Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
1Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
СветПреодниот претседателски совет на Хаити поднесе оставка и му ја предаде власта на премиерот Филс-ЕмеПреодниот претседателски совет на Хаити поднесе оставка и му ја предаде власта на премиерот Алекс Дидие Филс-Еме откако не успеа да го врати редот во земјата зафатена од сиромаштија и под контрола на вооружени банди, објавија француските медиуми.Предавањето на власта помеѓу советот, создаден во април 2024 година за враќање на стабилноста, и 54-годишниот хаитски лидер се случи во услови на зголемена безбедност во услови на особено напната политичка клима. „Пораката е јасна: безбедност, политички дијалог, избори, стабилност. Господине премиере, во овој историски момент, знам дека сте свесни за големината на одговорноста што ја преземате пред нацијата. Останете фокусирани на приоритетите на земјата“, изјави Лоран Сен-Сир, претседател на Преодниот претседателски совет, за Филс-Еме. Алекс Дидие Филс-Еме, кој веќе беше премиер, стана единствена извршна власт во земјата со распуштањето на Преодниот претседателски совет. Тој се соочува со тешката задача да соработува со длабоко поделена политичка класа за организирање избори. Хаити со години страда од насилство на бандите што доведе до убиства, силувања, грабежи и киднапирања. Најсиромашната земја во Америка, Хаити, не одржала избори од 2016 година и е без претседател од атентатот врз Жовенел Моиз во јули 2021 година. Според Обединетите нации, бандите контролираат 90 отсто од главниот град, Порт-о-Пренс, и само лани убиле речиси 6.000 луѓе. Поради загриженоста за институционален вакуум, Вашингтон, кој испрати три воени бродови во Хаити оваа недела, отворено ја изрази својата поддршка за Филс-Еме. Веќе неколку недели, хаитската полиција спроведува голема офанзива против криминалните групи во центарот на Порт-о-Пренс, што доведе до соборување на еден од нивните најозлогласени членови - Џими Шеризиер, познат по прекарот „Барбекју“.Тагови: Хаити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСекторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот. Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста. Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилна експлозија во фабрика за муниција во Италија (ВИДЕО)Силна експлозија одекна во фабрика за муниција во близина на италијанскиот град Колеферо, југоисточно од Рим, а детонацијата, според извештаите на локалните медиуми, се слушнала на километри оддалеченост.Ројтерс известува дека пожарникарите и полицијата брзо пристигнале на местото на пожарот што избувнал во индустрискиот комплекс. Надлежните служби веднаш почнале да проверуваат дали има жртви во несреќата. Експлозијата се случила во поранешната фабрика „Симел Дифенс“, која сега ја управува „KNDS Amo Italia“, дел од француско-германската одбранбена група „KNDS“. Телевизиските снимки покажуваат голем облак од густ чад што се издига над индустрискиот погон, додека службите за итни случаи интервенирале во областа на фабриката. Powerful explosion rocks an ammunition plant near Rome A fire and powerful explosion occurred at the KNDS Ammo Italy plant in Colleferro, which produces medium- and large-caliber ammunition as well as solid propellant for aerospace rockets. According to preliminary information,… pic.twitter.com/hm8FQ2GpUf — NEXTA (@nexta_tv) August 13, 2026 „KNDS Amo Italy“ произведува муниција со среден и голем калибар за копнени и поморски одбранбени системи, како и цврсти ракетни погонски горива за системи за лансирање во вселенската индустрија. Компанијата е исто така меѓу изведувачите вклучени во рамковните договори на Европската агенција за одбрана за набавка на артилериска муниција од 155 милиметри, склучени во 2023 година. Во времето на објавување, не беше познато дали има повредени или смртни случаи, ниту што точно ја предизвикало експлозијата.Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
СветУкраина и предлага на Русија прекин на нападите врз цивилни цели во Црното МореУкраина испрати понуда од трета страна до Русија за двете страни да престанат да напаѓаат цивилни цели во Црното Море, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.Украина сè уште не добила одговор на својата понуда, додаде изворот. Во последните недели, двете страни изјавија дека меѓусебните напади врз пратките со жито и инфраструктурата во виталниот воден пат би можеле значително да влијаат на светските цени на храната оваа година. Grateful to Ukrainian warriors who are bringing the war back to Russia and responding to its attacks against life. Our targets are consistently defined facilities that sustain the war effort. Middle strikes were carried out overnight, with successful hits in the Black Sea and… pic.twitter.com/lOCRhSjkG7 — Defense of Ukraine (@DefenceU) August 1, 2026 Извор: Индекс.хрТагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00