Велковски на министерски состанок за млади од Западен Балкан во Црна Гора: Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на реформите
2Велковски на министерски состанок за млади од Западен Балкан во Црна Гора: Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на реформите
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаБоледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни Полицијата ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Фондот за здравствено осигурување подготвува построги контроли.Полицијата ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Фондот за здравствено осигурување подготвува построги контроли, меѓу кои и можност за проверки на лицата кои користат боледување Министерот вели дека Владата бара модалитет како да им стави крај на злоупотребите, но истовремено уверува дека секоја контрола мора да ги почитува човековите права на пациентите согласно со Уставот, законите и меѓународните стандарди. -Сите знаеме дека во изминативе повеќе години, не се две, не се пет не се десет.... од самата независност на државата имаме катастрофални злоупотреби од страна на одредени чинители во рамки на овој дел од државнот апарат. Од огромен број на граѓани и од огромен број на неработници. Како во рамки на државните институции така и во приватните инститцуции. Како што сме ние овде денес на работа и работиме, како што колегата ваш е на работа и не е на боледување а не да оди на боледување кога ќе му текне, изјави – Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи . Паралелно со најавите за засилени контроли, полицијата деновиве спроведува и повеќе акции против нелегалната трговија со дрога но и со лекови и медикаменти. Во Струмичко, на сокриен дел од парцела кај местото „Матник“ во атарот на селото Секирник, полицијата откри и одзеде околу 680 килограми стебла канабис каде биле приведени две лица. Според МВР, осомничените претходно ја подготвиле почвата, ги засадиле и одгледувале растенијата, а при полициската акција биле одземени - Станува збор за акција која што се работи поголем временски период во однос на СВР Струмица. Морам да се заблагодарам на полициските службеници кои спиеја на нива.... да дојдеме до резултат, кој доведе до откривање на кривично дело производство и пуштање на накортични дроги. Станува збор за доста поголма количина на марихуана која била одгледувана во СВР Струмица – истакна Тошковски. Во друга поилицидка акција поврзана со голема заплена на нелегални лекови и суплементи биле запленети и 100 илјади евра. Тошковски вели дека дел од запленетите лекови биле наменети за македонскиот, а дел за пазарот во соседството. Кримининалната група била разотркеина и преку анализата на телефони одземени во претходна акција на полицијата. Тошковски очекува Обвинителството и судот да го продолжат случајот и истиот да добие судска разрешница, со што, како што посочи, ќе се испрати јасна порака дека никој не е над законот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО: Истрага за насилство врз лекар Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката “Букурешт”, осомничениот извршил грубо насилство врз, лекар-гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканували физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВелковски на министерски состанок за млади од Западен Балкан во Црна Гора: Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на реформитеМинистерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на „Министерскиот состанок за млади од Западен Балкан 2026“, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора.Состанокот беше организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) во партнерство со Министерството за спорт и млади на Црна Гора, под покровителство на Владата на Црна Гора, во рамки на Берлинскиот процес. На состанокот учествуваа министри и шефови на делегации надлежни за младите од земјите од Западен Балкан. Министерскиот состанок претставува високо ниво на меѓувладина платформа за политички дијалог, зајакнување на регионалната координација и усогласување на пристапите во политиките што се однесуваат на потребите и перспективите на младите. Посебното значење на овогодишниот состанок е и во тоа што се одбележуваат 10 години од основањето на RYCO, која во изминатата деценија се разви во значајна регионална платформа за младинска соработка, дијалог, размена и градење доверба. Во рамки на министерската програма се разговараше за приоритетите за регионална младинска соработка, со посебен фокус на тоа како младите да бидат поефективно вклучени во тековните реформски процеси – не само како корисници, туку како активни придонесувачи во креирањето, спроведувањето и следењето на политиките. Во овој контекст, теми на разговор беа младинското учество во донесувањето одлуки, регионалната мобилност и поврзаност, образованието, вработувањето, претприемништвото, волонтерството, младинските иницијативи, како и улогата на младите во пошироките реформски процеси поврзани со економскиот развој, миграцијата, безбедноста, социјалната кохезија и европската интеграција. Во таа насока, министерот Велковски информираше дека во државата се работи на концепт за единствен национален агрегатор за млади, преку кој на едно место ќе бидат достапни информации за програмите и можностите што ги нудат државните институции, општините, младинските организации и другите релевантни чинители во општеството. „Верувам дека ваквиот пристап во иднина може да добие и регионална димензија. Нашата амбиција треба да биде еден млад човек во Скопје, Подгорица, Сараево или Тирана лесно да може да ги види можностите што му се достапни не само во сопствената земја, туку и во регионот,“ истакна Велковски. Министерот во рамки на дискусиите потенцираше дека младите треба да имаат реална можност да учествуваат во идентификувањето на предизвиците, предлагањето решенија и следењето на резултатите, на локално, национално и регионално ниво. Посебен акцент беше ставен и на поврзувањето на националните младински политики со пошироките реформски процеси. Во тој контекст, Националната стратегија за млади 2023–2027 и Акцискиот план 2026–2027 се препознаваат како важни механизми за поврзување на младинските приоритети со реформите во областите кои директно влијаат врз младите. Една од темите на состанокот беше и RYCOncile – Фондот за млади на RYCO, како практичен механизам преку кој политичките заложби за младите треба да се претворат во конкретни можности и активности. Фокусот е на поддршка на младински иницијативи, регионална соработка, мобилност, учество, инклузија и социјална кохезија. Одржувањето на Министерскиот состанок има за цел да придонесе кон понатамошно јакнење на регионалната младинска соработка и да ги поврзе политичките определби со конкретни механизми за нивна реализација. Учеството на Македонија на овој висок политички форум е можност за размена на искуства и добри практики со земјите од регионот, за зајакнување на регионалната координација во младинските политики и за отворање простор за нови иницијативи и механизми што ќе придонесат кон поголемо учество и поврзаност на младите.Тагови: Велковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите - ЕУ гледа банда на власт, тоа не е народотМинистерот за полиција излезе пред амбасадори и рече: време е и за нас да важат истите принципи. Правда. Правичност. Реципроцитет. Личен пример во полиција, суд, обвинителство. Тошковски мора да разбере едно. Брисел не го меша народот со ВМРО-ОКГ. Народот го гледа како народ. Власта ја гледа како организирана криминална група што ги држи институциите. Затоа извештајот е катастрофален токму за мешање во правосудство. Затоа реформите стојат. Затоа вториот рок истече. Затоа Македонија чека во место. Народот не е бандата. Не смее Тошковски да ги изедначува. ЕУ ги гледа граѓаните исто како граѓаните на другите земји, ама бандата не смее да биде на власт. Бандата не спроведува реформи. Ја узурпира полицијата. Судот. Обвинителството. Во ЕУ премиерот не поставува обвинител преку телевизор. Не наредува политички прогон од собраниска говорница. Владата не превезува пет тони дрога преку граница. Не поставува луѓе со криминално минато за почесни конзули, па им дава да земаат народни пари за броила. Нема во ЕУ министерка дваесет години во мрежата на Лазаревиќ што бара извинување наместо регистар. Нема премиер што ходникот го продава како самит. Тошковски зборува за личен пример во институцијата во која е. Неговата институција хиперхлорираше вода во Гостивар и единаесет недели нема извештај. Неговата институција снима „safe city“ додека 5 тони товар минува преку граница. Неговиот бодигард на шефот на бандата излегува без казна. Тоа е личниот пример. Принципите што ги бара веќе важат за држави каде што полицијата не е партиска, судот не е на телефон, обвинителот не се именува од екран. Затоа ЕУ не нè гледа како нив. Гледа банда на клучевите. Народот го гледа зад бандата. СДСМ е со граѓаните. Патот кон Унијата е слободен суд, слободно обвинителство, граница што одговара, конзул што не ја продава струјата. Не лекција од министер на организирана криминална група. Кога бандата си оди, ЕУ ќе нè гледа како другите. Дотогаш гледа точно што има: Тошковски, Мицкоски, ВМРО, криминал и корупција. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook