Србљак избори пласман на главниот турнир на фјучрсот во Анталија - Канал 5

Србљак избори пласман на главниот турнир на фјучрсот во Анталија

Со три победи во квалификациите, македонскиот тенисер Горазд Србљак избори пласман на главниот турнир на фјучурсот што за награден фонд од 15.000 долари се игра во Анталија. 

Србљак избори пласман на главниот турнир на фјучрсот во Анталија

Македонецот во денешеното „финале“ од квалификациите го совлада Аргентинецот Фернандо Каваљо со 2:0, по сетови 6:2 и 6:3, за еден час и 33 минути игра.

Србљак имаше целосна контрола над мечот и успеа да реалзира 5 од 13-те брејк шанси, за разлика од ривалот кој имаше една од три.

Во првото коло од главниот турнир противник на Србљак ќе му биде холандскиот тенисер Стијн Слумп (25 години, 813 место АТП), кој во денешниот меч од квалификациите беше убедлив против Јоан Александру Чирица од Романија со 2:0.

Мечот од првото коло на програмата е утре. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: За 90 минути од тотален анонимус до планетарна ѕвезда!

Голманот на фудбалската селекција на Зеленортските острови Возиња  преку ноќ стана глобална сензација - Инстаграмот му експлодираше, бројките станаа нереални.

Видео: За 90 минути од тотален анонимус до планетарна ѕвезда!

Во моментот кога влезе на стадионот во Атланта, 40 голман Возиња имаше едвај повеќе од 40.000 следбеници на Инстаграм.

Јосимар Диас не е име кое беше познато на пошироката публика. Тој беше попознат по името Возиња, што на португалски значи „баба“.

Сепак, голманот на островите Капо Верде или Зеленортските острови преку ноќ од тотална анонимност стана планетарна ѕвезда.

Со своите одбрани на дуелот против можеби првиот фаворит за светскиот трон Шпанија, овој 40-годишен голман ја создаде можеби најголемата сензација во историјата на Светското првенство, бидејќи му донесе бод на својот тим во дуелот со Шпанија, актуелниот шампион на Европа.

Пред да зачекори на стадионот во Атланта, Возиња имаше едвај повеќе од 40.000 следбеници на Инстаграм. Натпреварот заврши, а бројот скокна на неверојатни два милиони следбеници. Но бројките не застануаа тука.

Само пет часа по завршувањето на натпреварот, бројката надмина пет милиони! Ќе биде интересно да се види колку следбеници од целиот свет ќе добие овој симпатичен голман до крајот на Мундијалот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот на Дејвид Гета во Париз

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез блесна на сцената како специјален гостин на концертот на еден од најдобрите светски ди џеји Дејвид Гета одржан викендов во Париз.

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот на Дејвид Гета во Париз

Мегапопуларната Џеј Ло беше специјална гостинка на големиот концерт на францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета на стадионот „Стад де Франс“ во Париз, каде што имаше неверојатен настап пред околу 80.000 луѓе.

Таа се појави на сцената за време на првиот настап од серијата „Ultimate Monolith Show“, што предизвика големо воодушевување кај публиката. Со Гета, таа ја изведе заедничката песна „Save Me Tonight“, која беше објавена претходно годинаВА и веќе стекна огромна популарност.

По заедничкиот настап, таа го изведе и својот познат хит „On The Floor“, додека публиката пееше заедно со неа и го следеше секое нејзино движење. Целиот спектакл беше заокружен со ласерски ефекти, сценска продукција и огномет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Во Скопје потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите .

Потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Во Скопје потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите во рамки на националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ денеска се одржува во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер