Сити го убедува Гвардиола да остане и нуди доаѓање на двајца играчи за 300 милиони евра - Канал 5

Сити го убедува Гвардиола да остане и нуди доаѓање на двајца играчи за 300 милиони евра

Пеп Гвардиола го претвори Манчестер Сити во тим кој доминира во англискиот фудбал.

Сити го убедува Гвардиола да остане и нуди доаѓање на двајца играчи за 300 милиони евра

Во претходните седум сезони шест пати беа шампиони, а минатата сезона по четврти пат по ред станаа шампиони, што досега никому не му успеало. Друг белег на неговиот мандат беше тројната круна во 2023 година.

Тренер е 16 години, а само три години нема освоено титула. Со Манчестер Сити освои сѐ, исто како и претходно со Барселона, додека со Баерн не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Гвардиола несомнено е еден од најголемите во историјата, а моментално е во својата деветта сезона со Сити.

Во англискиот клуб остана значително подолго отколку во Барселона (четири години) и Баерн (три години). Бројни медиуми прогнозираат дека тој би можел да замине во 2025 година, кога му истекува договорот, но Сити сака да го задржи по секоја цена. Ќе му понудат нов договор со плата поголема од 20 милиони евра по сезона, а го убедуваат да остане со потенцијални засилувања.

Станува збор за двајца германски 21-годишни офанзивци, Џамал ​​Мусиала од Баерн Минхен и Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Според Трансфермаркт и двајцата вредат по 130 милиони евра, а Сити е убеден дека би можел да ги донесе за вкупно 300 милиони и на нив да ја изгради следната генерација.

Мусијала веќе е носител на баварскиот клуб. Во претходните две сезони за Баерн постигна 30 гола. Претходната сезона, во последното коло од Бундеслигата, тој постигна гол во последните минути против Келн и со тоа ги скрши срцата на навивачите на Борусија Дортмунд, а на Баерн му ја донесе титулата.

Роден е во Штутгарт. Неговиот татко е Нигериец, а неговата мајка е Германка со полски корени. На седумгодишна возраст се преселил во Англија, каде што бил дел од академијата и младинските тимови на Челзи, но подоцна се вратил во Германија и решил да игра за земјата во која е роден. Неговиот договор со Баерн истекува за две години и тоа може да ги олесни преговорите за Сити.

Виртц исто така се разви во играч од светска класа и покрај тоа што претрпе сериозна повреда на коленото на само 19 години. Во претходната сезона, во која Баер ја презеде двојната круна и претрпе само еден пораз, имаше блескави 18 гола и 20 асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа во Италија: Шестмина загинати, 30 повредени

 Шест лица загинаа, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот во италијанската провинција Риети, во близина на езерото Вентина, соопштија полициски извори.

Тешка несреќа во Италија: Шестмина загинати, 30 повредени

Според полициски извори, загинале двајца возачи на автобус и двајца патници, додека другите две жртви биле во камперот, пренесува „Кориере дела сера“. Од 30-те лица повредени во судирот, тројца се во тешка состојба.

Во челниот судир меѓу кампер што се движеше кон Терни и автобус што се движеше по спротивната лента, кон Риети, учествуваа и три автомобили.

Камперот вклучен во судирот беше целосно уништен, додека еден автомобил се преврте.

Причината и деталите за несреќата сè уште се предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотите

Грчката противпожарна служба потврди дека се извлечени телата на пилотите чиј хеликоптер експлодираше и се урна по судирот со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење пожар во Грција.

ВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотите

Пилотот бил Данец, а копилотот Грк, објави државниот сервис ERT. Со нивната смрт, вкупниот број на жртви од шумските пожари во Грција се искачи на пет, по смртта на тројца пожарникари на Крит и на Пелопонез минатата недела.

ERT емитуваше снимка на која се гледа како роторот на едниот хеликоптер удира во другото летало, по што тоа експлодира и во пламен паѓа на земјата.

Двајца членови на екипажот од вториот хеликоптер го преживеале инцидентот откако пилотот успеал да изведе принудно слетување, објави медиумот.

Хеликоптерите се судрија додека гаснеле пожар западно од Атина.

Започната е голема операција за пребарување и спасување во областа близу селото Псата, соопшти противпожарната служба.

Во меѓувреме, пламените јазици од огромен пожар, што беснее на околу 50 километри западно од Атина, се проширија до непосредна близина на градот Мегара, кој брои околу 36.000 жители. Според првичните проценки, од петокот досега се уништени повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, објави ЕРТ. Стотици припадници на службите за итни интервенции, вклучително и пожарникари од Романија и Франција, се борат со големиот пожар што беснее околу густо пошумениот планински венец Китерон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Продолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степени

Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер