Шпанија е нов светски фудбалски шампион, бранителот на тронот Аргентина победена со 1-0 - Канал 5

Во живо

последно ажурирање пред 19 часа

Шпанија е нов светски фудбалски шампион, бранителот на тронот Аргентина победена со 1-0

По вторпат во историјата, шпанските фудбалери ја освоија титулата светски шампион. 

Шпанија е нов светски фудбалски шампион, бранителот на тронот  Аргентина победена со  1-0
пред 19 часа00:38

Претседателот на САД Доналд Трамп во друштво на првиот човек на ФИФА Џани Инфатнино на новите светски шампиони Шпанците им го врачи најдрагоцеиот пехар во фудбалот оној наменет за освојувачот на тронот.

Шпанецот Кубарси е најдобриот млад фудбалер на Мундијалот. Неговиот соигрна голот Унаи Симон очекувано е најдобриот голман на првенството. Најдобар фудбалер на 23 Мундијал е капитеот на Шпанија Родри .

пред 19 часа00:27

Шпанија со вечерашната победа влезе во друштвото на Франција и Уругвај селекции кои во историјата на Мундијалите имаат освоено по две светски титули.

Аргентина останува на три титули, за Аргентиците ова е четврто загубено финале на Шампионатите.

пред 19 часа00:18

Аргентинците го завршија натпреварот без ниту еден удар рамките од голот на Унаи Симон.

Гаучосите патија само два удара, од кои првиот беше дури во 116-тата минута од натпреварот, а вториот во последните секунди од надополнувањето на второт продолжение.

пред 19 часа00:11

Светската фудбалска федерација ФИФА на Шпанија веќе и ја честиташе новата титула.

пред 19 часа00:07

Шпанија по големото финале во Њу Џерси како и во 2010 година ги обедини евопската и светската круна.

По повеќе од два часа вистински спектакл и вистинска американска спортска манифестација на преполниот стадион Метлајф во Њу Џерси со настапи на светски фудбалски ѕвезди како Мадона, Шакира, Џастин Бибер ... светот го доби новиот фудбалски светски шампион .

пред 19 часа00:02

Светот има нов фудбалски владетел, Шпанија е освојувач на победничкиот пехар од 23 Светско првенство кое скоро 40 дена се играше во САд, Канада и Мексико. Во големото финале црвената форуја го победи бранителот на тронот Аргентина дури по продолженија со 1-0.

Шпанците по пауза од 16 години и Мундијалот во Јужна Африка во своето второ големо финале се искачи на фудбалскиот трон на Светот, и по втор пат во историјата стигна до светска круна.

Меси не успеа да го повтори успехот на Пеле и Бразил и да ја одведе својата Аргентина до одбрана на титулата светски шампион. Во премиерното мундиалско финале меѓу шампионите на Европа и Аргентина сосема заслужено Шпанија ја освои втората тутла бидејќи целиот турнир избраниците на Де ла Фуенти одиграа скоро без грешка и имаа импозантна статистика од 14 постигнати и само еден примен гол.

Голот вреден титула за Шпанија е дело на Феран Торес постигнат во 106 мунута по одличната повретна топка со глава на Нико Вилијамс .

пред 20 часа23:45

Во првата минута од второто продолжение скршен е бедемот на Аргентина. Феран Торес одлично реагираше на додавањето на Нико Вилијамс Шпанија води против Аргентина со 1-0 со гол во 106 минута.

пред 20 часа23:42

Мируваат мрежите и по првите 15 минути продолженија на финалето во Њу Џерси.

Најголемата шанса за гол во продолженијата ја имаше Шпанецот Мерино кој биеше со глава но неговиот удар заврши крај стативана од голот.

Инаку ова е петтото од последните 6 мундијалски финалиња во кое победникот се решава по продолженија или пенали.

пред 20 часа23:29

6 минута од првото продолженија гол на младиот Шпанец, Нико Вилијамс, Словенецот Винчиќ свири фаул над голманот на Аргентина Мартинез, голот е поништен нема реакција ниту од ВАР собата иако има материјал за тоа.

пред 19 часа23:24

Шпанската фудбалска репрезентација е новиот светски шампион.

YouTube video

Големото финале на 23 Светско фудбалско првенство меѓу Аргентина и Шпанија замина во продолженија по регуларните 90 минути без голови.

Одбранбениот бедем на актуелниот светски шампион Аргенитна ги издржа сите напади на најдобриот европски тим Шпанија.

Фудбалерите на црвената фуија во регуларите 90 минути ја имаа конролата и поседнот на играта но не успеаја да го совладаат вечерва одличниот Мартинез на голот на Аргентина.

Шпанските фудбалери упатија дури 15 шутеви кон голот на противникот но ниту еден не заврши во мрежата на Мартинез.

Бранителот на тронот ниту еднаш не го загрози голот на Симон.

Во продолженијата гаучосите по заслуженото исклучување на Енцо Ферандез играат со човек помалку.

Ова инаку првото мундијалско финале во кое играат актуените континетални шампиони на Европа и Јужна Америка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата

Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати.

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата

Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил, посочувајќи дека Владата продолжува со проактивен пристап во справувањето со последиците од кризата на Блискиот Исток.

„Внимателно ја следиме состојбата и реагираме навремено, со цел да ги заштитиме стопанството и животниот стандард на граѓаните“, наведе министерката во објавата.

Таа истакна дека со интервенцијата во акцизата ќе се придонесе за стабилизирање на цените на нафтените деривати, а индиректно и за одржување на стабилноста на останатите цени.

„Со ваков одговорен пристап ќе продолжиме и во наредниот период. Ќе ја следиме состојбата и ќе носиме навремени, конкретни и реални мерки за поддршка на економијата и граѓаните, со цел да го заштитиме животниот стандард и да ја зачуваме економијата, која од почетокот на нашиот мандат бележи тренд на забрзан раст“, наведува министерката во објавата.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кукурела веќе бара тату мајстор за да го исполни ветувањето по победата на СП

Шпанија стана светски шампион по втор пат во историјата, а по победата, репрезентативците почнаа да ги откриваат ветувањата што ги дадоа пред турнирот. 

Кукурела веќе бара тату мајстор за да го исполни ветувањето по победата на СП

Едно од најинтересните го даде Марк Кукурела, новиот дефанзивец на Реал Мадрид, кој објави дека ќе го истетовира лицето на тренерот. Тој зборуваше за ова веднаш по финалето, пишува AS.

Тетоважа со мени за лице

„Морам внимателно да размислам каде точно да ја ставам тетоважата на Луис де ла Фуенте. Дефинитивно ќе биде на видливо место. Ќе размислам за тоа за време на летот дома“, рече Кукурела. Можно е тој да се појави со нова тетоважа денес попладне на прославата на титулата на улиците на Мадрид, а на својот Инстаграм профил веќе побара препорака за добар тетоважер.

Ветување кое навивачите не го поддржуваат

Во исто време, едно од постарите ветувања на Кукурела се прошири на социјалните мрежи, но навивачите сега апелираат до него да не го исполни. „Ако го освојам Светското првенство, веќе следниот ден ќе му се јавам на Луис и ќе му кажам дека се повлекувам. Не сметајте повеќе на мене. Кога ќе ги освоите Европското и Светското првенство, не можете да барате повеќе“, рече тој во тоа време во интервју за „Мовистар“.

И покрај таа изјава, се чини дека Кукурела сепак ќе игра за шпанската репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Амазонија е уништено огромно подрачје поради рудник за злато

Бразилските безбедносни сили ја уништија нелегалната рударска населба Вила Куруру, која се наоѓа во срцето на територијата Сараре, една од најзагрозените домородни области во Бразил.

Во Амазонија е уништено огромно подрачје поради рудник за злато

Населбата беше дел од мрежа од рудници за злато што брзо се прошири во последните години на земјата на народот Намбиквара, објавува „Гардијан“.

Операцијата е дел од ветувањето на претседателот Луиз Инасио Лула да Силва да го искорени нелегалното рударство од домородните територии, практика што нагло ескалираше за време на мандатот на неговиот претходник Жаир Болсонаро.

Област со големина од речиси половина од Менхетен е уништена

Вила Куруру до неодамна беше место за собирање на нелегални рудари на злато. Во неа беа сместени рудници, импровизирани барови и бордел, а рударите користеа казми, експлозиви и тешка машинерија за да копаат во ридовите и саваната. Денес, населбата е напуштена откако безбедносните сили ја уништија во копнена и воздушна операција.

Сараре, област со големина на Сингапур по границата со Боливија, претрпе исклучително концентрирано уништување. Помеѓу јануари 2024 и август 2025 година, четири проценти од шумата беа изгубени, а од почетокот на златната треска пред пет години, вкупно 45 квадратни километри, што е површина од речиси половина од Менхетен, се уништени.

„Ова е тотална пустош“, рече Нилтон Тубино, комесар на Лула задолжен за иселувања, додека обиколуваше еден од најголемите рудници во Сараре.

Водата во областа е загадена со жива, која рударите ја користат за лужење злато, а домородните водачи тврдат дека реките се затруени, шумите уништени, а животните избегале поради бучавата од машините, музиката и експлозиите. „Роден сум и израснат тука, и кога го видов ова, не можев да поверувам“, рече Џексон Катитаурлу, водач на народот Намбиквара.

Цената на златото предизвика нов хаос

Некои од рударите во Сараре пристигнаа откако бразилските власти ги засилија операциите на попознатата територија на народот Јаномами. Дополнителен импулс даде порастот на цената на златото, која достигна рекордни нивоа во време на глобална нестабилност.

Тубино тврди дека постои директна врска помеѓу глобалните кризи, порастот на цената на златото и уништувањето на Амазонија. „Цената на златото, овој луд глобален контекст, Трамп... сето ова директно влијае на целиот Амазон“, рече тој.

Според него, во време на нестабилност, инвеститорите бараат безбедност во златото, што го зголемува притисокот врз нелегалното рударство во Бразил.

Сомневања за врски со организираниот криминал

Денешното нелегално рударство во Сараре се разликува од претходните бранови по обем и опрема. Рударите користат тешки хидраулични багери, тунели и експлозиви, кои овозможуваат уништување во индустриски размери.

Властите, исто така, истражуваат можни врски со организираниот криминал, вклучувајќи групи како што е Црвениот командос од Рио де Жанеиро. Тубино вели дека засега нема цврсти докази дека групата ги управува рудниците во Сараре, но тој го потврдува зголемувањето на насилството.

Во претходна операција во 2024 година, пет вооружени мажи беа убиени во размена на оган. Неколку дена претходно, четири лица беа убиени во судир за контрола на рудникот.

Домородните лидери тврдат дека рударите им се заканувале. Сауло Катитаурлу, шефот на Сараре, рече дека слушнал извештаи за рудари со автоматски пушки. Неговиот брат Џексон се сетил дека еден рудар се заканил: „Ако зборувате за уништување, ќе дојдам во вашето село и ќе ве убијам сите“.

Стравови од враќање на рударите

Лидерите на Намбиквар велат дека операцијата досега успеала да ги избрка рударите, но се плашат дека ќе се вратат штом војската замине. „Ако операцијата биде запрена, мислам дека ќе се вратат. Дефинитивно ќе се вратат“, рече Џексон Катитаурлу.

Дополнително на стравот е можноста за промена на владата во Бразил. Домородните лидери стравуваат дека враќањето на политиките на Болсонаро би значело нов бран на нелегално рударство на нивната земја. Операцијата, сепак, продолжува.

Додека патролирале низ областа, безбедносните сили пронашле алатки во тунел долг околу 100 метри, што сугерира дека некои од рударите сè уште работат, веројатно ноќе. Во близина беше откриен подземен бункер со генератор и 300 килограми експлозив. „Ова е макотрпна работа“, рече Тубино по откривањето. „Некој поминал оттука во последните неколку дена“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер