Во четврток се очекува колапс на јавниот сообраќај во Германија- најавени се предупредувачки штрајкови - Канал 5

Во четврток се очекува колапс на јавниот сообраќај во Германија- најавени се предупредувачки штрајкови

Германскиот синдикат Верди ги повика вработените во јавниот превоз во најмалку шест германски покраини да стапат во предупредувачки штрајкови.

Во четврток се очекува колапс на јавниот сообраќај во Германија- најавени се предупредувачки штрајкови

Германскиот синдикат Верди ги повика вработените во јавниот превоз во најмалку шест германски покраини да стапат во предупредувачки штрајкови, со цел да извршат дополнителен притисок врз работодавачите во тековните преговори за условите за работа.

Заменик-претседателката на Верди, Кристина Бел, изјави дека „не е можно да се толерираат одложувања на преговарачката маса“, бидејќи преговорите меѓу синдикатот и работодавачите веќе влегоа во четвртиот месец, но сè уште нема напредок.

Според соопштението на синдикатот, автобусите и трамваите нема да сообраќаат во Баварија, Сарланд, Бранденбург, Северна Рајна-Вестфалија и Хамбург во текот на целиот четврток, додека одлуката за штрајк во Хесен и Бремен ќе биде донесена подоцна.

Во Северна Рајна-Вестфалија, за утре се најавени дополнителни штрајкови, со паралелни прекини на работата во администрациите и центрите за клиенти, додека протест во Саксонија веќе се одржува денеска.

Ова е трет координиран голем предупредувачки штрајк за време на тековната рунда преговори за подобри услови за работа за вработените.

Преговорите главно се водат за подобрување на условите за работа во рамките на таканаречените општи колективни договори, кои го регулираат работното време, должината на паузите и слободното време помеѓу смените.

Во некои региони во Германија, вклучувајќи ги Баварија, Бранденбург, Сарланд, Тирингија и Хамбург, во тек се дополнителни преговори за зголемување на платите и бенефиции за вработените во јавниот превоз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Издадена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. 

АХВ: Издадена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем

По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување на вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен систем, добиени поплаки од граѓани до ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар во однос на безбедноста и квалитетот на водата за пиење, инспекциски служби на АХВ, со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим техника - МВР Гостивар, вчера вечер спроведоа вонреден инспекциски надзор.

Со надзорот утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Од страна на стручни лица на Институтот за јавно здравје кои биле присутни на надзорот, земени се мостри од водата за лабораториско тестирање со цел утврдување на нејзината безбедност.

За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ издаде времена забрана за употреба на водата за пиење се до добивање на резултатите од лабораторското тестирање со кое ќе се потврди нејзината безбедност, стои во соопштението на Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Јавните чешмички во Општина Центар се во функција, се санира чешмата на „Орце Николов“

Општина Центар континуирано работи на одржување на јавните површини, зеленилото и инфраструктурата за вода, со посебен фокус на летниот период. 

Герасимовски: Јавните чешмички во Општина Центар се во функција, се санира чешмата на „Орце Николов“

Од вкупно 11 јавни чешмички кои се под надлежност на општината, девет се целосно функционални, додека на преостанатите две се санираат дефекти.

Во рамки на овие активности, се поставува нова чешмичка на улицата „Орце Николов“, која претходно не беше во функција поради дефект и беше исклучена поради поплавување на околниот простор.

„Нашата цел е водата за пиење да биде достапна за граѓаните во овој жежок период, зеленилото редовно да се полева и да се одржува, и да се обезбеди уредна хигиена. Старите чешмички делумно ги заменивме со нови, иноксни, а имавме и неколку состаноци со ЈП Водовод и канализација. Поставени се и водомери на истите како што беше побарано од од општината, со цел да обезбедиме нивно непречено функционирање“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во изминатиот период општината замени седум стари чешмички со нови иноксни, со модерен дизајн.

Истовремено, редовно се одржуваат и системите за автоматско наводнување, а дефекти кои се појавуваат на дневна основа редовно се санираат од страна на надлежните служби.

За одржување и санирање на оваа инфраструктура, од предвидениот буџет во висина од три милиони денари, досега се исплатени 998.752 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП: Над 35.000 незавршени регистрации во е-даночни услуги, граѓаните да ја комплетираат регистрацијата

Над 35.000 граѓани не ја завршиле постапката за регистрација во системот е-даночни услуги, поради што УЈП ги повикува граѓаните да ја комплетираат регистрацијата.

УЈП: Над 35.000 незавршени регистрации во е-даночни услуги, граѓаните да ја комплетираат регистрацијата

Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на УЈП преку електронската пошта [email protected] се проследени персонализирани пораки со насока за понатамошно постапување.

Доколку сте дел од овие граѓани ве повикуваме да се обратите до надлежната канцеларија на управата за јавни приходи со важечки документ за идентификација, со цел овластено службено лице да ви ја одобри регистрацијата, велат од УЈП..

Од даночната управа потенцираат дека е важно граѓанинот да има валиден и активен кориснички профил во системот е-даночни услуги, бидејќи преку него се овозможува користење на услуги преку порталот за електронски услуги, увид во податоците од годишната даночна пријава за данок на личен доход – ДЛД-ГДП, како и издавање на уверение за остварен доход, но и користење на податоци што ујп ги доставува до други институции, при остварување различни права на граѓаните.

За да се скенираат фискални сметки преку апликацијата мојддв потребно е граѓанинот да има кориснички профил во системот е-даночни услуги, за да може да се реализира законското право за повратот на ддв-то, наведува УЈП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер