Со буџетски средства ќе се финансира спомен обележје за настраданите во пожарот во Кочани - Канал 5

Со буџетски средства ќе се финансира спомен обележје за настраданите во пожарот во Кочани

Средства  во износ од 2.000.000. за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани треба да се одбезбедат со Предлог-одлуката за прераспределба на средства.

Со буџетски средства ќе се финансира спомен обележје за настраданите во пожарот во Кочани

Средства во износ од 2.000.000. за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани треба да се одбезбедат со Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, што денеска доби поддршка од матичната собраниска комисија. Со предложената прераспределба на буџетски средства ќе се обезбедат два милиони денари за 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, како и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси.

Предлог-одлуката без расправа доби поддршка во собраниската Комисија за финансирање и буџет, чии членови на предлог на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков поддржаа и амандман со неа да се опфатат и средства за спомен обележјето.

Лефков во образложение на амандманот рече дека одлуката е во координација со семејствата на настраданите во пожарот од 16 март годинава во кој загинаа 62 лица, а околу 200 се повредени, а произлегува, како што рече, од нивната и нашата заедничка желба барем дел од болката да преточиме во достоинствено сеќавање, а трагедијата никогаш да не се повтори.

- Сакаме да оддаме почит, но и да оставиме траен белег што ќе повикува на одговорност и безбедност на идните генерации. Барањето е овој споменик да биде поставен во централното градско подрачје, таму каде што ќе биде видлив како жив спомен, но и како предупредување. Ова не е момент за политика, ве замолувам сите за поддршка, ова е момент за заедништво, почит и сеќавање, рече Лефков.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски во образложение на Предлог-одлуката соопшти дека со неа се врши реалокација на средства во износ од околу 600 милиони денари наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства.

- Поддршката на локалниот развој преку проекти во општините ќе има позитивно влијание врз економската активност, развојот во општините и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните, рече Јанкуловски.

Тој соопшти дека со Предлог-долуката се реалоцираат 242,64 милиони денари од Министерството за економија и труд во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а ќе се искористат за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси.

Со Предлог-одлуката, се кратат средства од Потпрограма Д5 на Владата - Привлекување на странски директни инвестиции и развој на слободната економска зона, односно Ставката 464 - Разни трансфери за 583.601.000 денари и кај Министерството за економија и труд, во Потпрограма 60 - Развој на политики од областа на трудово право, социјална заштита и вработување, Ставката 464 - Разни трансфери за 242.264.000 денари. Воедно се предлага зголемување на средства кај Министерството за социјална политика, демографија и млади, во Потпрограма 50 - Надоместоци за социјална заштита, Ставката 464 - Разни трансфери за 242.264.000 денари, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, Ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС за 100.000.000 денари, во Министерство за образование и наука, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, Ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС за 361.185.000 денари, кај Министерство за спорт, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, Ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС за 62.416.000 денари, како и кај Финансирање на дејностите од областа на културата, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС за 60.000.000 денари.

Предложената прераспределба на буџетските средства е на дневен ред и на денешната 56. седница на Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!

Гета. Нула денари чини, рече арамијата Мицкоски. За 24 часа вистината излезе на виделина: 5,53 милиони евра од Лотарија. Дивиденда што требаше да оди во буџет. Пари на граѓаните, фрлени на бина.

СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!

Пет нови рудници во просторниот план до 2040 година. Антимон кај Крива Паланка- пет милиони долари грант, помалку од концерт на ди-џеј.

Јаловина во почва и вода. Дата-центри за туѓа дигитализација: струја на грб на граѓанинот, вода на земјоделецот.

Гостивар - дванаесет недели без извештај дека водата е чиста. Над педесет места без информации. Лепенец и Вардар затруени, без име, без да се знае кој, без одговорност. Ѓубре во Скопје на секој чекор. Проверка од дрон. А одговорни нема.

Броила: Адамовиќ–Мицкоски, извршители Божиновска–Лазаревиќ, Руднап. Орбанови автобуси во круг. Криминални тендери од стотици милиони евра. Тендер за татко, па таткото не е татко.

Обвинителство на повик. За вода нема одговорен. За тендери нема одговорни.

Циркус-дипломатија. Две недели екскурзија, педесет луѓе, стрини и тетки, на народен грб. Лобирање од 1,56 милиони долари, платено од трговец со оружје. Резултат: ходник со Рубио, пет милиони за антимон. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“.

Потрошувачка кошница со изнајмен стан - 95.000 денари. Гориво преку 100 денари.

Земјоделците се на раб на егзистенција, работат без пари, нема откуп, нема субвенции, ИПАРД загорзен затоа што директорот е уапсен за корупција.

Нема реформи. Има руска агенда и агенда на Вучиќ.

Министри од кругот на БИА го слават осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

Економски колапс. Работниците се понижени, нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра.

Пензионерите се украдени. Нема пари за пензии. Дупката во ПИОМ зголемена на 1 милијарда евра.

Вториот столб сакаат да го национализираат. Сега нов предлог - да им се земат парите на луѓето за да се инвестира. Од каде, кога нема пари? Значи ново задолжување.

Секоја недела државата зема 40, 50, 70, 100 милиони евра. За две години - четири милијарди евра нов долг. Половина од долгот за 30 години независност. Сè е потрошено на криминални тендери.

Нема подобри услови за преговори со ЕУ. Фон дер Лајен го кажа во лице: идентитетот и јазикот се зачувани. Чекорот останува. Ковеши пред членство. Тој е незадоволен. Затоа што лагата му ја одзедоа.

Што донесоа две и пол години ВМРО и Мицкоски? Сиромаштија. Изолација. Уништено стопанство. Полош стандард. Уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со празни празни паричници и празни фрижидери.

Што сега? Пролетни избори? Да избега од обврските кон ЕУ? Да му фрли ракавица некој Спутник? Да го предизвика големиот арамија? Да рече: народе, бирајте. Уште лаги. Уште анти-ЕУ пропаганда. Уште Латас и останатите.

СДСМ нема да биде алиби. Власта наскоро се враќа во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара пред независно судство и европско обвинителство.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски.

Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска.

Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026.

Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли.

Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола.

Влезници онлајн на следниот линк:

https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/

Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобили

Руските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Русите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобили

„Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко.

Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви.

Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер