Сите приоди кон Бањска се уште се блокирани, на Косово денеска мирно, но тензично - Канал 5

Сите приоди кон Бањска се уште се блокирани, на Косово денеска мирно, но тензично

На Косово денеска мирно, но тензично. 

Сите приоди кон Бањска се уште се блокирани, на Косово денеска мирно, но тензично

Ден по вооружениот судир во кој загинаа најмалку четворица Срби и еден припадник на косовската полиција, на терен се уште има засилено полициско присуство и оклопни возила. Косовските власти презентираа дел од оружјето за кое велат дека го пронашле, а дополнително информираа дека на шест лица за кои се сомневаат дека биле дел од нападот им е одреден 48 часовен притвор. Во Косово е прогласен ден на жалост, а косовските власти на посебна церемонија посмртно го одликуваа полицаецот Африм Буњаку со орден, за како што посочија, неговата одрбана на законот и територијалниот интегритет на Косово.

Властите во Белград и Приштина и денеска упатуваат меѓусебни обвинувања за нападот. Српските власти тврдат дека инцидентот е поради како што велат, теророт на косовскиот премиер Албин Курти. Српскиот Претседател Вучиќ пак, по вчерашното обраќање на јавноста, денеска на средба со рускиот амбасадор во Белград преку социјалните мрежи пренесе дека го информирал за етничкото чистење кое се спроведувало на Косово, со како што наведе, поддршка на целата меѓународна заедница.

-Иако секој ден и во Брисел и во Њујорк предупредував дека до ова може да дојде, ретко која сакаше да слуша. Срби, не од Централна Србија, како лажеа приштинските медиуми, туку од Косово и Метохија се побунија, не сакајќи да го трпат веќе теророт на Курти.- Александар Вучиќ – Претседател на Србија

-Претседателот Вучиќ предупредува дека сосема можно и многу извесно да дојде до ваков (вооружен) судир на Косово и Метохија. Секако, единствениот виновник за ова е Албин Курти, ова е неговиот животен сон, тој сака оружени судири. Тој ќе направи се што е потребно за да се испровоцираат тие вооружени судири. Но, на крајот некој на него му го дозволува ова. - Ана Брнабиќ – Премиерка на Србија

Косовскиот премиер Курти пак, прстот за нападот го впери директно кон Белград. Според него, вооружената група била директно финансирана и поддржувана од српските власти.

-Професионалната реакција на полицијата резултираше со елиминација на дел од терористите и криминалци, приведување на други и неутрализирање на целата нивна група, како и конфискација на оружје и алатки за логистичка поддршка. Од вчера веќе ништо не може да биде исто, фактите излегоа токму пред нас, во нашите очи и во очите на меѓународната заедница.- Албин Курти – Премиер на Косово

Повици за деесакалација на ситуацијата пристигнаа од целата меѓународна заедница. Посебниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак рече дека ќе се фокусира на изнаоѓање на решение. Порака за смирување на ситуацијата и осуда на нападите испрати и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. 

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози.

Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност.

Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни.

„Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер