Леонтина, Михаил, Ведран и Теодор ги допреа срцата на хуманите луѓе, кои по сторијата на Канал 5 собраа средства за да им се изгради куќа во родниот Штип. Денеска почна изградбата.
Еве дел од репортажата:
„Најубавата приказна за минатата година за радоста во семејството Зикови, за рожбата на четирите деца Леонтина, Михаил, Ведран, Теодор ги поттикна хуманите луѓе и организации да им помогнат и да им изградат нов дом.
Таткото Александар е единствено вработен, мама Благица раскажува дека сака да работи, но е тешко и ако четвортката оди во градинка секогаш некој од нив останува дома. Тие се среќни што од општина Штип добиле донација земјиште и документи за изградба на куќа, но сепак им е потребна помош за изградба на домот. Близнаците со мали чекори пред местото каде треба да биде новиот дом, а радоста е уште поголема што ова семејство со години чекале принова. Најсреќна е тетка Зорица таа секој слободен момент го користи да им помогне во чувањето на бебињата.
„Би ни помогнала и донација од градежен материјал, навистина куќата каде сега живееме е мала за девет луѓе“, раскажува Алекснадар Зиков.
„Потребна ни е помош. Тие сега одат во градинка но интересно е што не сакаат да си одат дома убаво им е во градинка“, вели Благица Зикова.
Хуманиот потег за изградба на овој дом го почнал Александар Георгиевски хуманитарец од организацијата „Подај Рака Спаси Живот“ и пожарникар од Штип помогнал на многу семејства. Тој раскажува дека оваа е позитивна приказна и убав симбол на градот Штип и дека се надева дека граѓаните и фирмите ќе бидат хумани.
„Ние се надеваме дека нема да ги заборавиме како убава приказна. На почетокот сите им ветуваа помош, но некак се спласна“, изјави Александар Георгиевски „Подај Рака Спаси Живот“.
Сите оние кои сакаат да донираат може тоа да го направат на телефонскиот број 143 – 999. За сума над 6000 денари на жиро сметката на фондацијатa [👇]
Сметка - 270078016610134
Назнака - за четворката близнаци од Штип
Шифра 562