Соколарството начин на живот за 24-годишник од пехчевското село Црник - Канал 5

Соколарството начин на живот за 24-годишник од пехчевското село Црник

 Дваесет и четиригодишниот Мехмед Оџов од пехчевското село Црник е еден од ретките луѓе во Пијанечко-малешевскиот Регион што се занимава со соколарство. 

Соколарството начин на живот за 24-годишник од пехчевското село Црник

За оваа негова пасија, упатените веќе добро се запознаени од неговите видеа кои редовно ги споделува на социјалните мрежи.

Оџов моментално одгледува јастреби од две различни сорти и за нив вели дека, иако се грабливци, се од голема важност за човекот и природата.

– Чувам два јастреби од сортата глувчари и еден јастреб од сортата кокошкар. Малите глувчари ги чувам од бебиња, дојде време кога требаше едното да го пуштам и по 10 дена тоа се врати дома, вели тој.

За себе Мехмед вели дека е дете на природата, а за јастребите дознал преку видео кое му го пратил негов другар, по што почнал да истражува за нив и дознал дека постои соколарство и почнал да учи за соколарството.

– Јастребите се птици грабливки и можат да нанесат сериозни повреди ако немаш соодветна опрема. Сите птици грабливки се заштитени со закон и се забранети за убивање и заробеништво, ако за птицата немате документи и не е одгледана во фарма, нагласува младиот жител на Црник.

Оџов јастребите ги храни со пилци, петли и глувци, кои сам ги набавува.

– Кога не сум дома, мора да има некој да ги нахрани навреме за да не умрат. За одгледување е потребна доста голема волја, но и голема хигиена, додава младиот соколар.

Не го повредиле никогаш, но додава дека јастребот има карактер на грабливец и никогаш не може да биде домашен миленик.

– Таква им е природата на јастребите. За да се земе јастреб, треба да се учи за соколарство и птиците се доста скапи со документи и доста голем процес е тоа. Сериозно треба да се земе предвид дека тоа не е шега. Исто така и дресирањето не е едноставно, потребно е време, посочува Оџов.

Оџов истакнува дека јастребите не се плашат од луѓето, но тие ги убиваат без да им прават штета. Човекот е најголем непријател за нив, а моја препорака до сите ваши читатели е никогаш да не убиваат птица грабливка, макар убила кокошка или гулаб. Додава дека тие се многу значајни за нас и природата.

Лично не правел пресметка колку го чини одгледувањето на овие птици, но вели дека средствата ниту се многу, ниту малку.

– Според мене, соколарството е начин на живот, тоа е традиција која бара многу време, тука е одгледување на птицата, тренингот, ловот и поврзаноста со птицата. Според некои, тоа е хоби, според некои, тоа е начин на живот и не е толку едноставно да се објасни, бидејќи и јас сум почетник, вели Мехмед.

Тој е постојано со птиците, неговите најблиски се навикнале на оваа негова пасија, немаат ништо против тоа, туку напротив, му помагаат кога треба да се исчисти или за каква било друга помош.

Неодамна успеал да спаси повреден јастреб кој сега го чува. Птицата сега, како што додава, е во фаза на митарење и малку е вознемирена, бидејќи ги менува пердувите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО-ОКГ и на Платформата - ЗНАМ 2.0, ист ракопис, иста порака

Тие што ја доведоа партијата до историски пораз во 2024 година. Тие што ја предадоа партијата на ВМРО. Тие што заедно со Максим Димитриевски и руската Левица бараат реформи во СДСМ. 

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО-ОКГ и на Платформата - ЗНАМ 2.0, ист ракопис, иста порака

Тие што добија тендер од 1,6 милиони евра. Тие што го бранат трговецот со оружје што му плаќа на Мицкоски лобирање за американска ходник дипломатија. Тие што набавуваат хеликоптери, па ВМРО го става случајот во фиока.

Тие што дозволија Артан Груби да игра фудбал по канцеларии. Тие што ја пишуваа програмата, што беа шефови на штабови по изборни единици, носители на листи на најголемиот пораз на СДСМ.

Тие што потпишуваа петиција за ослободување на Орце Камчев. Тие што молчеа кога се носече Кривичниот закон за да се ослободат некои.

Истите тие денес ја обвинуваат СДСМ за резултатот во Брвеница - резултат што е поголем од нивниот и подобар од лани за 46 проценти.

Тие се повикуваат на анкетата на ВМРО платена 400.000 евра, анкета што не можеше повеќе да го скрие падот на ВМРО и на арамијата Мицкоски, што мораше да објави пад на повеќе од 40 проценти.

Кому му пишува текст Ивона Талевска, па се однесуваат како портал на ВМРО, како Орбанов медиум што тврди дека некој договара влез во влада со Мицкоски?

Каква жолта штампа е Платформата - ЗНАМ 2.0. Лош ученик на Латас.

Треба ли уште објаснувања за овој нов сателит на Мицкоски? Дали има уште некој на кого не му е јасен овој обид за внесување немир во редовите на СДСМ?

Не поминува. Прочитани сте одамна. СДСМ не се предава на кафеана, хотел и тендер.

СДСМ не е на продажба. Македонија не е на продажба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 година

Собранието денеска донесе одлука кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 година.

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 година

Собранието, денеска, во рамките на 126. пленарна седница ја донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци поради можноста за настанување нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати остануваат причина за продолжување на кризната состојба во земјава.

На истата седница беа усвоени и Законот за државна ревизија, како и одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во меѓународната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Собранието го избра и Александар Наумовски, професор на Економскиот факултет во Скопје, за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Будинарци до Рим: Вангелина Пармачка меѓу 100-те жени херои на ФАО

Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е меѓу избраните 100 жени од целиот свет во иницијативата на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) „100 жени херои во агро-прехранбените системи и руралниот развој“. 

Од Будинарци до Рим: Вангелина Пармачка меѓу 100-те жени херои на ФАО

На 15 октомври 2026 година, таа ја претстави Македонија на Светскиот форум за храна во Рим, каде што доби признание во седиштето на ФАО. Нејзината приказна е приказна за секојдневна работа на фармата, за гордоста да се произведува храна и за истрајноста трудот на жените во земјоделството да стане повидлив и повреднуван.

„Горда сум што сум земјоделка“

Во Будинарци, Вангелина заедно со своето семејство управува со фарма со околу 600 овци и произведува традиционално овчо сирење. Таа секојдневно е вклучена во грижата за животните, производството и пласманот на производите.

За неа, сточарството е начин на живот и професија од која може да се обезбеди достоинствена егзистенција.

„Ова е благодарна професија од која може чесно да се живее. Горда сум што сум земјоделка и што со заедничка работа ја обезбедуваме егзистенцијата на нашето семејство“, вели Вангелина.

Од одгледувањето на овците до сирењето што стигнува до потрошувачите, нејзината работа ги поврзува традиционалното знаење, производството на храна и претприемништвото. Таа е и пример за улогата на жените во семејните стопанства, каде што нивните обврски опфаќаат многу повеќе од самото производство.

Од работата на фармата до застапувањето за жените

Ангажманот на Вангелина не завршува на нејзината фарма. Како член на Управниот одбор и координаторка на Мрежата на жени фармери при Националната федерација на фармери (НФФ), таа се залага за поголемо признавање на трудот на руралните жени, посилни права и подобри услови за работа и живот.

„Жените фармери се невидливи потпори на селото и државата. Нивниот труд мора да се препознае и вреднува“, нагласува таа.

Преку заедничкото дејствување во НФФ, жените придонесоа за иницирање посебна мерка за поддршка на инвестициите на жените фармери во Програмата за рурален развој. Нивното застапување придонесе и за воспоставување програма за поддршка на социјалната сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, што го отвори патот кон регулирање на породилното отсуство за регистрираните жени фармери.

„Заедничката акција носи вистински промени и подобар економски и социјален статус за жените“, вели Вангелина.

Овие искуства ја зацврстуваат нејзината верба дека здружувањето им помага на жените да ги претворат заедничките предизвици во конкретни предлози и решенија.

Признание што може да охрабри и други жени

Иницијативата на ФАО се реализира во рамки на Меѓународната година на жената земјоделка 2026, прогласена од Обединетите нации. Таа ги истакнува придонесите на жените во производството, преработката и трговијата со храна, како и во развојот на руралните заедници, повикувајќи на поголема поддршка и еднакви можности.

Признанието за Вангелина го доближува до меѓународната јавност знаењето, посветеноста и лидерството на земјоделките од Македонија.

Таа верува дека иднината може да донесе подобри услови, поголема еднаквост и повеќе можности за жените во земјоделството. Себеси се гледа како уште поактивен глас на руралните жени и пример за младите девојки дека земјоделството може да биде стабилна и достоинствена професија.

Нејзиниот пат од Будинарци до Рим покажува дека работата на една семејна фарма може да оди рака под рака со лидерство што придонесува за промени и надвор од неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер