2Сиљановска-Давкова на младинскиот форум „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“
Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
1Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
СветЗеленски за Трамп и Путин: Тоа би била историска грешкаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да изврши притисок врз Украина за таа да ѝ се предаде на Русија. Зеленски изјави дека предложил да се исполни барањето на Трамп – да се воздржат од напади врз руските рафинерии за нафта – во замена за добивање дополнителни ракети за украинските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“. „Мојот предлог беше: ние нема да ги напаѓаме руските капацитети за производство на дизел, а за возврат, вие ќе ни обезбедите ракети за системите ’Патриот‘ за да можеме да ја заштитиме нашата инфраструктура. Меѓутоа, тие едноставно бараат од нас да престанеме со нападите врз капацитетите за дизел. А доколку продолжиме со овие напади, се закануваат дека ќе ускратат нешто друго“, изјави Зеленски за „Блумберг“. Тој истакна дека Вашингтон неодамна презел низа „непријателски дејствија“ кон Киев, вклучително и намерно забавување на пристапот до интернет преку системот „Старлинк“, како и одложувања во испораката на ракети за системот „Патриот“. „Верувам дека се преземени чекори за да се убеди Украина да капитулира. Не тврдам дека ова е целта кон која се стремат нашите партнери. Дури и не сакам да ја разгледам можноста дека нашите американски партнери веруваат оти војната би можела побрзо да заврши на сметка на Украина. Сепак, токму така изгледа“, рече Зеленски. Осврнувајќи се на претстојните избори на средината на мандатот во Соединетите Држави, тој истакна дека „претстојат опасни денови во периодот до изборите“, додавајќи дека односите со САД би можеле да се подобрат по нивното завршување. „Политиката станува многу агресивна за време на изборниот период. Мислам дека во моментов тоа е вистинско искушение, но животот ќе продолжи и по изборите, и верувам дека ситуацијата ќе се смири“, рече тој. На прашањето кој наредил ограничување на интернет-врската преку „Старлинк“ (Starlink) на територијата на Украина, тој изјави дека наредбата дошла од „властите или од Белата куќа“, иако напомена дека не може да ги открие изворите од кои ја добил таа информација. Зеленски изјави дека САД во моментов ѝ испорачуваат на Украина само 12 пресретнувачки ракети месечно за системот „Патриот“ (Patriot) – што е приближно една четвртина од количината што се испорачувала за време на администрацијата на претходниот американски претседател, Џозеф Бајден. „Мислам дека претседателот на САД навистина има добри односи со Путин. Но, едно нешто овде не функционира: Трамп во моментов не може да го принуди Путин да ја заврши војната“, смета Зеленски. На прашањето како би ги опишал напорите за подобрување на односите со САД, Зеленски изјави дека потенцијалните ризици за Украина се од размери на цунами. „Мораме да дејствуваме додека ситуацијата е сè уште само блага бура. Сметам дека овде е влог многу поголем од некаков договор за дизел“, рече претседателот на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУкраина ѝ нуди примирје на Русија на Црното море за може да извезува земјоделски производи Украина достави до Русија, преку меѓународни партнери, предлог за прекин на огнот во Црното Море, со цел враќање на слободната пловидба и непречениот извоз на земјоделски производи.Украина достави до Русија, преку меѓународни партнери, предлог за прекин на огнот во Црното Море, со цел враќање на слободната пловидба и непречениот извоз на земјоделски производи, и сега чека одговор од Москва, изјави синоќа украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Зборувајќи на Петтата меѓународна конференција на високо ниво за безбедност на храната „Храна од Украина“, Сибиха нагласи дека Киев е подготвен да придонесе кон глобалната безбедност на храната и затоа предложи воспоставување прекин на огнот во регионот на Црното Море. „Подготвени сме за прекин на огнот. Благодарни сме на Индија, Турција и Египет, кои играат активна и важна улога во смирувањето на тензиите во Црното Море, како и во напорите за медијација. Сега чекаме одговор од Русија. Сите наши предлози се доставени“, рече Сибиха, според украинскиот јавен сервис „Суспилне“. Тој изјави дека секој пат кога Киев презентира предлози за прекин на огнот во Црното Море преку меѓународни партнери, Москва поставува, според него, „нереални барања“. Според него, Русија сега предлага да се вклучи прашањето за нафтата во условите на прекинот на огнот, имено прекин на украинските напади врз рускиот нафтен сектор. Сибиха нагласи дека нафтата може да биде дел од поширок договор за енергетски прекин на огнот, на кој е подготвена и Украина, но дека таков договор би морал да ги вклучи сите енергетски компоненти. „Кога станува збор за Црното Море, ние сме фокусирани на земјоделските производи. Понудивме конкретни и ефикасни предлози“, нагласи украинскиот министер. Тој, исто така, укажа на важноста на меѓународниот притисок врз Русија за враќање на безбедноста на морскиот сообраќај во Црното Море. Украина тврди дека извозот на жито од нејзините главни пристаништа на Црното Море околу Одеса е речиси целосно запрен од крајот на јули, откако Русија значително ги интензивираше нападите врз терминалите за жито и трговските бродови. Од друга страна, Москва тврди дека не напаѓа цивилни цели. Пред ескалацијата на конфликтот, трите пристаништа во регионот Одеса беа клучни за надворешната трговија на Украина, бидејќи околу 90 проценти од нејзиниот земјоделски и металуршки извоз минуваше низ нив.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаСиљановска-Давкова на младинскиот форум „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваше на младинскиот форум „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“, што се одржа во Офицерскиот дом во Битола.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваше на младинскиот форум „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“, што се одржа во Офицерскиот дом во Битола, како завршна активност на проектот „Спорт без насилство – Младински форум за фер-плеј“, организиран од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“. Младите споделија видувања за еднаквите можности во образованието и спортот, за малолетничките бракови и насилството, а потем поставија низа прашања. Според претседателката, спортот придонесува за физичкото и духовното здравје, ја поттикнува самодовербата и ги учи младите на фер-плеј, дисциплина и почитување на различностите. Говорејќи за младите кои го прекинале школувањето, таа укажа дека можат да го продолжат преку програмите за основно образование за возрасни, при што посебно ги нагласи менторството, врсничката поддршка и улогата на граѓанските организации во овој процес. Сиљановска-Давкова се наврати на своите училишни години, кога спортот бил составен дел од училишниот живот, а успесите на нејзината генерација, како што рече, им давале чувство дека „во светот значиме нешто“. Претседателката истакна дека девојчињата и момчињата имаат право на детство, а спречувањето на малолетничките бракови треба да започне навреме, со едукација и информирање на младите за љубовта, сексуалноста и заштитата, како и со стручна работа со семејствата. За неа, воспитувањето во духот на ненасилството треба да започне уште од најрана возраст, особено затоа што навредите, понижувањето и вербалната агресија често претходат на други облици на насилство. Таа нагласи дека толеранцијата се манифестира во односот кон оние што размислуваат поинаку, а на младите им упати совет да поставуваат прашања, да не се плашат од различни ставови и да трагаат по нови знаења, оти човекот учи во текот на целиот живот. На панел-дискусијата учествуваа и м-р Фатма Бајрам Аземовска, претседателка на Здружението „Сумнал“, градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски, професорот м-р Михајло Силјан, психологот Наташа Бекирова и претставникот од општинската Комисија за спорт и млади, Мартин Ивановски, соопштуваат од Кабинетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСемејство од Хрватска си ја урива новоизградената куќа, вредна 250.000 евра- не е дивоградба Четиричлено семејство од Меѓумурје во Хрватска било принудено да ја сруши својата новоизградена куќа поради низа сериозни грешки од страна на изведувачот. Тие инвестирале 250.000 евра во изградбата, а сега мора да платат за рушењето. Семејството не сакало да дава изјави, но се знае дека ја имале целата потребна документација за изградбата и дека правилно ја платиле работата, пренесе Индекс. Проблемите станале видливи откако куќата била ставена под покрив, кога почнале да се појавуваат пукнатини на темелите и ѕидовите. Градежниот инспекторат забранил продолжување на работите и им наложил на сопствениците што е можно поскоро да ја срушат куќата поради оштетена статика, јавува ХРТ. Полицијата пронашла голем број неправилности Со случајот се занимавала и Полициската управа на Меѓумурје, која спроведе кривична истрага. Во полициското соопштение се наведува дека изведувачот постапил неправилно и без потребните измени во проектот и градежната дозвола. „За време на изградбата на куќата во 2022 година, изведувачот постапил неправилно бидејќи произволно го променил начинот на темелење на куќата, без соодветни измени во проектот и градежната дозвола. Притоа, не биле спроведени потребните контроли на почвата, а не биле почитувани пропишаните количини и видови на арматура, како и квалитетот на бетонот“, се вели во соопштението на полицијата. Ризик од уривање Во полицискиот извештај, исто така, се наведува дека дефектите довеле до пукање на куќата и оштетување на носечките делови, што сериозно ја поткопало стабилноста на целата зграда. Утврдено е дека секое понатамошно оптоварување, како што е продолжување на работите или зафаќање, би претставувало директен ризик од уривање и би ги загрозило човечките животи. Рушење и правна битка Рушењето на новоизградена куќа е исто така емоционално тешко за работниците кои ја извршуваат работата. „Многу е тешко кога нечија куќа е урната. Вклучени се емоции, но ние сме компанија што го прави тоа и е платена за тоа“, рече Иван, вработен во компанија за рушење. Од друга страна, директорот на компанијата од Домашинац што ги изврши работите не се јави на повиците. Сопствениците се надеваат дека во судскиот спор што ќе следи ќе можат да ги вратат 250-те илјади евра инвестирани во изградбата.Тагови: куќа Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook