Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини - Канал 5

Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини

 На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герила акција со „паметна канта што зборува“ ги поттикна битолчани на поголема грижа за животната средина

Преку интерактивни пораки и директна комуникација со минувачите, паметната канта ги поттикнуваше граѓаните правилно да го одлагаат отпадот и да размислат за сопствената улога во одржувањето на чиста и здрава животна средина. 

Герила акција со „паметна канта што зборува“ ги поттикна битолчани на поголема грижа за животната средина

Во рамките на активностите за подигање на јавната свест за заштита на животната средина во Битола, Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ - Битола реализираше герила акција на градското шеталиште со поставување на паметна канта за отпадоци што зборува.

Преку интерактивни пораки и директна комуникација со минувачите, паметната канта ги поттикнуваше граѓаните правилно да го одлагаат отпадот и да размислат за сопствената улога во одржувањето на чиста и здрава животна средина. Акцијата предизвика голем интерес кај граѓаните од различни возрасти, кои со љубопитност ја следеа необичната инсталација и активно се вклучуваа во нејзината едукативна порака.

Целта на оваа герила акција беше да се поттикне поголема јавна свест за одговорното управување со отпадот, да се охрабрат позитивни навики кај граѓаните и да се истакне дека секој поединец има важна улога во создавањето почиста, поуредена и позелена Битола.

Активноста се надоврзува и на мерките предвидени во Програмата за животна средина на Општина Битола за 2026 година, која предвидува значајни инвестиции за подобрување на квалитетот на животната средина. Меѓу планираните мерки се изработка на Стратегија за развој на зеленило со буџет од 1.500.000 денари, како и поставување подземни садови за комунален отпад, за што се обезбедени 3.000.000 денари.

Со комбинација од едукативни активности, активна вклученост на граѓаните и реализација на планираните локални мерки, Битола има можност да стане почист, позелен и поодржлив град.

Герила акцијата е реализирана во рамките на швајцарскиот проект „Програма за поддршка на изборите“, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Содржината и изнесените ставови во оваа објава се одговорност на авторите и на никаков начин не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија или на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари

Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари - изградивме систем што испорачува резултати.

Директорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари

Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи.

„Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат во последните две години ги надминуваме рекордите во наплатата на приходи на историско ниво - почнувајќи од над 12 милијарди денари во јули минатата година и сега над 14 милијарди денари не е самата бројка туку трендот што го отсликува. Ова е доказ дека успесите не се изолирани случаи, туку резултат на ефикасноста на системот што го градевме во изминатите две години. Ваквиот систем ни овозможува да генерираме повисоки приходи и да испорачаме подобри услови за живот за граѓаните“, потенцира Николовски.

Согласно анализата на наплатата на приходите остварена во јули, зголемувањето во најголем дел се должи на зголемените набавки на опрема од страна на Министерството за одбрана, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати, како и на зголемениот увоз на тутун и тутунски производи.

Кумулативно од почетокот на годинава заклучно со јули Царинската управа оствари вкупни приходи од 80,5 милијарди денари или 1,3 милијарди евра што е за 87,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година.

Николовски додава дека како институција која собира милијарди денари приходи за државниот Буџет, нашата должност е да обезбедиме подобри услови за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија.

„Нашата цел е јасна, градиме систем со кој безбедноста и полнењето на Буџетот не ја кочат економијата, туку се одвиваат паралелно преку модернизација и таргетирање на ризикот. Продолжуваме да градиме модерна, ефикасна и професионална Царинска управа која во континуитет испорачува резултати и придонесува за посилна економија“, истакна Николовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанците воведуваат нови правила во Ла Лига

 Шпанската Ла Лига влегува во новата сезона, која започнува на 15 август, со неколку нови правила чија цел е да се намалат прекините во играта и да се направи завршницата на натпреварите подинамична.

Шпанците воведуваат нови правила во Ла Лига

Најзначајните промени се однесуваат на замената на играчи, повредите на голманите и прекините на играта.

Според новите правила, фудбалерот што ја напушта играта ќе мора да го напушти теренот во рок од 10 секунди. Доколку не го стори тоа, на неговата замена нема да ѝ биде дозволено да влезе во игра сè до следната пауза меѓу полувремињата, кога судијата ќе ја одобри замената.

Важната новина се однесува и на ситуациите кога голманот ќе се повреди при крајот на натпреварот.

Во тој случај, тренерот ќе мора да одреди еден фудбалер од теренот кој исто така ќе го напушти теренот и нема да може да се врати во игра најмалку една минута по продолжувањето на натпреварот.

Доколку тренерот не избере играч, капитенот на тимот автоматски ќе мора да го напушти теренот. Ова правило нема да се применува доколку судијата процени дека станува збор за сериозна повреда, потрес на мозокот или крварење.

Промените се однесуваат и на изведувањето на прекините. Покрај при изведувањето на почетниот удар, тимовите сега ќе имаат на располагање пет секунди за изведување корнер, со цел дополнително да се забрза темпото на играта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер