Сопругата на Новак Ѓоковиќ во живо: Се разведуваме шест пати дневно (ВИДЕО) - Канал 5

Сопругата на Новак Ѓоковиќ во живо: Се разведуваме шест пати дневно (ВИДЕО)

Јелена Ѓоковиќ организирала јавување во живо на својот Инстаграм профил за да разговара со своите придружници за родителството и за сè што е актуелно.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ во живо: Се разведуваме шест пати дневно (ВИДЕО)

Една од актуелните теми била спиењето, а Јелена ги сподели своите искуства.

"Никогаш не ги ставам децата да ми спијат на раце, затоа што имав бабица која ми рече да не го правам тоа. Има родители кои го прават тоа и тоа е во ред. Јас правев нешто што е природно според моето разбирање, го оставав да спие самостојно , не дека ја гушам, но тоа не значи дека вашето дете никогаш нема да го бара да ја нишкате на раце, затоа што, да речеме, Тара бара сега на две и пол години и не се откажува, па затоа е слатко, но што можам да кажам, држете се мајки ако имате ист случај затоа што тоа е во корист на сите “, рече Јелена.

Таа исто така додаде дека не спиела и се пошегувала за споменување на сопругот Новак.

„Јас воопшто не се справувам со неспиењето, гризам, мојот сопруг се разведува шест пати на ден од мене“, додаде Јелена низ смеа.

Подоцна, Новак се појави во разговорот во свој карактеристичен стил.

„Полесно е да се победи гренд слем отколку да се влезе во твојот лајв “, напиша Ѓоковиќ, додавајќи дека ќе ги изел сите палачинки ако не му се придружи наскоро.

YouTube video

Дејвид Бекам исто така го следеше преносот во живо и испрати насмеан емотикон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. 

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози.

Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност.

Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни.

„Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер