Царинска управа: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица
2Царинска управа: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
МакедонијаДенеска продолжува судењето за случајот„Државна лотарија“ каде второобвинет е Артан Груби Денеска продолжува судењето за случајот Државна лотарија каде второобвинет за злоупотреба на службената положба е поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој деновиве излезе од куќен притвор.Кривичниот суд ја укина мерката по истекот на законскиот рок. Неговото враќање во скопски Чаир беше проследено со факели и огномет. Според обвинението, случајот се однесува на набавки во 2023 и 2024 година. Груби во февруари годинава беше приведен на граничниот премин блаце.претходно повеќе од 14 месеци беше недостапен за органите на прогонот. Иако куќниот притвор е укинат, остануваат мерките за претпазливост.тој не смее да го напушта скопје и мора повремено да се јавува во судот.Тагови: Артан Груби кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје ги стави во употреба новите специјални комунални возила ЈП Комунална хигиена-Скопје започна да ги употребува новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини ЈП Комунална хигиена-Скопје започна да ги употребува новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини, што Претпријатието ги стекна преку донација од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје. Станува збор за камиони со зафатнина од 21, 17, 8 и 3 кубни метри, автоцистерни наменети за машинско миење на улиците, како и специјализирани метларки наменети за машинско метење. Преку ставањето во употреба на новите специјални комунални возила се очекува значително да се зголеми ефективноста и ефикасноста на извршувањето на оперативните активности на Претпријатието на терен. Претпријатието продолжува и со поставувањето на новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, а досега е извршена замена на приближно 500 контејнери. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, вршат и рачно миење на сите локации каде што се поставуваат новите садови за одлагање на отпадот. Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 960 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 210 кубни метри отпад од диви депонии. Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3150 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 23 записника за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаЦаринска управа: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку БогородицаЧетири милиони денари вреден златен накит, што тетовчанец, сопственик на златара, се обидел да го кримчари во перница за врат, е запленет од царински службеници на граничниот премин Богородица. Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Кривичното дело е откриено при контрола на автобус, кој сообраќал на релација Истанбул - Гостивар. На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниту еден од патниците не пријавил стока за царинска контрола, по што е извршен детален преглед. Притоа, во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот, се откриени 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама. Во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека лицето, откако го купил златниот накит од златарска работилница во Истанбул, имало намера нелегално да го пренесе во државава и да го продава во својот златарски дуќан. Царинската управа продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот кругВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, СДС на чело со Филипче е декласиран со 4 спрема 1.ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДС победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови. СДС и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДС според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДС се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. На СДС им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело. И покрај дебаклот во низа на СДС, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДС и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook