Шпанија е нов светски првак, селекторот на Аргентина низ солзи го призна поразот - Канал 5

Шпанија е нов светски првак, селекторот на Аргентина низ солзи го призна поразот

Во 106тата минута од продолжението, Фернан Торес го постигна погодокот што ја однесе Шпанија на светскиот фудбалски трон. 

Шпанија е нов светски првак, селекторот на Аргентина низ солзи го призна поразот

„Црвената фурија“ ја совлада Аргентина со 1:0 и по 16 години повторно се закити со титулата светски шампион. Во натпревар исполнет со неизвесност, цврста игра и малку вистински шанси, победникот беше решен дури во дополнителното време. По последниот судиски свиреж следуваше голема радост за Шпанците, но тешко разочарување кај Аргентинците.

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте истакна дека освоената титула е резултат на напорната работа и заедништвото на неговиот тим, кој покажале зрелост и заслужено стигнале до најголемиот успех. Од другата страна, аргентинскиот селектор Лионел Скалони, видно емотивен спортски го призна поразот..

„Добри и великодушни луѓе со вистински вредности се способни да формираат автентичен тим. Игравме против најдобрите национални тимови во светот, но ние сме најдобриот тим во светот и го докажавме тоа.“

„За да продолжиме, потребно е да се направат многу работи. Најпрво, да го притиснеме „ресет копчето“ и да почнеме да правиме група како оваа од почеток, група што ќе биде тешко повторно да се создаде. Душата ме боли, ве молам извинете.“

По последниот свиреж, славјето се пресели и надвор од стадионот. Илјадници навивачи ги преплавија улиците на Мадрид, Барселона, Севиља, Валенсија и бројни други шпански градови. Со знамиња, песни, факели и огномети, тие до доцна во ноќта го славеа новото светско злато, претворајќи ги плоштадите во вистински фудбалски арени.

Но, финалето не помина само во знакот на фудбалот. Пред почетокот на натпреварот внимание привлече и кратката средба во свечената ложа на стадинот и поздравот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и шпанскиот премиер Педро Санчез, кои во изминатиот период имаа разчични ставови за повеќе прашања. На церемонијата на доделување на трофејот пак откако трамп Трамп се појави на теренот во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше пречекан со свирежи од дел од публиката. Трамп и Инфантино потоа заедно му го врачија пехарот на капитенот на Шпанија, Родриго, кој беше прогласен за најдобар играч на турнирот..

На Мундијалот, кој за првпат се играше со 48 репрезентации во САД, Канада и Мексико, беа одиграни рекордни 104 натпревари. За Шпанија ова е втора светска титула во историјата, а прва по триумфот во Јужна Африка во 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. 

Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави.

Пораката на бендот до публиката

Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението.

„Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“

Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември

Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој.

„Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“

YouTube video

Информации за билетите

Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработка

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.

Шасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработка

Средбата беше можност за непосреден разговор за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда.

Различните правни системи и институционални искуства нудат можност за размена на гледишта за улогата на правосудството и значењето на владеењето на правото во современите општества.

Соговорниците ја истакнаа вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи.

Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на соработката во областите од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на земјите, регионалната соработка и значењето на заедничката посветеност на европската перспектива на регионот.

Беше заклучено дека на регионот му се потребни партнерства, регионална повраност и економска соработка. Македонија е подготвена да биде активен партнер во создавањето таков регион, истакна на средбата вицепремиерот Николоски.

Соговорниците ја потврдија важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација, како основа за зајакнување на партнерството меѓу двете земји како и унапредување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер