СП го отфрли барањето на СПАК за одземање на пратеничкиот имунитет на Балуку, реагираше СПАК, Бериша најави протест - Канал 5

СП го отфрли барањето на СПАК за одземање на пратеничкиот имунитет на Балуку, реагираше СПАК, Бериша најави протест

Одлуката беше објавена денеска попладне, по состанокот на пратеничката група на СП

СП го отфрли барањето на СПАК за одземање на пратеничкиот имунитет на Балуку, реагираше СПАК, Бериша најави протест

Владејачката Социјалистичка партија на Албанија одлучи да го отфрли барањето на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешната вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, со цел нејзино апсење.

Одлуката беше објавена денеска попладне, по состанокот на пратеничката група на СП, каде што претседателот на парламентарната законодавна комисија, Улси Мања, рече дека по смената на Балуку од функцијата, сега постои нова реалност и СПАК може да ги продолжи истрагите дури и без мерката апсење.

Премиерот Еди Рама, кој е лидер на социјалистите, на состанокот рекол дека против Балуку нема обвинение за корупција, објавувајќи дека таа

ќе продолжи да ја раководи партијата за регионот Фиер, иако ја напуштила функцијата вицепремиер.

-Нема да гласаме за апсење на пратеници без силни аргументи. Тука обвинителот бара, а судијата трча. Во наше име, не. Со наш глас, не, порачал Рама.

Балуку, е осомничена во рамки на истрагата поврзана со тендерските постапки за тунелот Логара и дел од проектот за Големата обиколница во Тирана. Беше опфатена со реконструкцијата на владата, но останува пратеничка, бидејќи во Албанија иако биде избран за член на влада, останува и пратеник.

По објавата на одлуката на СП кусо реагираше СПАК изјаснувајќи се "против секоја иницијатива што го ограничува опсегот за истрага и на обичните граѓани и на високите функционери".

Реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија, Дали Бериша, според кого денешната одлука е јасен напад не само врз правдата, туку и врз албанските граѓани.

Додаде дека Рама ги затворил вратите за интеграција во ЕУ и најави протест пред парламентот на 12 овој месец, кога во законодавниот дом треба да се гласа по барањето на СПАК за Балуку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп купувал и продавал акции на „Енвидија“: Откриени трансакции вредни до 1,56 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп купувал и продавал акции на технолошката компанија Енвидија, покажуваат официјалните финансиски документи објавени од американската канцеларија за владина етика.

Трамп купувал и продавал акции на „Енвидија“: Откриени трансакции вредни до 1,56 милиони долари

Според најновиот извештај, во текот на септември преку брокерските сметки на Трамп биле извршени неколку трансакции со акции на Енвидија. На 2 септември биле купени акции во вредност меѓу 100 и 250 илјади долари.

Една недела подоцна следувало уште едно купување, во вредност меѓу илјада и 15 илјади долари, а потоа и уште продажба со идентична вредност.

Информациите доаѓаат во момент кога Трамп се соочува со остри критики откако изјави дека лично го убедил управниот одбор на технолошкиот гигант „Енвидија“ повторно да го назначи Џенсен Хуанг за извршен директор, по неговата оставка поради љубовна врска со кинеска бизнисменка, за која американските власти се сомневаат дека била поврзана со кинеската разузнавачка служба..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), сите од село Жидилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

Кривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

На 21.11.2026 година, околу 09:00 часот, во село Дрење, кривопаланечко, пријавените физички ја нападнале Д.Д. (67) од истото село, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Имено, додека Д.Д. го напасувала својот крупен добиток, пријавените најпрвин започнале вербална расправија со неа, по што физички ја нападнале. Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши потрагата по лавица во Истанбул: Властите сега тврдат дека такво животно никогаш немало

Потрагата по лавица во предградијата на Истанбул – која траеше 24 часа и предизвика паника меѓу локалните жители – синоќа доживеа неочекуван пресврт. Турските власти соопштија дека воопшто немало никаква лавица.

Заврши потрагата по лавица во Истанбул: Властите сега тврдат дека такво животно никогаш немало

Гувернерот на Истанбул мобилизираше тимови од експерти за заштита на животни, полиција и специјализирани воени единици, откако животното наводно било идентификувано како лавица. Беа објавени дури и две видеа на кои се гледа како животното се движи низ елитната истанбулска населба Ускумрукој.

На жителите им беше препорачано да останат во своите домови, а властите го ограничија пристапот до шумата, која зафаќа површина од 54 квадратни километри северно од Истанбул. Сепак, доцна синоќа, властите го променија своето првично тврдење, наведувајќи дека анализата на новите снимки покажала оти животното „не е ниту лав, ниту каков било друг вид на голема мачка“, пренесува „Асошиејтед прес“.

Граѓаните се збунети

„Областа беше пребарана од воздух со помош на дрон опремен со термални камери, како и на терен од страна на нашите тимови. Беа поставени и мамки, како и камери со сензори за движење. Пребарувањето на теренот не донесе никакви конкретни докази за присуство на лав во тој дел“, се вели во соопштението.

Овој ненадеен пресврт ги збуни многу граѓани, кои сега се прашуваат кое животно властите можеле да го помешаат со лавица. Некои претпоставуваат дека станува збор за големо куче, додека други на социјалните мрежи иронично објавуваат снимки од домашни мачки, прашувајќи дали можеби тоа е „лавицата“ што се барала.

Дури и по соопштението од канцеларијата на гувернерот, некои медиуми објавија уште едно видео на кое се гледа животно како излегува од грмушките, прашувајќи ги читателите дали, всушност, би можело да станува збор за лав.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер