Собранието на СЗО по петти пат го одбива предлогот за прием на Тајван како набљудувач

Собранието на Светската здравствена организација (СЗО) повторно, петта година по ред, го одби предлогот Тајван да учествува во оваа глобална платформа како набудувач, јави Кинеската медиумска група (ЦМГ).

Предлогот беше инициран од САД и неколку земји од Европската унија.

Одлуката на Генералниот одбор да не го вклучи Тајван во дневниот ред на собранието беше соопштена од министерот за здравство на Бутан, Дашо Дечен Вангмо, кој беше претседател на состанокот.

Постојаниот претставник на Кина во канцеларијата на ОН во Жeнева, Чен Ксу, изјави дека кинеската Влада подготвила соодветни аранжмани за учеството на овој остров во глобалните здравствени активности врз основа на принципот „една Кина", додавајќи дека централната влада го известила Тајван за пандемијата 260 пати и од избувнувањето на Ковид-19 досега на Тајван 16 пати му има одобрено учество во здравствените технички активности на СЗО.

Ксу ги повика релевантните земји да престанат да ги политизираат здравствените проблеми и да го искористат проблемот со Тајван како изговор за мешање во внатрешните работи на Кина.

-Пред собранието, повеќе од 150 земји, преку дипломатсми канали, изразија поддршка за одлуката на Кина. Покрај тоа, наведува медиумската групација ЦМГ, претставници на речиси 80 ​​земји-членки испратија писма до СЗО да ја изразат својата посветеност на принципот „една Кина" и се спротивставуваат на учеството на Тајван во Собранието на СЗО, рече Ксу, додавајќи дека ова е уште еден доказ дека принципот „една Кина" е стремеж на меѓународната заедница и преовладувачки тренд.

Видео: Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу, јави ДПА.Новинската агенција Синхуа денеска јави дека 33 лица се повредени во невремето.

Според официјалните податоци, торнадото предизвикало штета на 141 производствени капацитети, но ниту една станбена зграда не е урната.

Според Синхуа, работата на спасувачите сега е главно завршена. За време на торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од над 20 метри во секунда.

Пред само една недела, Гуангжу и околната провинција Гуангдонг беа погодени од пороен дожд, при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 100.000 жители беа евакуирани.

Гуангжу има население од над 18 милиони луѓе. Главниот град на провинцијата Гуангдонг е еден од најважните економски центри во Кина.

ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид идниот вторник, објави германскиот клуб.

Мусиала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт поради воспаление на тетивата.

„Тој навистина сакаше да игра, а и ние. Имаше два дена кога не чувствуваше никаква болка, но тоа повторно се врати вчера“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Лајмер го истегна зглобот на натпреварот со Ајнтрахт, додека Де Лихт има повреда на лигаментите на коленото.

„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат дополнителните тестови“, додаде Тухел.

Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење

Вкупно 142 мерки, меѓу кои  52 за непочитување на брзината на движење се изречени во контролите на сообраќајот што вчера ги спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје.

Како што информира МВР, при тоа се изречени и 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест за користење мобилен телефон при возење, шест за управување под дејство на алкохол,...

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, какао што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

притисни ентер