КултураСо гостување на ЈДП од Белград заврши 61. „Охридско лето"Со фестивалската химна и огномет и со претставата „На отворено море" на Југословенско драмско позориште (ЈДП) од Белград, вчеравечер на Античкиот театар во Охрид беше затворен 61-виот фестивал „Охридско лето".Актерската екипа на ЈДП ја изведе семејната драма со политички конотации од српскиот комедиограф Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин. Текстот е напишан одамна, но приказната зборува и за денешново време – за корупцијата, распродажбата на сѐ и сешто, па дури и на љубовта и семејниот мир заради упехот и богатството. Според режисерот Савин, тоа е општествена комедија со трагични елементи. – Нушиќ е најгенијалниот српски драмски писател, и тоа не само како комедиограф. Јас го имав задоволството да ја работам неговата драма „Така мораше да биде", со голем успех. Ја работев и социјалната драма „Зад Божјиот грб", и оваа е трета негова драма. „На отворено море" е една од најзначајните во драмскиот опус на Нушиќ, рече Савин, според кого „Охридско лето" и „Дубровничките летни игри" се последниот бедем на големите сериозни летни фестивали кои ја слават уметноста. Директорката на националната установа „Охридско лето" Наташа Поповиќ им се заблагодари на сите што годинава се вклучија во организирањето на фестивалот. Таа истакна дека годинава е испишана уште една успешна приказна во историјата на фестивалот кој успеа да ја прослави уметноста и во време кога се соочуваме со КОВИД-19. -Понудивме богати и квалитетни уметнички вечери со врвни уметници. Низ 40-те фестивалски денови, љубителите на уметноста имаа можност да уживаат на фестивалската сцена, од каде по 61-ви пат се славеше врвната уметност, рече Поповиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со температури до 36 степениВремето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минутиПоголема фреквенција на возила има и на граничните премини. Зголемен број возила е регистриран утрово на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни. Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека најголемо чекање има на ГП Богородица, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони. Посебна внимателност се советува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. АМСМ ги повикува учесниците во сообраќајот да возат внимателно и да ги почитуваат ограничувањата, особено во услови на зголемен сообраќаен интензитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
ХороскопДневен хороскоп за 16. август 2026 година Дневен хороскоп за недела, 16. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка . Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувтсвувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Сѐ што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter