Среде новогодишна забава во локален паб им упаднала холивудска ѕвезда - Канал 5

Среде новогодишна забава во локален паб им упаднала холивудска ѕвезда

Николас Кејџ ја помина новогодишната забава со неколку пива и шампањ во локален паб во англискиот град Велс.

Среде новогодишна забава во локален паб им упаднала холивудска ѕвезда

55-годишната филмска sвезда ги изненади жителите на еден мал град од 12.000 во областа Сомерсет кога се појави во пабот Трамвејс, но и кога им го плати пијалокот на гостите во пабот.

Пабот ја објави фотографијата на Кејџ на Фејсбук, при што некои гости позираат со самиот актер ,а и тие објавуваа фотографии на своите профили на социјалните мрежи каде го опишаа како легенда.

Редовниот гостин во пабот Метју Хартнет оспори некои информации дека Кејџ ја дочекал Новата година во пабот и им платил на сите за пијалокот. Тој вели дека актерот влегол во пабот на Нова година, кога открил дека локалната продавница е затворена.

„Тогаш бевме десетина во барот, тој купи две шишиња шампањ, го чуваше едниот за себе и го ни даде другиот “, раскажува Хартнет за Инсајдер.

И покрај тоа што е пабот само за членови, Хартнет вели дека на Кејџ му било понудено бесплатно членство . Tramways Social Club наплаќа по 10 фунти годишно за членарина и е еден од ретките пабови во малиот град Велс.

„Тој беше многу љубезен кон сите и се чинеше како нормална личност како сите нас“, изјави Хартнет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Денеска Советот на јавните обвинители  треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Денеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и други

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапување

Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. 

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапување

Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер