Топката за мир во Украина сега е на теренот на Русија, порача Руте - Канал 5

Топката за мир во Украина сега е на теренот на Русија, порача Руте

Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го проби ќор-сокакот и започна разговори, чекор по чекор, за постигнување мир во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција .

Топката за мир во Украина сега е на теренот на Русија, порача Руте

Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го проби ќор-сокакот и започна разговори, чекор по чекор, за постигнување мир во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата во врска за напорите на САД за ставање крај на украинскиот конфликт.

- Очигледно е дека сега топката е на теренот на Русија и ќе видиме што ќе се случи. Не би сакал да се мешам во тие разговори со мои коментари од Брисел. Ќе видиме како тие ќе се одвиваат, рече Руте, додавајќи дека е импресиониран од тоа како Американците засега го водат процесот и е задоволен од тоа што тие редовно ги информираат европските партнери за текот на разговорите.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Рутеј истакна дека САД се обидуваат да биде постигнат праведен и траен мир во Украина, со цел да се обезбедат гаранции дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе нема да се обиде да освои ниту еден километар квадратен од украинската територија во иднина.

- За жал се уште нема мировен договор, дури нема ни прекин на огнот и Американците работат деноноќно да се случи тоа, додаде Руте.

Според него, дури и да заврши војната во Украина, не треба да се биде наивен околу заканата што ја претставува Русија, а фактот што Кина, Северна Кореја и Иран се инволвирани во конфликтот поддржувајќи ја Москва, го прави не само европско, туку и глобално прашање.

Руте нагласи и дека на ланскиот Самит на НАТО во Вашингтон сојузниците порачаа дека патот на Украина кон НАТО е неповратен процес, но дека на Киев никогаш не му е ветено дека членството во Алијансата ќе биде дел од некаков мировен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер