Три тужби за МОН за студентскиот оброк, пресметките покажуваат дека тој би изнесувал 156 денари - Канал 5

Три тужби за МОН за студентскиот оброк, пресметките покажуваат дека тој би изнесувал 156 денари

Три тужби за МОН за студентскиот оброк, пресметките покажуваат дека тој би изнесувал 156 денари
Три тужби до Управниот суд се поднесени против Министерството за образование и наука поради неусогласувањето на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“

Од седуммина предложени сведоци на одбраната на Дејан Јованов-Деко, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во судница се појавија само двајца.

Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“

Дел од нив, како што објаснија неговите адвокати, се премислиле и не сакале да сведочат во постапката. Затоа одбраната се откажа од нив што предизвика реакција од судијката Дијана Груевска-Илиевска која предупреди дека одбраната е должна да го обезбеди присуството на предложените сведоци, но и негодување кај родителите на загинатите.

-Двајца се повлечени, а пиротехничарот не успеа да го пронајдат ниту судот ни одбраната. Се поставува сериозно прашање: дали воопшто постои тој фамозен пиротехничар и врз основа на кои податоци е предложен како сведок? Не бараме привилегии, туку сериозна, ефикасна и правична судска постапка во која секој доказ и секој сведок ќе придонесат за утврдување на вистината. Нашата болка е реална, нашата загуба е неповратна, а нашето трпение не е бесконечно,- изјави – Александар Наунов – Татко на загината во „Пулс“.

Еден од сведоците кој се појави во судницата беше девојка која во Пулс повремено работела како шанкерка. Кажа дека еден или два ПП апарати забележала во билетарницата на влезот од објектот но не се сеќаваше дали имало и на друго место. Таа раскажуваше и што се случувало ноќта на 16 март кога избувнал пожарот.

-Не го видов поставувањето на пиротехничките средства на бината. Претходно имало пиротехнички средства во „Пулс“, но толку силни како таа вечер, немав видено. Бевме на левиот шанк кога почна пожарот. Од нашата страна и таму каде што се наоѓа задната врата беше жариштето и сите се упативме на другата страна. Таа врата претходно ја имам видено отворена само за проветрување на просториите, не знам дали таа вечер била отворена,- -Анастасија Соколова – Сведок.

Обвинителот Борче Јанев укажа на разлика меѓу денешното сведочење и нејзиниот претходен исказ во ОЈО Кочани, кога рекла дека не знае дали има друга врата или излез за евакуација. Таа објасни дека ја забележала вратата за време на подготовките за работа, но не ја видела да се користи.

Вториот сведок, Бојан Спасовски угостител од Гевгелија, зборуваше за настапот на ДНК во неговиот локал. Настапот го договорил телефонски со Панчо, но не знаел дека групата ќе користи пиротехника. Претпоставуваше дека станувало збор за таканаречени топли прскалки бидејќи по согорувањето оставале чад.

Следно рочиште за случајот е закажано за 30 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на средба со британската амбасадорка Сивагнанам

Продлабочување на стратешкото партнерство и полициската соработка со Обединетото Кралство.

Тошковски на средба со британската амбасадорка Сивагнанам

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Н.Е. Маја Сивагнанам, на која беше потврдена одличната досегашна соработка и заедничката определба за натамошно продлабочување на партнерските односи меѓу двете држави во областа на безбедноста.

На средбата се разговараше за тековните активности и можностите за унапредување на полициската соработка, со посебен акцент на борбата против сериозниот и организиран криминал, граничната безбедност, справувањето со нелегалната миграција, сајбер-криминалот и недозволените финансиски текови.

Посебно внимание беше посветено на активностите во рамки на Заедничката работна група за миграција, како и на натамошното зајакнување на оперативната и регионалната полициска соработка, размената на информации и искуства и јакнењето на професионалните и техничките капацитети на македонската полиција.

Министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната поддршка што Обединетото Кралство му ја дава на Министерството за внатрешни работи преку експертска и техничка помош, специјализирани обуки и реализација на заеднички проекти.

На средбата беше истакнато дека Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство претставува значајна основа за натамошно продлабочување на соработката во областа на безбедноста и реализација на заеднички активности насочени кон поефикасно справување со современите безбедносни предизвици, поголема регионална стабилност и безбедност на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протекоа тајни податоци, над 1.000 руски војници се самоубиле од почетокот на војната

Протечени податоци од руската статистичка агенција РОССТАТ откриваат драматични размери на психолошката криза во руската војска.

Протекоа тајни податоци, над 1.000 руски војници се самоубиле од почетокот на војната

Од почетокот на инвазијата врз Украина, најмалку 1.087 руски војници извршиле самоубиство, додека уште 885 смртни случаи се водат како последица на прострелни рани со неутврдена намера, пренесува Гардијан.

Податоците потекнуваат од база со повеќе од 11 милиони смртовници, до која дошле хакерските групи „Сајбер партизанс“и украинскиот колектив „Сајлент Кроу“.

Бројот на самоубиства растел во текот на војната. Во 2022 година биле регистрирани повеќе од 50, додека, пак, во 2025 година биле евидентирани дури 365 случаи. Во 2026 година, според нецелосни податоци, биле забележани речиси 300 самоубиства.. Како една од причините се наведуваат малтретирањето, мачењето, физичкото казнување, присилното испраќање во опасни борбени мисии и неможноста за напуштање на воената служба, наведува Гардијан..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер