Боледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни
1Боледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ТехнологијаНови беспилотни летала за американската војска: Автономија поголема од 16.000 километри!Се очекува наскоро да полета ново беспилотно летало со голем домет, кое има распон на крилјата од 22 метри и можност да прелета до 16.600 километри без дополнување гориво.Леталото, наречено „Гамера“, може да носи различни видови опрема или да дејствува во големи јата. Дизајнирано е за извршување мисии за извидување и напади на големи растојанија за потребите на Американските воздухопловни сили. „Гамера“ се одликува со два паралелни главни трупа наместо еден централен. Моторот е поставен на посебна конструкција меѓу нив, позициониран директно над крилото. Пропелерот сместен на предниот дел од моторот обезбедува потисок за движење напред. Леталото има седум точки за прикачување на товар и може да носи товар со тежина до 1.270 килограми, вклучувајќи ги и противбродските ракети со голем домет што моментално ги користат вооружените сили на САД. Благодарение на модуларниот хардвер, леталото овозможува замена на товарот и системите за да се задоволат променливите барања на мисиите. Неговиот домет и капацитет за носење товар исто така може да се прилагодат според специфичните потреби на мисијата. Архитектурата за управување е дизајнирана така што еден оператор може истовремено да управува со до 35 летала од типот „Гамера“. Извор: Б92Тагови: дронови САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБоледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни Полицијата ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Фондот за здравствено осигурување подготвува построги контроли.Полицијата ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Фондот за здравствено осигурување подготвува построги контроли, меѓу кои и можност за проверки на лицата кои користат боледување Министерот вели дека Владата бара модалитет како да им стави крај на злоупотребите, но истовремено уверува дека секоја контрола мора да ги почитува човековите права на пациентите согласно со Уставот, законите и меѓународните стандарди. -Сите знаеме дека во изминативе повеќе години, не се две, не се пет не се десет.... од самата независност на државата имаме катастрофални злоупотреби од страна на одредени чинители во рамки на овој дел од државнот апарат. Од огромен број на граѓани и од огромен број на неработници. Како во рамки на државните институции така и во приватните инститцуции. Како што сме ние овде денес на работа и работиме, како што колегата ваш е на работа и не е на боледување а не да оди на боледување кога ќе му текне, изјави – Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи . Паралелно со најавите за засилени контроли, полицијата деновиве спроведува и повеќе акции против нелегалната трговија со дрога но и со лекови и медикаменти. Во Струмичко, на сокриен дел од парцела кај местото „Матник“ во атарот на селото Секирник, полицијата откри и одзеде околу 680 килограми стебла канабис каде биле приведени две лица. Според МВР, осомничените претходно ја подготвиле почвата, ги засадиле и одгледувале растенијата, а при полициската акција биле одземени - Станува збор за акција која што се работи поголем временски период во однос на СВР Струмица. Морам да се заблагодарам на полициските службеници кои спиеја на нива.... да дојдеме до резултат, кој доведе до откривање на кривично дело производство и пуштање на накортични дроги. Станува збор за доста поголма количина на марихуана која била одгледувана во СВР Струмица – истакна Тошковски. Во друга поилицидка акција поврзана со голема заплена на нелегални лекови и суплементи биле запленети и 100 илјади евра. Тошковски вели дека дел од запленетите лекови биле наменети за македонскиот, а дел за пазарот во соседството. Кримининалната група била разотркеина и преку анализата на телефони одземени во претходна акција на полицијата. Тошковски очекува Обвинителството и судот да го продолжат случајот и истиот да добие судска разрешница, со што, како што посочи, ќе се испрати јасна порака дека никој не е над законот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаЧетири недели молк од АВМУ за „Арена М“ - ММА бара одговори Во етер ги има секој ден, а АВМУ и четири недели подоцна нема одговор врз основа на која документација Арена М каналите емитуваат програма во Македонија, без да имаат било каква лиценца или концесија.Од Македонксата меидумска асоцијација денеска упатија уште едно писмено барање, а најавуваат и кривична пријава за директорот Трајчевски. Директорот на Канал 5 и претседател на ММА - Иван Мирчевски вели дека е со тоа што ААВМУ ја претставува Арена М како странска компанија, иако станува збор за домицилна, македонска компанија која има простории во земјава, уредништво, директорот Трајчевски го дерегулира и делегитимира медиумскиот пазар. -Моја лична препорака до господинот Трајчевски е во најкус можен рок да си даде оставка, затоа што наредната недела ММА планира да појде до јавното обвинителство, да видиме дали има елементи, се надевам дека ќе им биде јасно дека има елементи за злоупотреба на службената позиција. - Иван Мирчевски – Директор на Канал 5 Последен доказ дека Арена М е домашна компанија, од ММА го посочуваат огласот за вработување на хигиеничарка, во која јасно се гледа дека дирмата е регистрирана во Скопје. Од ММА веќе реагираа и до ЕК и ЕУ, со оглед дека Арена М каналите не се регистриани ниту во европскиот опсерваторски сајт Мависе. -Ова се нарекува само со еден збор - ТВ пиратерија. Компанијата е регистрирана во Македонија која ги врши вработувањата за потребите на тој телевизиски канал, сега имаат и оглас на нивниот официјален Е-маил и не ми е јасно како се невидливи за регулатори. Од друга страна тие истовремено се шетаат по јавните институции по Владите, институции, други едни наши колеги кои се псевдоновинари, кои не припаѓаат на редакција, работат за некаква Еуроњуз редакција која се уште не е во правниот промет. Така што, регулаторот кој треба да го регулира медиумскиот пазар, дебело го дерегулира, што мислам дека дебело е печен за соодветен кривичен поднесок до јавното обвинителство. - Иван Мирчевски – Директор на Канал 5 Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорот Зоран Трајчевски, но тој во порака ни одговори дека не може да даде изјава поради службено патување во Брисел. Не упати да се обратиме во АВМУ, но ниту од таму не добивме одговор на нашите прашања – врз основа на кои документи Арена М се смета како канал кој се реемитува и каде е тој регистран, со оглед дека не е заведен ниту во српскиот регулатор РЕМ. Од агенцијата само повторија дека сите одговори ги дале во претходните соопштија. Тагови: АВМУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаНовиот амбасадор во Бугарија, Крум Ефремов ја презентираше дипломатската платформа пред СобраниетоДеескалација на односите преку промена во пристапот и градење на позитивна клима меѓу двете држави – ова се дел од приоритетите на новиот македонски амбасадор во Бугарија – Крум Ефремов Деескалација на односите преку промена во пристапот и градење на позитивна клима меѓу двете држави – ова се дел од приоритетите на новиот македонски амбасадор во Бугарија – Крум Ефремов кој денеска ја претстави својата платформа за идни дипломатски активности пред Собраниската комисија за надворешна политика. Моменталните односи не се на соодветно ниво за две земји сојузнички во НАТО и две земји со европски интерес, изјави Ефремов. -Нерешеното прашање во врска со спречувањето во преговорите за пристапување на нашата земја во ЕУ од страна на Република Бугарија претставува најголем предизвик. Во делот на она што нашата земја ќе го прави во иднина е барањето и посветеноста на изнаоѓање на решение преку дијалог, со добра волја и сигурност и гаранции а не повторување на стагнацијата. Всушност одржувањето на статусот кво не е во интерес на ниедна страна,- -Крум Ефремов, вонреден и ополномоштен Амбасадор на Македонија во Бугарија. Ефремов кажа дека досега се одржани 40 средби на Истоприскатѕа комсиија која преозиле од Договор за добрососедтсво од 2017 година, а согласнот е постигната за заедничко чевствување на 4 личности и 10 препроаки за образовните програми.. Освен на експертско ниво, Ефрмов најави дека во фоксуот ќе му биде и развивањето на политичките билатерални односи, притоа организирајќи средби на сите нивоа, вклучително и на високо. -Бугарија во секоја прилика и натаму ја потврдува својата посветеност на европскиот консензус од 2022та односно условот за Македонија за отворање на преговорите за членство и го повторува барањето за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, констатираше Ефремов во своето излагање. Ефремов, напомена дека Бугарија е на 6то место на наши трговски партнери со кого трговијата во текот на една деценија се дуплирала и сега изнесува над 1 милијарда евра и псоочи дека е потребна соработка на сите полиња, меѓу кои и гасно поврзување, отворање на три нови гранични премини, подобрена патна и транспортна инфраструктура како и поголема парламентарна и економска соработка меѓу двете држави.. Освен Ефремов, своите дипломатски активности ги претставија и новите македонски амбасадори во Кралството Норвешка - Дритон Кучи, Кралството Шведска - Мухарем Јусуфи и Романија - Габриел Атанасов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50