Сончево и топло време - Канал 5

Сончево и топло време

По вчерашниот дожд во попладневните часови, денеска повторно не очекува сончево и топло време. Попладне повторно наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Сончево и топло време

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево со јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

За време на викендот ќе биде особено топло кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа

Гринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман.

Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа

Нафтената дамка покрај Оман се зголемила од 20 квадратни километри на 24 јули на приближно 600 квадратни километри на 4 август, покажуваат сателитските снимки. Експертите предупредуваат дека распаѓањето на бродот може да предизвика регионална еколошка катастрофа и да ги погоди рибарите.

Како извор на истекувањето се посочува танкерот „Каролин Безенги“, кој во мај натоварил еден милион барели нафта на рускиот црноморски терминал Шесхарис.

Обединетото Кралство во февруари го стави танкерот под санкции поради сомневање дека превезува руска нафта.

На 6 јуни бродот го потресле три експлозии, кои ги онеспособиле моторот и управувачкиот механизам и поплавиле повеќе оддели. Причината не е утврдена, а екипажот бил безбеден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Узбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба

Узбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба, вработените во двете најголеми тв-куќи преместени на безбедно! 

Узбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба

Во германскиот град Келн е пронајдена американска бомба од Втората светска војна, поради што е наредена евакуација на дел од градот, вклучително и на седиштата на телевизиските станици RTL и NTV.

Бомбата е пронајдена во реката Рајна, во близина на паркот „Рајнпарк“ во квартот Дојц, а експертите планираат да ја отстранат и деактивираат во текот на денот.

Поради опасноста, градските власти на Келн воспоставија зона за евакуација со дијаметар од 400 метри околу местото каде што е пронајдена бомбата.

Жителите, како и вработените во компаниите и институциите лоцирани во таа област, мораа привремено да ги напуштат зградите. Меѓу нив беше и големиот емитувачки центар на телевизиските компании RTL и NTV.

Поради вонредната ситуација, беше изменета и програмата на RTL. Вечерната информативна емисија „RTL Aktuel“ не се емитуваше од Келн, туку од студио во Берлин.

Истовремено, дневната емисија „Punkt 12“ првично продолжи да се емитува според планот и се водеше во живо сè додека тоа беше можно. Надлежните служби соопштија дека станува збор за американска авионска бомба тешка околу 250 килограми, која потекнува од периодот на Втората светска војна.

Специјалистите за отстранување експлозивни направи го одредија моментот за почеток на деактивирањето во зависност од брзината на евакуација на населението и целосната евакуација на загрозеното подрачје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Трагедија: Гром усмрти фудбалер! Повредени се уште 12 играчи!

Ужасна трагедија се случи во Тајланд за време на фудбалски турнир.

Видео-Трагедија: Гром усмрти фудбалер!  Повредени се уште 12 играчи!

Млад фудбалер почина откако беше погоден од гром за време на натпревар во Тајланд.

Трагедија се случи на стадионот „Сантипап“ за време на полуфиналето од регионалниот турнир „ФА Голок Куп 2026“.

Гром удри во теренот на стадионот во Наративат.

Крилниот играч на ФК Јала, Софван Аве (24), бил пренесен во болница во критична состојба откако на теренот била извршена реанимација, но тој не преживеал.

Во несреќата се повредени уште 12 фудбалери кои се задржани на болничко лекување. Некои од нив се здобиле со тешки изгореници по целото тело.

Софван Аве потпиша договор со третолигашкиот тим само неколку дена пред трагедијата. Фудбалската асоцијација на Тајланд изрази сочувство до неговото семејство и пријателите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер