Солзи , болка и ужас- Публиката навива за време на камшикување вљубени двојки(ФОТО) - Канал 5

Солзи , болка и ужас- Публиката навива за време на камшикување вљубени двојки(ФОТО)

И полицијата во индонезиската провинција Ацех беше згрозена од казнувањето со камшикување на лица , кои сториле мали прекршоци, како што е изкажување љубов на јавно место.

Солзи , болка и ужас- Публиката навива за време на камшикување вљубени двојки(ФОТО)

Пред публиката ,која навива и дофрла се одржа јавно камшикување на десетина лица , кои сториле помали прекршоци. Цел на џелатите беа неколку млади двојки , кои биле фатени како си искажуваат љубов на јавни места , како што е држање за рака или прегрнување, што е строго забрането според шеријатскиот закон.

Со камшикување се казнуваат и оние кои пијат алкохол, се коцкаат или имаат истополов партнер. Ацех е единствената провинција , во која на сила е шеријатскиот закон од средниот век. Денеска беа камшикувани пет двојки .

Тие пред џамијата во главниот град на покраината , Банда, добија од 4 до 22 удари со камшик и тоа откако поминаа неколку месеци во затвор. верската полиција ги уапсила овие љубовни двојки како се бакнуваат или се држат за раце на јавно место.

Стотици насобрани во публиката , меѓу кои и деца гледаа како маскираниот џелат со камшик ги удара осудените додека тие плачат и викаат од болка.

Претходниот пат во декември беа камшикувани двајца мажи кои биле фатени во сексуален однос со малолетна девојка и тие добија по 100 удари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Во четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

250 - 300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош

Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. 

180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош

Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници.

Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер