Сопругата на Алек Болдвин: Страв ми е дека ќе добие ПТСН... - Канал 5

Сопругата на Алек Болдвин: Страв ми е дека ќе добие ПТСН...

Сопругата на Алек Болдвин, Хиларија, откри што направила прво откако слушнала за несреќата на сетот во кој Алек случајно ја застрелал снимателката Халина Хачинс.

Сопругата на Алек Болдвин: Страв ми е дека ќе добие ПТСН...

Хиларија вели дека ги земала нивните шест деца и влегла во автомобилот.

„Не знаев каде одам, само возев“, изјави таа за New York Post за време на ексклузивно интервју во Вермонт.

Хиларија рече дека цел ден возела барајќи местото е надвор од очите на јавноста, пред да се насели во градот Манчестер во Вермонт. Таа се надевала дека ќе успее да ги заштити сопругот и децата од медиумите. Во интервјуто таа открива и дека се грижи за психичката состојба на Алек.

„Го донесов Алек овде да ја оплакува смртта на Халина. Му се случи навистина трауматично нешто и се обидувам да го спречам да развие ПТСН. Погледнете што се случува со војниците и полицајците кога ќе се случи нешто вакво, тоа е трауматично. Само дојдовме овде поради тишината“, рече таа.

Запрашана дали Алекс повторно ќе глуми, Хиларија се надева, но не можела да каже ништо со сигурност.

„Му треба простор и јас да се грижам за него и за неговото ментално здравје“, рече таа. „Тоа е страшна работа што се случи. Алек се чувствува ужасно “, заклучила таа.

На својот Инстаграм профил Хиларија објави и фотографија на која сопругот го држи за рака.

„Те сакам и тука сум“, напишала таа во описот.

За потсетување, Алек вчера по несреќата првпат се обрати до медиумите.

„Таа ми беше пријателка, таа ми беше пријателка... Денот кога пристигнав на сетот, ја однесов на вечера со режисерот, бевме тим кој работеше одлично.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Додека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин.

Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос.

Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф.

Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување.

ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување.

Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка.

Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта.

За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици.

Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга.

Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места.

Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи.

Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните.

Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството.

Клековски треба да поднесе оставка.

Скопје, 20.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност, соопштија норвешката влада и ко-домаќинот Финска.

Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност

Ројтерс вчера објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе отпатува во Норвешка оваа недела на рунда преговори за прекин на војната во Украина и дека се очекува да присуствуваат Зеленски и европски претставници.

„ Зеленски побара од Норвешка и Финска да закажат состанок како дел од тековните дипломатски напори, во ова критично време за Украина“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере.

Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека ќе присуствува на состаноци со Зеленски и Стоере за да разговараат за „нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и целокупната безбедносна ситуација во Европа“.

Во изјавите од Норвешка и Финска не се споменуваат никакви американски или европски делегации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи

Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи.

Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи

Во Париз, ограничувањата важат во делови од центарот.

Полициски час е воведен и во Марсеј, Бордо, Ница, Лион и Лил.За време на протестите уапсени се повеќе од 2.500 лица, а околу 1.000 полицајци се повредени.

Министерот за внатрешни работи на Франција призна дека полицијата изгубила контрола во некои градови.Протестите започнаа со барања за подобри услови во училиштата, а потоа се проширија.

Демонстрантите протестирале и против високите трошоци за живот и влошувањето на јавните услуги.

Премиерот Себастијан Лекорну им дозволи на градоначалниците да воведат полициски час каде што е потребно.владата најави финансиска помош за обновување на областите погодени од насилството.

Повеќе од 2.000 продавници и други бизниси претрпеле штети за време на немирите.

Според француската стопанска комора, штетите се проценуваат на стотици милиони евра.француските власти анализираат снимки од безбедносните камери за да ги идентификуваат одговорните за насилството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер