Советот гласаше за ребаланс на буџетот на Општина Карпош

Во рамки на тринаесеттата седница на Советот на Општина Карпош која се одржа денеска во просториите на  Универзитетот за туризам и менаџмент- Скопје, советниците расправаа по 54 точки кои се најдоа на дневниот ред. 

Притоа, советниците го поддржаа предлогот за измена и дополнување на Буџетот на локалната самоуправа за 2022 година. Имено, потребата од донесување на оваа одлука произлезе од релативно добрата реализација на приходите и расходите, во чија согласност се зголеми лимитот на вкупниот општински Буџет во износ од 115.133.000 денари.

Според тоа, промени на износите на одредени ставки има во сите колони во консолидираниот Буџет на Општината. Поточно, кај ставката социјални надоместоци извршено е зголемување на износот од 5.400.000 денари на 7.900.000 денари. Станува збор за зголемување на оваа ставка, поради зголемен број на барања од страна на граѓаните, за социјална помош. Во програмата за уредување на градежно земјиште, извршено е зголемување од 9.300.000 на 11.300.000 денари, поточно за ставката за реконструкција на станбени објекти. Поврзано со капиталните трошоци од оваа ставка, извршено е зголемување од износ 20.700.000 денари на 32.300.000 денари, заради потребата за изградба на инфраструктурни објекти за фекална и атмосферска канализација.

Како дел од подпрограмата за одржување на урбаната опрема, вкупниот износ е зголемен од 16.000.000 на 22.000.000 денари, во насока на зголемената потреба за тековно, редовно и уредно одржување на урбаната опрема на територија на локалната самоуправа. За одржување на јавното осветлување, како и за исплата на зголемените сметки за електрична енергија за улично осветлување, износот од 48.000.000 денари се зголемува на 67.000.000 денари. За одржување и заштита на локалните патишта на територија на општина Карпош, досега предвидената финансиска рамка од 14.000.000 денари се зголемува на 20.500.000 денари.

Во подпрограмата за одржување и користење на паркови и зелени површини, износот од 9.000.000 денари се зголемува на 10.000.000 денари, со што ќе се употребат дополнителни средства за одржување на системите за наводнување и на други хортикултурни содржини.

За изградба и реконструкција на локални патишта и улици, износот од 46.819.000 денари се зголемува на 62.819.000 денари, од причина што се потребни повеќе средства за исплата на судски решенија, како и за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Карпош.

Од областа на културните манифестации и творештвото за реализација на предвидената програма, износот од 1.600.000 денари се зголемува на 1.800.000 денари. Поради реалната потреба за реконструкција во основните училишта како дел од капиталните расходи од подпрограмата за образование, износот од 5.290.000 денари се зголемува на 6.890.000 денари.

Советниците од Карпош дадоа „зелено светло“ и за прифаќање на донацијата од АУТОМОТИВ ГРУП ДООЕЛ Скопје, во вид на поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, како и изработка на основен сообраќаен проект за измена и дополнување на режим на сообраќај на дел од ул. Прашка и утврдување на режим на сообраќај на дел од ул. Дамаска. Вредноста на донацијата изнесува 199.526 денари, а проектот го изработи ИНГ Глобал Инженеринг АВ ДООЕЛ Битола.

Со истата динамика, советниците дадоа согласност за прифаќање на донацијата од Друштвото за производство, трговија и услуги ВАНИЛА ФУД ДООЕЛ Скопје во вредност од 29.570 денари. Имено, овие средства ќе бидат искористени за изведба на пристапна рампа за децата – ученици со инвалидитет од ООУ Христијан Тодоровски Карпош.

Откако деталното беа образложени материјалите, советниците ги усвоија и годишните извештаи за работата на општинските детски градинки и основни училишта за 2021/2022 година, како и годишните програми за работата на претшколските установи за 2022/2023 година. По претходно разгледување на комисијата за јавни дејности, советниците го поддржаа предлог – мислењето за програмите за изведување на ученички екскурзии и други активности за 2022/2023 година, за десетте основни училишта на територија на општина Карпош.

Советот го усвои и Извештајот од Комисијата за објавување на јавен повик и спроведување на постапка за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови, како и поставување на нови лифтови во станбени згради за колективно домување на територија на локалната самоуправа. Со одлука на советниците, Општина Карпош еднократно ќе исплати финансиска помош во висина од 500.000 денари за санација на дел од оштетен покрив на зграда на ул. Јуриј Гагарин бр. 43.

Широка поддршка од советниците добија и предлог – програмите за измена и дополнување на Програмите за активностите на Општина Карпош од областа на екологијата и енергетската ефикасност за 2022 година, од областа на развојот на општината за 2022 година, за уредување на градежното земјиште за 2022 година, за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2022 година, како и на Програмата од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2022 година.

Со мнозинство гласови, советниците дадоа согласност за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Општина Карпош и Коалицијата на младински организации „СЕГА“. Основата за соработка на овој меморандум произлегува од потребата за воспоставување на стратешка соработка со „СЕГА“, заради подобра имплементација на Националната стратегија за млади на РСМ 2016-2025 година. Меморандумот има за цел да овозможи рамка за успешно спроведување на дел од мерките од тематските области какви што се младинското учество и информирањето, локалната младинска работа, образованието, вработувањето и поддршката пред вработување, како и квалитетот на живеење, кои пак се дел од Националната стратегија за млади.

Блинкен на средба со Си Џинпинг во Пекинг: Кина и САД би требало да бидат партнери, а не ривали

Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна со Ентони Блинкен, државен секретар на САД и му порача дека Кина и Америка треба да бидат партнери, а не ривали.

Како што јави Би-Би-Си, ова е втора посета на Блинкен на Кина за помалку од една година, а претходно денеска, се сретнал со Ванг Жи, министер за надворешни работи на Народна Република Кина.

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни како „три основни принципи“ за односите меѓу САД и Кина.

- Две земји треба да постигнуваат достигнувања една за друга, а не да си нанесуваат штета. Кина и САД треба да бараат заедништво додека ги надминуваат нивните разлики - рече тој, пренесува новинската агенција Ксинхуа.

Си Џинпинг го отвори состанокот велејќи дека Кина и САД не треба да се впуштаат во злобна конкуренција.

-Треба да останат верни на своите зборови, наместо едно да кажуваат, а друго да прават. Можно е Кина и САД да се развиваат заедно и да напредуваат одделно - додаде Си Џинпинг, повторувајќи ги неговите претходни забелешки:

- Кина е среќна што гледа самоуверени, отворени и просперитетни САД. Се надеваме дека и американската страна позитивно ќе гледа на развојот на Кина. Има многу прашања кои треба да се решат.

Си Џинпинг потсети дека посетата на Блинкен била договорена за време на неговиот неодамнешен телефонски разговор со Џо Бајден, претседателот на Соединетите Американски Држави, и дека се надева дека ќе биде исплатлива.

Си Џинпинг и Ентони Блинкен последен пат се сретнаа во ноември минатата година во Сан Франциско за време на состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка. Тоа беше нивна втора средба откако Бајден беше на чело на Белата куќа.

Мицкоски: Власта на ДУИ и СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминува во опозиција

Имаме во првиот круг историска разлика од 183 илјади гласа предност во однос на кандидатот Стево Пендаровски. 

Идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова има повеќе од двапати повеќе гласови од тоа што освоил Стево Пендаровски и тоа е нешто кое што е многу важно. Да бидам уште попрецизен, како коалиција „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ имаме освоено во првиот круг претседателски избори за 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати. Ние имаме 360, а тие имаат 300 илјади гласа, што значи дека владата е делегитимирана. Владата која што е составена од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминуваат во опозиција, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Градско.

Мицкоски исто така истакна дека оваа огромна победа истовремено е и огромна одговорност и затоа новата влада на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после 8 мај ќе треба да ги засука ракавите и да испорача тоа што го ветува пред македонскиот народ.

„Оваа голема победа е и одговорност. Народот очекува брзи резултати и немаме време за изговори. Веднаш после 8 мај ќе треба да ги засукаме ракавите за најпрвин да ја формираме владата и веднаш да почнеме да испорачуваме тоа што сме го ветиле пред народот, пред граѓаните. Но, она што е важно и што сакам да го споменам е фактот дека полека но сигурно Македонија и народот македонски, граѓаните во Македонија се чувствуваат слободни и полека надежта се враќа. Тоа е амбиентот, таа е емоцијата која што ја чувствувам овие два дена каде и да одам низ Македонија“, потенцираше Мицкоски.

Тој потенцираше дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е изготвена заедно со граѓаните и резултатите од реализацијата на истата ќе се почувствуваат веднаш после 8 мај.

Она што сакам да го кажам е дека многу внимателно ја креиравме програмата наречена „Платформа 1198“ која што заедно со народот изминативе месеци ја креиравме таа програма многу внимателно без чуда, секаде тоа го зборувам, чуда се невозможни, а ние не сме чудотворци. Многу внимателно сакавме тоа што е дел од таа програма веднаш да го почувствувате, веднаш да почувствувате брзи резултати, без изговори и без да зборуваме претходниците беа лоши. Сите вие знаете дека не беа лоши, беа катастрофални и најлоши досега, немало полоши“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Сакаме веднаш, од првиот ден да почнеме жестоко да работиме и затоа тоа што е таму ветено, верувајте дека ќе биде реализирано до последната буква, до последната точка“, се наведува во партиското соопштение.

Бобан Илиевски ќе се бори за светска титула против Турчинот Дузенли во СЦ „Јане Сандански“

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе се бори за светската титула против актуелниот „ВАКО“ шампион, Берк Дузенли од Турција.

Гала настанот „ВАКО ПРО АФН 9“ почнува во 19 часот, а организатор е Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, а ова е прв од ваков вид професионален кикбокс меч кај нас, со тоа што главната борба на вечерта ќе биде за титулата професионален светски првак на WAKO PRO организација во дисциплината К1 RULES, во која актуелниот светски и европски ВАКО аматерски шампион и добитник на признанието спортист на годината во Македонија, објави Спортманија.

Илиоски ќе се соочи со актуелениот светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES во категоријата до 88.6 кг, со Дузенли.

Исто така, на еден од мечевите вечерва ќе настапи и нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален WAKO PRO меч.

притисни ентер