Спачек може да достигне цена од 200.000 евра, се гледа и зошто (ВИДЕО) - Канал 5

Спачек може да достигне цена од 200.000 евра, се гледа и зошто (ВИДЕО)

Уникатна копија на Citroën 2CV, популарниот Спачек, чија каросерија е направена од дрво, би можела да се продаде за меѓу 150.000 и 200.000 евра на аукција во Франција на 4 јуни, објавија организаторите Aymeric и Philippe Rouillac.

Спачек може да достигне цена од 200.000 евра, се гледа и зошто (ВИДЕО)

„Тоа е единственото дрвено возило во светот кое е во совршена возна состојба. Тоа е надвор од секоја конкуренција. Во исто време, тоа е уникатно возило и уметничко дело“, тврди Ајмерик Руилак.

Тие ја процениле цената што може да ја постигне дрвениот Спачек врз основа на „светскиот рекорд за 2CV“, кој е продаден за 176.000 евра. Овој модел го има „сиот потенцијал да го собори тој рекорд“, вели Руилак.

YouTube video

Аукцијата ќе се одржи во Монбазон во централна Франција. Каросеријата на 2CV тип AZKA е од 1955 година и е целосно изработена од дрво од овошни дрвја, за кое се погрижил пензионираниот француски столар Мишел Робилар.

За изработка на браникот се користело ореово дрво, каросеријата од дрво од круша и јаболко, а вратите и капакот на багажникот од дрво од цреша.

„Возилото го помина тестот за техничка контрола, има сообраќајна дозвола од 1957 година, регистрирано е, па може да оди на пат“, објасни Ајмерик Руилак. Столарот Робилард, кој веќе изработувал дрвени модели за Ферари, почнал да го прави дрвениот Спачек во 2011 година.

„Посветив пет години од мојот живот, 5.000 часа работа, страст, дење, а понекогаш и ноќе. 2CV излезе од мојата работилница во септември 2017 година“, се сеќава тој.

„Ме стега срцето. Но, не е важно, веќе имам друг проект во мојата глава: DS21 Cabriolet купето Chapron планирам да го завршам за 27 месеци и на тој начин да прославам 70 години од DS“, рече Робилард за возилото популарно наречено Жаба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. 

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите.

Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението.

Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција.

„Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда.

„Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението.

Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.

Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини.

Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела.

Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација.

Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер