Со авионско засејување ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град - Канал 5

Со авионско засејување ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град

Средствата во висина од 60 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рурален развој на МЗШВ.

Со авионско засејување ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град

Со авионско засејување со сребрен јодит годинава ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град. Авионското засејување ќе се прави со три авиони од аероклубот „Скопје" чија понуда била избрана за најповолна на тендерот што го објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Средствата во висина од 60 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рурален развој на МЗШВ.

– Новина е тоа што наместо два, на располагање ќе бидат три летала, со што се очекува да се постигне подобра покриеност на целата територија и ќе се зголеми можноста за делување во повеќе региони кои истовремено се зафатени од појава на град, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Овој метод на заштита е воведен за првпат минатата година и според направената анализа на Управата за хидрометеоролошки работи се покажал како успешен. Анализата покажала дека лани имало натпросечен број на денови со нестабилна облачност при што се испалени вкупно 1.083 палки или 433 килограми реагенс за време од 180 часа лет на авионите.

– Не можеме да го игнорираме фактот дека климата се менува на целата земјина топка. Тоа е процес кој трае и кој ќе продолжи во иднина согласно сите научни истражувања. Токму затоа како Министерство преземаме чекори за заштита на земјоделските посеви. Авионското засејување е само еден чекор од стратегијата, истакна Хоџа.

Овој начин на заштита е еден од најсовремените и се смета за безбедна метода што ја користат многу други држави.

– Реагенсот што се користи е истиот што долги години се користеше во системот за градобијна заштита. Според истражувањата на терен градобијниот систем е помалку ефективен бидејќи реагенсот не секогаш влегува во нестабилната воздушна маса, додека со авионското засејување на градоносните облаци авионот доаѓа во близина на ваков облаци и самите струи на облакот го вовлекуваат реагенсот во облакот, појасни директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Костадин Ацевски.

Во просек во земјава се иплаќаат по три ипол милиони евра годишно за штети настанати од временски непогоди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски вели дека деновите за боледување од матичен ќе се кратат согласно со законот

Министерот за здравство Клековски посочи дека скратувањето на деновите за боледување кои на пациентите ќе може да им ги одобруваат матичните лекари е во рамки на законот.

Клековски вели дека деновите за боледување од матичен ќе се кратат согласно со законот

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Боледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни

Полицијата ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Фондот за здравствено осигурување подготвува построги контроли.

Боледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни

Полицијата ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Фондот за здравствено осигурување подготвува построги контроли, меѓу кои и можност за проверки на лицата кои користат боледување

Министерот вели дека Владата бара модалитет како да им стави крај на злоупотребите, но истовремено уверува дека секоја контрола мора да ги почитува човековите права на пациентите согласно со Уставот, законите и меѓународните стандарди.

-Сите знаеме дека во изминативе повеќе години, не се две, не се пет не се десет.... од самата независност на државата имаме катастрофални злоупотреби од страна на одредени чинители во рамки на овој дел од државнот апарат. Од огромен број на граѓани и од огромен број на неработници. Како во рамки на државните институции така и во приватните инститцуции. Како што сме ние овде денес на работа и работиме, како што колегата ваш е на работа и не е на боледување а не да оди на боледување кога ќе му текне, изјави – Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи .

Паралелно со најавите за засилени контроли, полицијата деновиве спроведува и повеќе акции против нелегалната трговија со дрога но и со лекови и медикаменти.

Во Струмичко, на сокриен дел од парцела кај местото „Матник“ во атарот на селото Секирник, полицијата откри и одзеде околу 680 килограми стебла канабис каде биле приведени две лица.

Според МВР, осомничените претходно ја подготвиле почвата, ги засадиле и одгледувале растенијата, а при полициската акција биле одземени

- Станува збор за акција која што се работи поголем временски период во однос на СВР Струмица. Морам да се заблагодарам на полициските службеници кои спиеја на нива.... да дојдеме до резултат, кој доведе до откривање на кривично дело производство и пуштање на накортични дроги. Станува збор за доста поголма количина на марихуана која била одгледувана во СВР Струмица – истакна Тошковски.

Во друга поилицидка акција поврзана со голема заплена на нелегални лекови и суплементи биле запленети и 100 илјади евра. Тошковски вели дека дел од запленетите лекови биле наменети за македонскиот, а дел за пазарот во соседството. Кримининалната група била разотркеина и преку анализата на телефони одземени во претходна акција на полицијата.

Тошковски очекува Обвинителството и судот да го продолжат случајот и истиот да добие судска разрешница, со што, како што посочи, ќе се испрати јасна порака дека никој не е над законот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири недели молк од АВМУ за „Арена М“ - ММА бара одговори

Во етер ги има секој ден, а АВМУ и четири недели подоцна нема одговор врз основа на која документација Арена М каналите емитуваат програма во Македонија, без да имаат било каква лиценца или концесија.

Четири недели молк од АВМУ за „Арена М“ - ММА бара одговори

Од Македонксата меидумска асоцијација денеска упатија уште едно писмено барање, а најавуваат и кривична пријава за директорот Трајчевски. Директорот на Канал 5 и претседател на ММА - Иван Мирчевски вели дека е со тоа што ААВМУ ја претставува Арена М како странска компанија, иако станува збор за домицилна, македонска компанија која има простории во земјава, уредништво, директорот Трајчевски го дерегулира и делегитимира медиумскиот пазар.

-Моја лична препорака до господинот Трајчевски е во најкус можен рок да си даде оставка, затоа што наредната недела ММА планира да појде до јавното обвинителство, да видиме дали има елементи, се надевам дека ќе им биде јасно дека има елементи за злоупотреба на службената позиција. - Иван Мирчевски – Директор на Канал 5

Последен доказ дека Арена М е домашна компанија, од ММА го посочуваат огласот за вработување на хигиеничарка, во која јасно се гледа дека дирмата е регистрирана во Скопје.

Од ММА веќе реагираа и до ЕК и ЕУ, со оглед дека Арена М каналите не се регистриани ниту во европскиот опсерваторски сајт Мависе.

-Ова се нарекува само со еден збор - ТВ пиратерија. Компанијата е регистрирана во Македонија која ги врши вработувањата за потребите на тој телевизиски канал, сега имаат и оглас на нивниот официјален Е-маил и не ми е јасно како се невидливи за регулатори. Од друга страна тие истовремено се шетаат по јавните институции по Владите, институции, други едни наши колеги кои се псевдоновинари, кои не припаѓаат на редакција, работат за некаква Еуроњуз редакција која се уште не е во правниот промет. Така што, регулаторот кој треба да го регулира медиумскиот пазар, дебело го дерегулира, што мислам дека дебело е печен за соодветен кривичен поднесок до јавното обвинителство. - Иван Мирчевски – Директор на Канал 5

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорот Зоран Трајчевски, но тој во порака ни одговори дека не може да даде изјава поради службено патување во Брисел. Не упати да се обратиме во АВМУ, но ниту од таму не добивме одговор на нашите прашања – врз основа на кои документи Арена М се смета како канал кој се реемитува и каде е тој регистран, со оглед дека не е заведен ниту во српскиот регулатор РЕМ.

Од агенцијата само повторија дека сите одговори ги дале во претходните соопштија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер