Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
БалканСПАК: Во голема акција против албанска нарко организација, во Албанија уапсени 14 лица и запленет милионски вреден имот и париИстрагите откриле повеќетонски пратки кокаин од Латинска Америка до главните пристаништа на ЕУ, вклучувајќи ги Хамбург и Антверпен, а незаконски стекнатите средства, главно, биле инвестирани во недвижнини во Албанија.Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) спроведе една од најголемите операции против дрога во последните години, насочена кон развивање на албанска криминална организација која дејствувала на глобално ниво, стои во соопштението на Обвинителството. „Според СПАК, организацијата била вклучена во трговија со повеќетонски количини кокаин од Латинска Америка до најголемите пристаништа на Европската Унија, како и во перење пари преку софистицирани финансиски мрежи. Истрагите биле спроведени во рамките на кривичната постапка од 2023 година и се засновале на анализа на шифрирани комуникации во апликацијата „Sky ECC“, објавија медиумите. Додаваат, дека истрагите откриле повеќетонски пратки кокаин од Латинска Америка до главните пристаништа на ЕУ, вклучувајќи ги Хамбург и Антверпен, а незаконски стекнатите средства, главно, биле инвестирани во недвижнини во Албанија. Според истрагите, криминалната група го контролирала целиот синџир на трговија со луѓе, од производство во Латинска Америка, преработка и складирање во Парагвај, меѓународен транспорт во контејнери, до дистрибуција и перење пари во Албанија и во странство. Операцијата била спроведена од албанската полиција, во тесна соработка со ЕВРОПОЛ и органите за спроведување на законот од Германија, Белгија, Франција, Холандија и Италија. Специјалниот суд попладнево изрекол 16 безбедносни мерки, при што на 14 лица им е изречена мерка „затворски притвор“, додека на две задолжително јавување во судот. Според Обвинителството, само пратката од Хамбург имала пазарна вредност помеѓу 1,5 и 3,5 милијарди евра, што претставува една од најголемите заплени во историјата на трговијата со кокаин во Европа. Покрај недвижен имот во Албанија, вреден милиони евра, конфискувани се и 111.800 евра во готовина, 4.000 американски долари и 880.000 леки.Тагови: Албанија дрога СПАК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТрамп купувал и продавал акции на „Енвидија“: Откриени трансакции вредни до 1,56 милиони долариАмериканскиот претседател Доналд Трамп купувал и продавал акции на технолошката компанија Енвидија, покажуваат официјалните финансиски документи објавени од американската канцеларија за владина етика.Според најновиот извештај, во текот на септември преку брокерските сметки на Трамп биле извршени неколку трансакции со акции на Енвидија. На 2 септември биле купени акции во вредност меѓу 100 и 250 илјади долари. Една недела подоцна следувало уште едно купување, во вредност меѓу илјада и 15 илјади долари, а потоа и уште продажба со идентична вредност. Информациите доаѓаат во момент кога Трамп се соочува со остри критики откако изјави дека лично го убедил управниот одбор на технолошкиот гигант „Енвидија“ повторно да го назначи Џенсен Хуанг за извршен директор, по неговата оставка поради љубовна врска со кинеска бизнисменка, за која американските власти се сомневаат дека била поврзана со кинеската разузнавачка служба..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повредаОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), сите од село Жидилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.На 21.11.2026 година, околу 09:00 часот, во село Дрење, кривопаланечко, пријавените физички ја нападнале Д.Д. (67) од истото село, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Имено, додека Д.Д. го напасувала својот крупен добиток, пријавените најпрвин започнале вербална расправија со неа, по што физички ја нападнале. Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗаврши потрагата по лавица во Истанбул: Властите сега тврдат дека такво животно никогаш немалоПотрагата по лавица во предградијата на Истанбул – која траеше 24 часа и предизвика паника меѓу локалните жители – синоќа доживеа неочекуван пресврт. Турските власти соопштија дека воопшто немало никаква лавица.Гувернерот на Истанбул мобилизираше тимови од експерти за заштита на животни, полиција и специјализирани воени единици, откако животното наводно било идентификувано како лавица. Беа објавени дури и две видеа на кои се гледа како животното се движи низ елитната истанбулска населба Ускумрукој. На жителите им беше препорачано да останат во своите домови, а властите го ограничија пристапот до шумата, која зафаќа површина од 54 квадратни километри северно од Истанбул. Сепак, доцна синоќа, властите го променија своето првично тврдење, наведувајќи дека анализата на новите снимки покажала оти животното „не е ниту лав, ниту каков било друг вид на голема мачка“, пренесува „Асошиејтед прес“. Граѓаните се збунети „Областа беше пребарана од воздух со помош на дрон опремен со термални камери, како и на терен од страна на нашите тимови. Беа поставени и мамки, како и камери со сензори за движење. Пребарувањето на теренот не донесе никакви конкретни докази за присуство на лав во тој дел“, се вели во соопштението. Овој ненадеен пресврт ги збуни многу граѓани, кои сега се прашуваат кое животно властите можеле да го помешаат со лавица. Некои претпоставуваат дека станува збор за големо куче, додека други на социјалните мрежи иронично објавуваат снимки од домашни мачки, прашувајќи дали можеби тоа е „лавицата“ што се барала. Дури и по соопштението од канцеларијата на гувернерот, некои медиуми објавија уште едно видео на кое се гледа животно како излегува од грмушките, прашувајќи ги читателите дали, всушност, би можело да станува збор за лав. Извор: Индекс.хрТагови: Истанбул лавица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter