3Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветПогоден Кримскиот мост, сообраќајот со ограничувањеУкраина го погоди мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим преку Керченскиот теснец, што доведе до ограничување на сообраќајот, изјави Сергеј Аксјонов, гувернерот на полуостровот поставен од Русија. Најдолгиот мост во Европа ја поврзува Русија со Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година. Тој се смета за еден од најзначајните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на „Телеграм“, Аксјонов не наведе детали за штетата, но изјави дека сообраќајот преку мостот ќе биде ограничен до денеска напладне. Каналот на „Телеграм“ „Кримски ветар“ (Crimean Wind), повикувајќи се на информации од своите следбеници, објави дека еден од сводовите – под кој поминуваат бродови – бил погоден во 5:38 часот по локално време. 🚨 BREAKING: Ukrainian forces strike the Crimean Bridge Traffic across the bridge has been restricted until midday. The attack was reported by Russian-installed Crimean leader Sergey Aksyonov. — NEXTA (@nexta_tv) November 16, 2026 Во моментов се проценува обемот на штетата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураОскаровецот „Господин Никој против Путин“ на јубилејниот Медиумскиот фестивал Скопје Десеттото издание на Медиумскиот фестивал Скопје, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи - ПИНА, ќе се одржи од 17 до 19 ноември во Лабораториум. Јубилејното издание на единствениот македонски фестивал целосно посветен на медиумската работа повторно нуди богата филмска програма и интересни разговори на актуелни прашања врзани со новинарската задача. Како и секогаш влезот е слободен и отворен за сите кои се заинтересирани да добијат подлабок увид во работата на медиумите. Филмската програма е стандардно впеачатлив адут на МФС. За фестивалското отворање е закажан „Птици на војната“ каде ја гледаме храброста и човечноста низ комуникацијата и снимките направени директно од протагонистите - либанска новинарка со седиште во Лондон и сириски снимател, кои обелоденувајќи ја вистината успеваат да изртат и љубовна приказна во сенката на воената бруталност. Првата дискусија на десеттото издание на МФС е посветена токму на промените на медиумската сцена во последнава декада и предизвиците што ни се најавуваат во иднина. Непосредно пред разговорот ќе се прикаже и кратко ретроспективно видео за изминатите девет фестивалски изданија. Вториот фестивалски ден започнува со работилница за справување со стрес каде психотерапевтката Радмила Живановиќ ќе им отвори простор на учесниците да ги споделат предизвиците со кои се соочуваат и ќе им понуди начини за адекватна грижа за менталното здравје, особено за превенција од т.н. професионално согорување. Програмата за новинарки на ПИНА веќе пет години создава простор за поддршка, поврзување и зајакнување на жените во новинарството, а тие заложби се отсликани и во фестивалската програма на МФС каде во среда ќе се одржи дискусија за женскиот глас во јавната сфера и обработката на теми што особено ги засегаат жените. Во среда може да се погледнат „Укради ја приказнава, те молам!“ за непоколебливата легендарна новинарка Ејми Гудман, и „Демократија во мрак“ каде низ приказните за три храбри жени - новинарка, пратеничка од опозицијата и медицинска сестра, ја следиме трансформацијата на Унгарија од демократска земја во авторитарно владеење каде Орбан ја има апсолутната моќ. Последниот фестивалски ден започнува со работилница каде Маја Атанасова од Македонско здружение на млади правници ќе покаже на што да се внимава при потпишување договори и прифаќање ангажмани, како да се откријат стапиците кои може скапо да чинат и на каква правна заштита може да се потпрат новинарите. Дискусијата со која се заокружува фестивалот е со фокус на медиумската писменост, тема која сѐ повеќе се позиционира како неопходна не само за доаѓање до проверени информации, туку и воопшто за секојдневно функционирање во дигиталната ера. Со филмската програма повторно се враќаме во Унгарија со впечатливиот „80 гневни новинари“ што ќе се прикажува во четврток во 20 часот. Воениот известувач Андраш Фелдеш ја насочува камерата кон сопствената редакција и одблизу го документира распадот на еден од водечките медиуми во Унгарија. Од колективниот отказ на целиот тим во знак на протест поради нарушената уредувачка независност на медиумот, следи петгодишна борба за професионална автономија во општество кое активно ја гуши слободата. Фестивалот го затвора извонредниот „Господин Никој против Путин“, награден со Оскар за најдобар документарен филм за 2025 година. Снимките од едно руско училиште го откриваат длабокото влијание на режимот на Путин врз животот на обичните руски граѓани, особено врз децата, кои како пожелни регрути се директна цел на пропагандата. Учителот кој и покрај сите ризици успева да го сподели документираното, овозможува директен увид во инаку скриеното руско секојдневие, каде засилениот национализам полека го стивнува детскиот џагор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаРеакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?Во продолжение Ви доставуваме реакција на пратеничката Славјанка Петровска за постапувањето на институциите во случајот со Сара од Охрид. Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност? Бесна сум што повторно едно семејство мора јавно да бара заштита, додека нивната ќерка закрепнува од брутално насилство. СВР Охрид поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Барам одговор: дали се проверени и документирани наводите на семејството дека осомничениот мислел дека Сара е мртва и барал начин да се ослободи од нејзиното тело? Дали се испитани сите околности што би упатувале на обид за убиство? Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот. Обвинителството мора да одговори дали побарало притвор. Ако не побарало, зошто? Ако побарало, судот треба да објасни зошто определил други мерки. Кој ја проценил опасноста од повторен напад и како се проверува почитувањето на забраната за приближување и контактирање? Го повикувам министерот Панче Тошковски да наложи итна проверка на постапувањето на СВР Охрид и да ги објави резултатите. Наводите на семејството за влијание врз постапката и медицинската документација мора да бидат темелно испитани. Дали осомничениот добива повластен третман како син на „локални шерифи“? Дали некој се јавувал, посредувал или вршел притисок? Ако се утврди дека некој ја злоупотребил функцијата за да заштити осомничен, мора да одговара. Без оглед чие дете е и кој стои зад него. На Сара ѝ посакувам сила и закрепнување. Таа и нејзиното семејство не смеат да бидат оставени сами да се грижат за нејзината безбедност. Нема да прифатам одговорноста повторно да исчезне зад зборот „систем“. Зад секоја пријава, проценка и одлука стојат луѓе со име, презиме и надлежност. Барам одговори и постапување сега, додека Сара може да биде заштитена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55