МакедонијаМинчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институцииГраѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација што решава проблеми, а не создава нови!„Професионалноста не е она што го пишува во нашето работно решение. Професионалноста е она што граѓанинот го добива кога ќе влезе во институцијата.“ Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешните генерички обуки за административните службеници во Охрид, нагласувајќи дека суштината на реформата на јавната администрација не е само во промената на законите, туку во конкретната промена што граѓаните ќе ја почувствуваат преку поквалитетни услуги, поголема ефикасност и одговорни институции. Министерот потенцираше дека државата не може да биде силна без професионални и компетентни луѓе во институциите, поради што Министерството инвестира во континуираното унапредување на знаењата и вештините на административните службеници. Oбуките се насочени кон три клучни области: менторство, комуникациски вештини, еднаквост и недискриминација, со посебен акцент на нивната практична примена во секојдневното работење и односот со граѓаните. „Нашата цел е институции кои нема да бидат пречка за граѓаните, туку нивна поддршка. Институции кои нема да го трошат времето на граѓаните, туку ќе го почитуваат“ порача Минчев, посочувајќи дека професионалниот развој мора да стане траен и системски процес, достапен за секој административен службеник, независно од институцијата и местото каде што работи. Во таа насока, Министерството интензивно работи на воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, која ќе започне со работа на почетокот на 2027 година. Академијата ќе претставува нов институционален модел за континуирано учење, развој на компетенции и унапредување на професионалните стандарди. Минчев се осврна и на пошироките системски промени што ги спроведува Министерството, меѓу кои и новата законска рамка за административните службеници и Законот за високите раководители, со кои се поставуваат појасни критериуми за професионалност, избор, оценување и одговорност. Тој потенцираше дека раководните позиции мора да носат одговорност за резултатите, а професионалниот придонес, компетентноста и интегритетот да бидат вистинската мерка за напредување и вреднување во институциите. „Државата не е силна кога има голем број на институции, туку кога институциите имаат капацитет да им служат на граѓаните“ истакна министерот, нагласувајќи дека реформата на јавната администрација е заедничка одговорност на сите институции и административни службеници. Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање услови во кои знаењето, стручноста и професионалниот интегритет ќе бидат најголемата вредност на секоја институција. Преку континуирана поддршка, нови можности за учење и вложување во човечките капацитети, Министерството докажува дека квалитетот на јавната администрација започнува од луѓето, а се потврдува преку нивната работа, однос и одговорност кон граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието15:00Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСамит ЕУ – Западен Балкан во БриселМакедонија е лидер во исполнување на задачите од реформската агенда, не е точно дека Црна Гора и Албанија напредуваат побрзо од нас, оценува премиерот Христијан Мицкоски.Во пресрет на Самитот на ЕУ во Брисел попладнево кадешто ќе седнат на иста маса со лидерите од регионот и европските челници Урсула фон дер Лајен, Антонио Кошта и Каја Калас, македонскиот премиер очекува да се потврдат заложбите за што побрза интеграција на Западен Балкан во унијата. Кажа дека е отворен за дијалог со соседите, но го повтори владиниот став дека нема да има уставни измени. „ Ќе се навратам на мојата изјава за автобусот што се ниша. Така во моментов изгледа нивниот пат кон ЕУ, и на Црна Гора и на Албанија. Ние, пак, спроведуваме реформи и навистина сме лидери кога станува збор за Реформската агенда. / Ние одбиваме да разговараме за билатерални прашања, како пречка кон нашето полноправно зачленување во Европската Унија. Ние сме подготвени заедно со ЕУ и тие што имаат билатерални нерасчистени односи со нас, ако е потребно, во рамките на овој процес да седнеме било каде и било кога и на било која тема. За жал, како што гледам, од другата страна нема интерес, така што ние ќе продолжиме да го испорачуваме она што е наша домашна задача. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Дека Македонија е во топ три во исполнување на рефорите од Планот за раст се согласува и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во интервју за МИА потенцира дека ги разбира фрустрациите во Македонија од застојот, но реалноста е таква што членките во ЕУ ја користат позицијата за блокада поради билатерални спорови. Ја повика Владата да ги спроведе уставните измени. „ Иако сметам дека билатералните прашања не треба да се мешаат во пристапниот процес, тие понекогаш сепак се на маса и мора да се решаваат во духот на добрососедските односи. Ова е вистинскиот момент и С. Македонија да тргне напред, од политичарите во С. Македонија зависи дали тоа ќе се случи. Откако ќе се направат уставните измени, ќе можеме да продолжиме без каква било дополнителна политичка одлука. Мојот апел до Владата е да го направи тој чекор и да ја исполни својата обврска. “Марта Кос – еврокомесар за проширување. Во фокусот на самитот во Брисел попладнево ќе бидат неколку теми меѓу кои постепената интеграција, миграцијата, планот за раст.. Според последните најави, Европската комисија планира зголемување од 10 проценти на финансиските средства за Македонија во рамките на Планот за раст, додека Црна Гора и Албанија ќе добијат по 15 проценти повеќе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит-пазар е украдена дарохранителницатаСкопската бискупија ја известува јавноста дека во текот на ноќта меѓу 24 и 25 ноември 2026 година, од католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит-пазар во Скопје е украдена дарохранителницата во која се чува Пресветата Причест, односно осветени хостии.Случајот е пријавен кај надлежните институции и во тек е полициска истрага. За Католичката црква Пресветата Причест е најсветиот дар доверен на Црквата и средиште на нејзиниот литургиски и духовен живот. Поради тоа, нашата најголема грижа во овој момент е осветените хостии да бидат пронајдени и достоинствено вратени. Скопската бискупија упатува искрен апел до лицето или лицата кај кои се наоѓа дарохранителницата, а особено Пресветата Причест, да овозможат нејзино враќање што е можно поскоро. Доколку некој ги поседува осветените хостии и сака да ги врати, го повикуваме тоа да го направи со доверба и без страв од осуда од страна на Црквата. Нашата желба е тие да бидат вратени со должна почит. Ги повикуваме и сите граѓани кои располагаат со било каква информација што може да помогне во пронаоѓањето на дарохранителницата и Пресветата Причест да се обратат до надлежните органи. Воедно, ги повикуваме сите верници да се соединат во молитва за пронаоѓање и достоинствено враќање на Пресветата Причест, како и за покајание, помирување и преобраќање на срцата. Нека овој немил настан биде и повик до сите нас за уште поголема почит кон она што е свето. Скопска бискупијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжи надзорната расправа за АЛТА банка во СобраниетоТрајко Славески беше мој личен избор по консултација со експерти, немаше никакво политичко влијание, дојдов тука од почит кон граѓаните, иако не сум надлежна за банкарскиот сектор, изјави претседателката Гордана Сиљановска ДавковаТрајко Славески беше мој личен избор по консултација со експерти, немаше никакво политичко влијание, дојдов тука од почит кон граѓаните, иако не сум надлежна за банкарскиот сектор, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која во својство на сведок прва одговараше на прашањата од пратениците на втората надзорна расправа за Алта банка во Собранието. Претседателката како бизарни и навредливи ги отфрли прашањата од опозицијата врз основа на кои критериуми го номинирала Славески за гувернер на НБРМ, и дали неговиот избор бил само заради договор меѓу Мицкоски со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија. - Не тврдам дека постои докажан договор меѓу вас Мицкоски, Мацура и Вучиќ, но кога гувернерот јавно потврдува дека се консултирал со премиерот за влезот на конкретната банка, сосема легитимно е да се бара одговор дали зад овој процес имало политичко договарање. И затоа ве прашувам дали назначувањето на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија, рече Мираковска. - Навредливо е за мене да одоговарам на прашања за односите со Вучиќ, Мацура, бесмислено е. Уставот ја гарантира самостојноста на НБРМ, а Законот за Народната банка ја гарантира нејзината независност. НБРМ не смее да прима насоки од никого, вклучувајќи го и претседателот. Како си дозволувате да кажете како сум го избарала. Го избрав врз основа на законски утврдени критериуми, без никаков притисок, одамна сум докажала дека сум имуна на притисоци, изјави Силјановска Давкова. Додека траеше исказот на Силјановска Давкова, атмосферата во салата се вжешти со довикување од страна дел од пратениците, што ја поттикна претседателката да реагира, по што процедурално реагираше и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски кој ја повика на взаемна почит. На надзорната расправа сведочеше и бизнисменот и поранешен директор на ЕУРОСТАНДАРД банка, Трифун Костовски, кој праша зошто НБРМ тогаш не ја спасила Еуростандард како АЛТА банка сега. Мацура кажа дека не го познавал, а одговори и на пратеничките прашања дали имал комуникација со тогашните владини функционери од СДСМ пред затворањето на Еуростандард банка. -Средба со Заев не сум имал, синот мој ми покажа дека дента кога е однесена банката во стечај, мојот син имал средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и било разговарано да се запре евентуално било каков процес, бидејќи ние како акционери имавме голема желба банката да не се однесе во стечај. Банката се носи во стечај кога немаме Влада, Собрание, институции, а соработката меѓу институциите е клучна. Затоа ја поддржувам одлуката на НБРМ да ја спаси АЛТА банка, изјави Костовски. Во меѓувреме, од Народната банка соопштија дека правните лица кои имаат платежни сметки во „Алта банка“ АД Битола од денеска ќе можат без ограничување на износот да располагаат со новите приливи, доколку средствата се префрлени од сметки во други банки или кај други даватели на платежни услуги. Со оваа одлука, како што велат од НБРМ, компаниите ќе можат во целост да ги користат новопримените пари кои пристигнуваат од други финансиски институции. Истата можност веќе важи и за физичките лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието15:00Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00