Спортувај од дома со град Скопје - досега 7 спортски инструктори понудија вежби за граѓаните

Секој ден во 19 часот на фејсбук страницата на Град Скопје премиерно се објавува видео со вежби, со претходна најава во текот на денот. 

Од 13 мај до денеска, седум добро познати инструктори во различни домени на спортот за граѓаните понудија онлајн видеа со вежби за одржување на телесната форма за време на вонредните услови што ги налага пандемијата од корона вирусот. Секој ден во 19 часот на фејсбук страницата на Град Скопје премиерно се објавува видео со вежби, со претходна најава во текот на денот. За оние што повеќе сакаат да вежбаат наутро, вечерното видео се репризира наредниот ден, во утринските часови. Досега, видеата со вежби за одржување на телесната форма имаа околу 30.000 прегледи.

На фејсбук страницата на Град Скопје досега се објавени 6 видеа со вежби, а за граѓаните своите стручни совети ги понудија спортските инструктори Даниел Трбогазов, фитнес тренер од фитнес студиото „Мој тренер“; Елена Бубало Михајловска - фитнер инструкторка и Атанас Михајловски – крос фит тренер за Ultimate Fit Alebras; Ивана Каратукова, инструкторка за пауер пилатес од Power House Pilates; Искра Србиновска – јога инструкторка од The Yoga Place; Дрита Исљами – олимписка атлетичарка и Кристијан Кајчевски – кондициски тренер од Elite Sport Academy. Овие спортски инструктори своите вежби ги изведуваа во уредено студио приспособено на домашните услови.

Денеска и утре ќе бидат објавени видеата со вежби и на инструкторките - Бисера Станкова Ковачевска, пилатес вежби и Кети Матеничарска Накова, класичен аеробик. Тие своите предлог-вежби ќе ги изведуваат на отворено.

Во текот на наредните денови, деветте спортски инструктори ќе понудат нови серии вежби.

Градот Скопје во соработка со тим еминентни и добро познати инструктори во различни домени на спортот за граѓаните подготвија онлајн видеа со различни типови вежбање, односно по неколку серии фитнес-кросфит, пилатес и пауер пилатес, аеробик, ултимејт фит, кондициски вежби, вежби за атлетика и јога. Во изминатиов период Градот Скопје адаптираше дел од Програмата за спорт за 2020 година со цел на граѓаните да им се понуди стручно одржување на формата и здравиот начин на живот додека се дома, односно додека се затворени теретаните, фитнес студијата и спортските сали.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер