„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
1„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
СветСостанокот на Советот за асоцијација ЕУ-Украина ќе се одржи на 9 априлДесеттиот состанок на Советот за асоцијација ЕУ-Украина ќе се одржи во Брисел на 9 април 2025 година, а ќе се разговара за политички прашања и билатерални односи.ЕУ и Украина ќе разменат мислења за ситуацијата по руската агресија, фокусирајќи се на воената, економската и хуманитарната ситуација на теренот и одговорот на руската агресија, вклучително и пошироките глобални и економски прашања, соопштија од ЕУ. Учесниците ќе разговараат за спроведувањето на Договорот за асоцијација, прашањето за обновата и реформите во Украина и финансиската помош од ЕУ.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје безбедна за употребаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.09.2026 до 18.09.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водата во Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПорака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом КипурПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.Почитуван г. Пепо Леви, Дозволете ми, Вам, лично, како и на сите припадници на Еврејската заедница во Македонија на чие чело сте, со длабока почит кон Јом Кипур, да ви упатам искрени желби за духовен мир, здравје и благосостојба! Јом Кипур, најсветиот и највозвишениот празник во еврејската духовна традиција, е празник на тишината и молитвата, на постот и преиспитувањето, на покајанието и простувањето. На овој ден, човекот се повлекува од секојдневната врева и, со искрено и смирено срце, се соочува со сопствената совест, со своите постапки и со одговорноста што ја има кон ближниот, кон семејството и кон заедницата. Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка, да се преиспитаме, да побараме прошка и да најдеме сила да простиме. Денешниот ден нè потсетува дека помирувањето не е само религиозна, туку и суштинска човечка и цивилизациска вредност. Во свет во којшто сме сведоци на поделби, нетрпеливост и отуѓување, вредностите на Јом Кипур се повик за човечност, достоинство и заемно почитување. Заеднички да го градиме македонското општество како место во кое секој човек слободно и достоинствено ќе ја живее својата вера, традиција и културен идентитет, а различностите ќе бидат мостови на разбирање, а не линии на поделба. д-р Гордана Сиљановска-ДавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата неделаЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook