Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
Во живопоследно ажурирање пред 4 месециФудбалШпанија е нов светски фудбалски шампион, бранителот на тронот Аргентина победена со 1-0По вторпат во историјата, шпанските фудбалери ја освоија титулата светски шампион. пред 4 месеци00:38Претседателот на САД Доналд Трамп во друштво на првиот човек на ФИФА Џани Инфатнино на новите светски шампиони Шпанците им го врачи најдрагоцениот пехар во фудбалот оној наменет за освојувачот на тронот. Шпанецот Кубарси е најдобриот млад фудбалер на Мундијалот. Неговиот соигрч на голот Унаи Симон очекувано е најдобриот голман на првенството. Најдобар фудбалер на 23 Мундијал е капитенот на Шпанија, Родри.пред 4 месеци00:27Шпанија со вечерашната победа влезе во друштвото на Франција и Уругвај селекции кои во историјата на Мундијалите имаат освоено по две светски титули. Аргентина останува на три титули, за Аргентиците ова е четврто загубено финале на Шампионатите.пред 4 месеци00:18Аргентинците го завршија натпреварот без ниту еден удар рамките од голот на Унаи Симон. Гаучосите патија само два удара, од кои првиот беше дури во 116-тата минута од натпреварот, а вториот во последните секунди од надополнувањето на второт продолжение.пред 4 месеци00:11Светската фудбалска федерација ФИФА на Шпанија веќе и ја честиташе новата титула. пред 4 месеци00:07Шпанија по големото финале во Њу Џерси како и во 2010 година ги обедини евопската и светската круна. По повеќе од два часа вистински спектакл и вистинска американска спортска манифестација на преполниот стадион Метлајф во Њу Џерси со настапи на светски фудбалски ѕвезди како Мадона, Шакира, Џастин Бибер ... светот го доби новиот фудбалски светски шампион .пред 4 месеци00:02Светот има нов фудбалски владетел, Шпанија е освојувач на победничкиот пехар од 23 Светско првенство кое скоро 40 дена се играше во САд, Канада и Мексико. Во големото финале црвената форуја го победи бранителот на тронот Аргентина дури по продолженија со 1-0. Шпанците по пауза од 16 години и Мундијалот во Јужна Африка во своето второ големо финале се искачи на фудбалскиот трон на Светот, и по втор пат во историјата стигна до светска круна. Меси не успеа да го повтори успехот на Пеле и Бразил и да ја одведе својата Аргентина до одбрана на титулата светски шампион. Во премиерното мундиалско финале меѓу шампионите на Европа и Аргентина сосема заслужено Шпанија ја освои втората тутла бидејќи целиот турнир избраниците на Де ла Фуенти одиграа скоро без грешка и имаа импозантна статистика од 14 постигнати и само еден примен гол. Голот вреден титула за Шпанија е дело на Феран Торес постигнат во 106 мунута по одличната повретна топка со глава на Нико Вилијамс .пред 4 месеци23:45Во првата минута од второто продолжение скршен е бедемот на Аргентина. Феран Торес одлично реагираше на додавањето на Нико Вилијамс Шпанија води против Аргентина со 1-0 со гол во 106 минута.пред 4 месеци23:42Мируваат мрежите и по првите 15 минути продолженија на финалето во Њу Џерси. Најголемата шанса за гол во продолженијата ја имаше Шпанецот Мерино кој биеше со глава но неговиот удар заврши крај стативана од голот. Инаку ова е петтото од последните 6 мундијалски финалиња во кое победникот се решава по продолженија или пенали. пред 4 месеци23:296 минута од првото продолженија гол на младиот Шпанец, Нико Вилијамс, Словенецот Винчиќ свири фаул над голманот на Аргентина Мартинез, голот е поништен нема реакција ниту од ВАР собата иако има материјал за тоа. пред 4 месеци23:24Шпанската фудбалска репрезентација е новиот светски шампион. Големото финале на 23 Светско фудбалско првенство меѓу Аргентина и Шпанија замина во продолженија по регуларните 90 минути без голови. Одбранбениот бедем на актуелниот светски шампион Аргенитна ги издржа сите напади на најдобриот европски тим Шпанија. Фудбалерите на црвената фуија во регуларите 90 минути ја имаа конролата и поседнот на играта но не успеаја да го совладаат вечерва одличниот Мартинез на голот на Аргентина. Шпанските фудбалери упатија дури 15 шутеви кон голот на противникот но ниту еден не заврши во мрежата на Мартинез. Бранителот на тронот ниту еднаш не го загрози голот на Симон. Во продолженијата гаучосите по заслуженото исклучување на Енцо Ферандез играат со човек помалку. Ова инаку првото мундијалско финале во кое играат актуените континетални шампиони на Европа и Јужна Америка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24