Спид, кокаин, алкохол во крвта- објавени резултатите од обдукцијата на Матеј Периш - Канал 5

Спид, кокаин, алкохол во крвта- објавени резултатите од обдукцијата на Матеј Периш

Вишото јавно обвинителство во Белград утврдило дека нема основано сомнение дека смртта на Матеј Периш е последица на кривично дело, имајќи ги предвид сите околности од неговото исчезнување ноќта на 30/31 декември 2021 година.

Спид, кокаин, алкохол во крвта- објавени резултатите од обдукцијата на Матеј Периш

Од тогаш траеше потрагата, сѐ додека телото не беше пронајдено на 18 мај во Дунав, пренесува Нова.рс.

Околностите што му претходеа на исчезнувањето на Матеј Периш, изјавите на лицата кои биле во негово друштво пред неговото исчезнување, со проверки и обдукциски наоди не укажуваат дека неговата смрт е поврзана со каква било форма на насилство.

Имено, обдукцијата која по наредба на Вишото јавно обвинителство ја извршил Институтот за судска медицина во Белград, утврдил дека на телото на Матеј Периш нема повреди на коските на главата, вратот, трупот или екстремитетите.

Истовремено, резултатите од токсиколошките анализи покажале присуство на токсични концентрации на амфетамини во крвта и органите, со присуство на етил алкохол. Исто така, во примерок од косата биле идентификувани траги од кокаин и бензоилекгонин.

Комисиското вештачење го извршиле тројца вештаци, специјалисти по судска медицина.

Телото било пронајдено четири и пол месеци по исчезнувањето на Сплиќанецот. Матеј исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември. Истрчал од клуб, трчал низ белградските улици, се обидел да запре такси, а потоа, како што може да се види на снимката од надзорната камера на ресторанот Саванова, се спушта по скалите кон Сава. Но, не се гледа дека влегол во водата.

После тоа почнала голема потрага, а српската полиција со недели вршеше претраги во Сава и Дунав. Истрагата беше проследена со бројни шпекулации, но и теории на заговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер