Со традиционалното дефиле под маските почна Вевчанскиот карневал - Канал 5

Со традиционалното дефиле под маските почна Вевчанскиот карневал

Мицкоски и Ахмети први сред село...

Со традиционалното дефиле под маските почна Вевчанскиот карневал

Во центарот на Вевчани, на 13 ти јануари во 13 часот василичарите од горно и долно маало се собираат за традиционалното дефиле под маски. Секоја година исти се само невестата, зетот, групи Август и ѓаволите.

Од Горна мала се симна и Еди Рама со дел од неговиот кабинет, помеѓу кои и виртуелната министерка за вештачка интелегенција Диела.

Веднаш зад нив оди и Хелбој, а во колоната и нашинци што иако одамна иселени, сега решеле да се вратат во Македонија....

Во толпата, еден зад друг и гејши зомбија, Дракула, а има и руска војска.

Зурли и тапани, автентични и јасни пораки проследена си громогласна смеа одекнуваат во Вевчени, местото каде што времето се мери не по календар, туку по обичаи...и денес, како векови наназад, маските говорат погласно од политичарите, па ќе затекнете и некои од нив кои со „максета“ слават кумановска изборна победа ...

Градоначалникот на Вевчани вели дека карневалот пред се е за забава, а целта на крајот е да се избрка негативната енергија и да се замени со нова, позитивна што ќе не води низ оваа 2026 година.

Иако под шминка духот на вевчанскиот карневал не го крие лицето, туку ја разоткрива сликата за Македонија, регионот и светот денеска, па со доза сатира извезена на народен јазик раскажува збор два за „злото“ од минатата година. Се маскира секој како сака и испраќа порака по свој избор.

Манифестацијата ќе заврши утре, со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

Вевчанксиот карневал не е настан, туку наследство што дише. Традицијата тука, со векови т се раскажува низ улиците... Секој чекор на маскираните поворки е потсетник дека хуморот бил и останува најсилното оружје на народот, а сатирата – неговата колективна меморија. Карневалот минува, но духот останува врежан во калдрмата, во смеата и во слободата на мислата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ !

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, српскиот репрезенативец Урош Плавшиќ, е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение за напад врз обезбедувач на Военомедицинската академија (ВМА).

Уапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ !

Како што пренесува „Спортињо“, инцидентот се случил во текот на ноќта меѓу 16 и 17 јули, кога Плавшиќ наводно ја прескокнал оградата на ВМА и стигнал до шалтерот за прием бр. 2, каде што физички нападнал воено лице кое било на должност. Обезбедувањето успеало да го совлада напаѓачот и веднаш ја известило Воената полиција за инцидентот.

Потоа, припадниците на Воената полиција го предале Плавшиќ на патрола на Министерството за внатрешни работи. Во инцидентот, припадникот на обезбедувањето се здобил со полесни повреди на главата и раката.

На Плавшиќ му е одреден притвор во траење до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело напад врз воено лице при вршење воена служба, а за понатамошните чекори ќе одлучи надлежното обвинителство.

Инаку, како штпо пренесуваат дел од српските медиуми само неколку часа пред апсењето, Плавшиќ и неговата сопруга, инфлуенсерката Јована Томиќ, организирале голема црковна венчавка и прослава за семејството и пријателите.

Двојката претходно стапила во граѓански брак пред една година, на интимна церемонија. Плавшиќ неодамна стана играч на романскиот клуб Клуж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди источниот дел на Турција. 

Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција

Потресите беа почувствувани во неколку провинции, а засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија рано утринава, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случи во 6:20 часот по локално време, со епицентар во областа Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД.

Потресот се почувствувал и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека засега нема извештаи за материјална штета или жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тухел: „Виновен сум, но не жалам“

Селекторот на Англија, Германецот, Томас Тухел, ги бранеше своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2:1) во полуфиналето на Светското првенство.

Тухел: „Виновен сум, но не жалам“

Германецот изјави дека не жали за ниту една измена и дека ја презема целосната одговорност врз себе.

На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стручњак призна дека неговиот тим станал премногу пасивен кон крајот на натпреварот, но нагласи дека не смета оти одлуките биле погрешни.

„Ако некој треба да биде виновен, тоа сум јас. Јас сум тренер и ја преземам одговорноста. Не жалам за моите одлуки; ги донесов врз основа на искуство, инстинкт и желба да му помогнам на тимот да победи. За жал, резултатот не беше таков каков што посакувавме“, рече Тухел.

Англија водеше со 1:0 сè до 85-тата минута, но Аргентина, предводена од Лионел Меси, успеа да направи пресврт и да се пласира во финалето. Тухел објасни дека одлуката неговиот тим да премине на формација со петмина во одбраната била донесена за да се запрат нападите на Аргентина.

„По нашиот гол, Аргентина заигра со многу поголем ритам. Не успеавме да ги спречиме нафрлувањата ниту влегувањето на нивните играчи во шеснаесетникот. Затоа преминавме на систем со петмина во одбраната за да ги затвориме крилните позиции. Сепак, станавме премногу пасивни, додека Аргентина го подигна нивото на играта“, објасни тренерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер