Следната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа - Канал 5

Следната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа

Според најавите, температурите во делови од Европа ќе се искачуваат над 30 и 35 степени, а локално може да достигнат и да надминат 40°C,

Следната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа

Според најавите, температурите во делови од Европа ќе се искачуваат над 30 и 35 степени, а локално може да достигнат и да надминат 40°C, додека Македонија ќе ја почувствува жештината со послаб интензитет, со највисоки вредности до 35 или 36°C.

Најпогодени од бранот треба да бидат централна, западна и југозападна Европа, како и Италија, каде што се очекува воздухот да биде значително потопол од просекот за јуни. Во дел од тие региони температурите може да бидат за 10 до 15 степени повисоки од вообичаените, а локално и повеќе од тоа.

Причината за ваквата промена е продор на многу топол воздух од Африка, засилен со поле на висок воздушен притисок. Таквата комбинација најчесто носи многу сонце, слаба нестабилност, малку облаци и долготрајно задржување на жештината над голем дел од континентот.

Македонија ќе биде под влијание на истиот топол бран, но со поумерен интензитет. Температурите во текот на следната седмица ќе растат и ќе се движат од 28 до 35, односно локално до 36 степени. Тоа значи дека земјава нема да биде во центарот на најекстремната жештина, но сепак ќе влезе во период на вистински летни температури.

Во Македонија повремено ќе има услови и за поретка локална попладневна нестабилност, со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Таквата појава нема да ја смени општата слика на топло време, но може локално и краткотрајно да донесе промена, особено во попладневните часови.

Денеска не очекува сончево време со температура до 34 степени.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен правец, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде до 34 степени, стои во извештајот од УХМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош.

Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи  на Бит пазар

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.

Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија со симпатичен и разигран дизајн.

53 годишната Хајди и Том беа фотографирани на Октоберфест во Минхен, каде што уживаа во празничната атмосфера и носеа традиционална облека.

Манекенката носеше сина фустан-носија (дирндл) со црвени детали, соодветни сатенски чевли со потпетици и бели очила за сонце во ретро стил.

Сепак, во препознатливиот стил на Хајди, ниту овојпат не можеше да се пропушти еден смел детал. Горниот дел од нејзиниот фустан во стилот „дирндл“ беше тесен и припиен, додека белата чипкана блуза имаше длабоко деколте, кое дополнително ги истакнуваше нејзините облини наместо целосно да ги покрие.

Контроверзната Германка сето тоа го искористи за да објави провокативно видео на социјалните мрежи.

Во видеото што го објави на социјалните мрежи, Хајди покажа дел од подготовките и откри со какви тешкотии се соочила додека се обидувала соодветно да го затегне горниот дел од фустанот. Во еден момент изгледаше како фустанот да ѝ е дури и мал, но Хајди сепак успеа да ги „скроти“ своите гради.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер