Борозан: Мицкоски и Славески планираат да ја продадат Aлта банка двојно пoeфтино, само за да ги прикријат сметките и трансакциите - Канал 5

Борозан: Мицкоски и Славески планираат да ја продадат Aлта банка двојно пoeфтино, само за да ги прикријат сметките и трансакциите

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа криминалната Алта банка во Македонија. Сега народот не може да дојде до своите пари, пензионерите не можат до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем.

Борозан: Мицкоски и Славески планираат да ја продадат Aлта банка двојно пoeфтино, само за да ги прикријат сметките и трансакциите

СДСМ поднесе кривични пријави за кои Обвинителството се уште молчи.

Прашањето е дали намерно се остава време и простор за некој да го заташка случајот?

Сега истите тие кои ја донесоа Алта банка во Македонија најавуваат продажба. На берза. Ако нема купувач, цената ќе паѓа.

Мицкоски и Славески планираат да ја дадат обезвреднето само за да ги прикријат сметките и трансакциите.

По модел, прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе.

На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Тоа е нивниот стандарден модел.

Да потсетиме: за паниката е виновен гувернерот Славески, тој ја создаде.

По само еден ден од одземањето на дозволата на банката во Белград, Народната банка на Македонија изјави дека сè е во ред, а веќе следниот ден воведоа присилна управа.

Ова предизвика паника кај граѓаните.

По објавите дека банката служела за перење пари и по изнесувањето на податоците за сопственикот што е во притвор, Славески и Мицкоски поднесоа кривични пријави против СДСМ - за ширење на паниката што самите ја направија.

Сега сакаат брза продажба по секоја цена.

Не затоа што сакаат да ја спасат банката, туку затоа што не сакаат да се отворат сметките и трансакциите. Не сакаат да се види колку пари префрлил Вучиќ, колку останало тука и каде продолжиле парите.

Ниту една сериозна банка не сака да купи банка со вакво портфолио. Сопственик во притвор. Истраги во Србија, Црна Гора, Австрија и ЕУ. Капитал под сомнеж. Наводи за лажни банкноти кои треба да се утврдат.

Алта банка е јадрото на криминалниот октопод на Вучиќ, во кој Христијан Мицкоски и ВМРО се еден од краците.

Мацура е нивниот личен банкар. Затоа се брзаат.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот

​СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе на виделина вистината, не го закажуваат продолжетокот.

Манасиевски: СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот

СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка.

Со денови молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на тие како што велат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка.

Од страв дека може да се дознаат повеќе информации, продолжение на надзорната расправа во Собранието се уште не се закажува.

Сега на граѓаните им е јасно зошто СДС и Филипче толку зборат за некаков српски свет во Македонија.

Основоположници и негуватели на српскиот свет во Македонија се токму Филипче и СДС.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)

Украинските сили погодија и уништија дел од Кримскиот мост, само неколку часа откако Русија започна масивен напад врз Киев, насочен кон два клучни моста над реката Дњепар во украинскиот главен град.

Украинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)

Руската акција беше проследена со жесток украински одговор со напади со беспилотни летала врз Кримскиот мост и голема рафинерија во Башкортостан, длабоко на руска територија, објавува Би-Би-Си.

Според најновите информации, засновани на фотографии од Крим, централниот сообраќаен дел од мостот се чини дека се срушил по нападот.

Украинските сили го нападнаа Кримскиот мост, кој го поврзува Крим со руското копно, втора ноќ по ред, предизвикувајќи прекин на сообраќајот.

Украинските канали за следење на фронтовската линија објавија снимки од експлозии над мостот, но обемот на штетата сè уште не е официјално потврден.

Објавени се неколку видеа на кои наводно се гледа урнатиот главен лак на Кримскиот мост, со тврдења дека бил уништен од украински беспилотни летала или крстосувачки ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

Општина Ѓорче Петров продолжува да ги зајакнува своите активности за енергетска ефикасност, зелена мобилност и одржлив локален развој, потврдувајќи ја својата определба за создавање современа и еколошки одговорна општина.

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

На настанот „Енергетски заедници во локалната самоуправа: Од соларна енергија до зелена мобилност - II“, Општина Ѓорче Петров го претстави својот придонес во развојот на енергетските заедници и успешната соработка со граѓанскиот сектор и стручните организации.

Во рамки на иницијативата се издвојуваат два значајни проекти кои претставуваат конкретен чекор кон поодржлива иднина. Првиот проект се однесува на унапредување на зелената мобилност, преку поставување полнач за електрични возила на паркингот на Општина Ѓорче Петров, во партнерство со здружението „Go Green“.

Вториот проект предвидува воспоставување иновативен агри-фотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, преку проектот „Community Solar Garden“, во соработка со здружението „Изгрејсонце“. Со оваа иницијатива се отвораат нови можности за користење на сончевата енергија и примена на современи одржливи решенија во образовните установи.

Посебно признание беше упатено до здруженијата „Go Green“ и „Изгрејсонце“, како и до SmartAP - Лабораторијата за социјални иновации и сите партнери кои со својата стручност, посветеност и иницијативност придонесуваат за реализација на овие проекти. На настанот беа доделени и благодарници како знак на признание за нивниот придонес и успешната соработка.

Ваквите партнерства се особено важни за креирање и спроведување проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Локалната самоуправа останува посветена на поддршка на иновативни идеи, здружување на капацитетите и воспоставување соработки кои создаваат долгорочни вредности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер