Специјално издание на Невера оди на аукција на Сотби со почетна цена од 700.000 долари - Канал 5

Специјално издание на Невера оди на аукција на Сотби со почетна цена од 700.000 долари

Во декември, аукциската куќа Сотби ќе им понуди на заинтересираните автомобил Rimac Nevera Time Attack произведен во 2023 година.

Специјално издание на Невера оди на аукција на Сотби со почетна цена од 700.000 долари

Според информациите на порталот CarAndDriver, цената на новиот Nevera Time Attack е три милиони долари или 2,85 милиони евра. Автомобилот што ќе се продава на аукцијата е произведен во 2023 година, а има поминато само 2912 километри.

Почетната цена ќе биде само 700.000 долари, но тоа не е невообичаено, со оглед на тоа што другите понудени автомобили често имаат релативно ниска почетна цена, пишува Форбс.

Локацијата на автомобилот е наведена како Зионсвил, Индијана. Се чини дека автомобилот е на продажба веќе некое време. На интернет може да се најде оглас од дилерот на луксузни автомобили Graham Rahal Performance од август, кога го нуделе на заинтересираните купувачи.

Беше претставен како единствен Rimac Nevera Time Attack во САД. Со оглед на тоа што сè уште е на нивната листа на автомобили за продажба, може да се претпостави како решиле да го стават на аукција откако не успеале да го продадат по редовни канали.

Graham Rahal Performance го понуди на продажба на 1 август 2024 година, според извештајот на CARFAX. Во тоа време имал поминато 1303 километри. Во првата половина на ноември бил сервисиран во Naples Motorsports кога имал 2.901 километар.

Глобалната продажба на Rimac Neverа не одела со посакуваната брзина, па планот од 150 најавени примероци се уште не е исполнет, пишува Форбс. Во 2023 година и до средината на 2024 година, Bugatti-Rimac континуирано јавува за околу 50 продадени примероци. Изгледа можност за зголемување на продажбата видоа во креирањето на специјални модели, па покрај Time Attack, досега се направени и специјалните изданија Rimac Nevera 15th Anniversary Edition и Rimac Nevera R.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Најмалку пет лица загинаа денес кога товарен авион на Амазон излетал од пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во САД, удирајќи во неколку возила, соопштија официјални лица.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Неколку лица се однесени и во болници со непознати повреди, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Мајами-Дејд, пренесува „NBC“.

Според американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA), повеќе од 60 пожарникари од округот Мајами-Дејд реагирале на местото на несреќата.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувнал по падот на Боингот 767-300, а надлежната служба потврди дека имало „повеќе повредени“ во овој инцидент, пренесе американската телевизиска станица.

Како што е додадено во соопштението на „FAA“, авионот продолжил да се движи надвор од пистата околу 14 часот по локално време, откако долетал во Флорида од Сан Хуан, Порторико.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 09.09.2026 година (среда) на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Прскањето ќе се одвива на водни површини.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Алтернатива за Германија  извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт, далеку пред главните ривали. Пренесува Би-Би-Си.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Прелиминарните резултати покажуваат дека не успеала да освои апсолутно мнозинство, но AFD вели дека добила мандат за влада.

Крајнодесничарската AFD обезбеди 43,8% од гласовите, а конзервативната CDU 17,2%, според прелиминарните резултати на покраинската изборна комисија. Харизматичниот лидер , Улрих Зигмунд, рече дека тоа е „сензационално“ и дека сакаат да започнат со управување што е можно поскоро.ниту една крајно десничарска партија не ја освоила контролата врз германска покраина од втората светска војна, а управувањето на покраинско ниво би значело овластувања врз полицијата, локалното образование и културата. Саксонија-Анхалт има мало население од 2,1 милиони жители, а AFD во покраината е оценета од домашните разузнавачки служби како „десничарски екстремистичка“, класификација што ја отфрли 35-годишниот Зигмунд. ФД се залага за строги ограничувања за имиграцијата, обновување на врските со Русија, намалување на поддршката за Украина и напуштање на еврозоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер