамовиќ и пеачката Гога Секулиќ се венчаа пред само два месеци - потсетуваат српските медиуми.

Игор 20 години живеел во Лондон каде поседувал неколку ноќни клубови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп купувал и продавал акции на „Енвидија“: Откриени трансакции вредни до 1,56 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп купувал и продавал акции на технолошката компанија Енвидија, покажуваат официјалните финансиски документи објавени од американската канцеларија за владина етика.

Трамп купувал и продавал акции на „Енвидија“: Откриени трансакции вредни до 1,56 милиони долари

Според најновиот извештај, во текот на септември преку брокерските сметки на Трамп биле извршени неколку трансакции со акции на Енвидија. На 2 септември биле купени акции во вредност меѓу 100 и 250 илјади долари.

Една недела подоцна следувало уште едно купување, во вредност меѓу илјада и 15 илјади долари, а потоа и уште продажба со идентична вредност.

Информациите доаѓаат во момент кога Трамп се соочува со остри критики откако изјави дека лично го убедил управниот одбор на технолошкиот гигант „Енвидија“ повторно да го назначи Џенсен Хуанг за извршен директор, по неговата оставка поради љубовна врска со кинеска бизнисменка, за која американските власти се сомневаат дека била поврзана со кинеската разузнавачка служба..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), сите од село Жидилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

Кривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

На 21.11.2026 година, околу 09:00 часот, во село Дрење, кривопаланечко, пријавените физички ја нападнале Д.Д. (67) од истото село, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Имено, додека Д.Д. го напасувала својот крупен добиток, пријавените најпрвин започнале вербална расправија со неа, по што физички ја нападнале. Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши потрагата по лавица во Истанбул: Властите сега тврдат дека такво животно никогаш немало

Потрагата по лавица во предградијата на Истанбул – која траеше 24 часа и предизвика паника меѓу локалните жители – синоќа доживеа неочекуван пресврт. Турските власти соопштија дека воопшто немало никаква лавица.

Заврши потрагата по лавица во Истанбул: Властите сега тврдат дека такво животно никогаш немало

Гувернерот на Истанбул мобилизираше тимови од експерти за заштита на животни, полиција и специјализирани воени единици, откако животното наводно било идентификувано како лавица. Беа објавени дури и две видеа на кои се гледа како животното се движи низ елитната истанбулска населба Ускумрукој.

На жителите им беше препорачано да останат во своите домови, а властите го ограничија пристапот до шумата, која зафаќа површина од 54 квадратни километри северно од Истанбул. Сепак, доцна синоќа, властите го променија своето првично тврдење, наведувајќи дека анализата на новите снимки покажала оти животното „не е ниту лав, ниту каков било друг вид на голема мачка“, пренесува „Асошиејтед прес“.

Граѓаните се збунети

„Областа беше пребарана од воздух со помош на дрон опремен со термални камери, како и на терен од страна на нашите тимови. Беа поставени и мамки, како и камери со сензори за движење. Пребарувањето на теренот не донесе никакви конкретни докази за присуство на лав во тој дел“, се вели во соопштението.

Овој ненадеен пресврт ги збуни многу граѓани, кои сега се прашуваат кое животно властите можеле да го помешаат со лавица. Некои претпоставуваат дека станува збор за големо куче, додека други на социјалните мрежи иронично објавуваат снимки од домашни мачки, прашувајќи дали можеби тоа е „лавицата“ што се барала.

Дури и по соопштението од канцеларијата на гувернерот, некои медиуми објавија уште едно видео на кое се гледа животно како излегува од грмушките, прашувајќи ги читателите дали, всушност, би можело да станува збор за лав.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер