Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
2Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
МетеоСончево и топло, попладне услови за локална појава на нестабилностСончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информифраат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Скопје времето ќе биде , сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Од денеска попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВРЕДИ: Требаше Али Ахмети да замине во опозиција за Зајас да дознае зошто остана без канализацијаИма една иронија што не може да се сокрие.Во 24 години власт, Али Ахмети не успеа да обезбеди канализација ниту за своето родно место, Зајас. Имаше власт, министри, директори, општини и милиони евра на располагање. Канализација немаше. Денес, кога документите излегуваат на виделина, станува појасно и зошто. Секој нов факт што излегува во јавноста сè повеќе ја руши маската на ДУИ. На Албанците им продаваа „каузи“, а зад затворени врати се договарале шеми, се вклучувале домашни компании и се вртеа милиони евра од европските фондови. Жителите чекаа канализација, а некој друг си ги чекал исплатите. Колку повеќе се одмотува клопчето, толку повеќе се отвораат прашањата. Кој ќарил? Кој ги внел компаниите во проектот? Кој молчел? И дали истрагата ќе стигне до секоја алка во овој синџир? Албанците заслужуваат да ја знаат вистината. Заслужуваат да знаат каде завршиле милионите, кој профитирал од проектот и зошто Зајас цели 24 години остана со септички јами наместо со канализациски систем. Зајас повеќе нема да биде заложник на ветувањата на ДУИ. Она што тие го оставија заглавено во кал 24 години, сега конечно се става на вистинскиот пат. ВРЕДИ нема да дозволи ова прашање да се затрупа со прашина. Бараме истрагата да оди до крај. Да се отвори секој договор, секоја исплата, секоја компанија и секоја можна политичка, бизнис или семејна поврзаност. ДУИ зад себе остави долгови и сомнежи. Сега е време да понесе одговорност.Тагови: ВРЕДИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и неговите „успеси“ - кога пропагандата се судира со реалностаХристијан Мицкоски вчера тврди дека опозицијата го блокира Изборниот законик затоа што е „уплашена од успесите на Владата“.Изгледа дека почна да верува на сопствените лаги. Ќе му одговориме со факти, а не со пропаганда. Прво, Европскиот парламент во јунскиот извештај за 2026 година не ја става Македонија меѓу најдобрите во регионот. Напротив - изразува жалост поради недостатокот на напредок од претходниот извештај, особено во делот на владеењето на правото, судската реформа и борбата против корупцијата. Додека Црна Гора цели кон членство во 2028, а Албанија кон затворање на преговорите во 2027, Македонија стагнира. Второ, „успесите“ на Владата се видливи на секојдневно ниво: • Економија во колапс, инвестициите паднати за 60%. • Буџет без пари, за само две години ја задолжија државата за 2,5 милијарди евра, наскоро нема да има за редовна исплата на пензии. • Граѓаните стојат по неколку часа на границите поради политиката на изолација. • Младите масовно заминуваат затоа што нема европска перспектива. Мицкоски ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот. Трето, Мицкоски вели дека Владата ги прифатила сите предлози на опозицијата. Тоа не е вистина. Не знаеме на кого мисли, бидејќи СДСМ и луѓето околу Фронтот за вистина и правда се единствената реална опозиција во Македонија. Сè друго е театар. Четврто, опозицијата не го блокира Изборниот законик од страв од „успеси“ - успеси нема. Единствениот успех на оваа Влада е видлив само за нив лично - во криминалните тендери. СДСМ го блокира законот за да спречи изборен грабеж и затоа што одбива да учествува во уште еден закон скроен по мерка на организираната криминална група ВМРО, во момент кога Владата не исполни ниту еден сериозен реформски услов кон ЕУ. Скопје, 30.06.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка, опозицијата најавува блокадаИзборниот законик кој е дел од реформската агенда по скратена постапка влезе во собраниска процедура.Од опозициската СДСМ излегоа со забелешки против носењето на Законикот кој според нив е алиби на власта за исполнување на реформската агенда, а целта како што велат, била да се направи контролиран систем на гласање на изборите. Блокада најави и Левица чии претставници учествуваа во работната група. Од власта со оценка дека бојкотот е алиби на СДСМ за изборниот дебакл на следните избори. ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ за кочење на реформската агенда, а потегот за бојкот го оцени како алиби за изборниот пораз што би го имале на следните избори. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека не се брза со носењето на Изборниот законик затоа што според нив за измените се разговарало четири месеци.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter