Спасовски: Стаса и долгоочекуваниот глас на вистината по кој копнееше секој еден верник

„Стаса и долгоочекуваниот глас на вистината по кој копнееше секој еден верник на нашата црква, ова е голема радост за македонскиот народ“

На овој велик ден кога ја чествуваме и Педесетница, слегувањето на Светиот дух на апостолите на педесеттиот ден од Неговото воскреснување, стаса и долгоочекуваниот глас на вистината по кој копнееше секој еден верник на нашата древна црква, Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската Православна Црква, пишува на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е дел од владината делегација во Истанбул на Патријаршиска и синодална литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј".

Опишувајќи го како историски настан со којшто се исправа долгата неправда врз македонската Црква, Спасовски вели дека официјално востановено е канонско единство и враќање на МПЦ-ОА меѓу православните цркви.

– Дозволете да го искажам впечатокот од настан којшто се повторува после два и пол века, кога за последен пат сослужувале литургија Македонски Архиепископ и Вселенски Патријарх. Со голем пиетет присуствував на Патријаршиската и Синодална Света Литургија и В. Вечерна на Светиот Дух, заедничко сослужување на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и на прием во Престолната сала во Патријаршискиот храм „Св. Ѓорѓија Победоносец", во древниот Фанар, пишува министерот.

Тој се заблагодари до Неговата Сесветост Патријархот Вартоломеј, за честа и милоста со која го удостои македонскиот народ преку врачувањето на Синодалниот акт за востановувањето на литургиското општење со Великата Христова Црква и се заблагодари до братољубивата расположба на СПЦ за единството и евхаристичкото зближување преку заемната почит.

– Ова е голема радост за македонскиот народ, за сите православни верници кои со своите молитви, жртва и надеж, придонесоа за враќањето на христоносниот народ во Мајката Црква, за прогласувањето на МПЦ-ОА за канонска и валидна во сеправославниот свет. Исконската љубов на верниот македонски народ е нераскинлив дел од македонскиот идентитет – живот раѓа низ вековите што одминале, ќе живее за навек, порача министерот Спасовски.

Пател: Не сме виделе израелски план за напад на Рафа што би нè загрижил

САД не виделе никаков веродостоен израелски план за офанзива врз градот Рафа што би предизвикало загриженост, изјави синоќа заменик-портпаролот на Белата куќа, Ведант Пател.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека ќе продолжи со операцијата и покрај загриженоста на меѓународната заедница за повеќе од милион Палестинци кои се наоѓаат во најјужниот град Газа.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Херци Халеви ги одобри во понеделникот конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува „Унет њуз“. /MИА

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени

 Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV.

Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу.

„Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата.

Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови./MИА

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови. /МИА

притисни ентер