Системско решение против злоупотреба на службите за безбедност

Владата останува на ставот да се прекине постапката за утврдување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуницикации, кој овозможува непречен пристап на УБК до текелекомуникациските оператори, но го промени образложението.

Прво беше дека членот воопшто не навлегува во постапката за следење на комуникациите, а сега велат дека владиното мислење е за да не се прави двојна работа, бидејќи и ова прашање ќе биде решено во сетот реформи на безбедносните служби.

-Мислењето од последната владина седница е во насока да не се прави двојна работа, односно да нема парцијални решенија се додека не го имаме конкретното специфично реформско системско решение кое што ќе ни осигура на сите нам како држава дека злоупотребите на системот нема да се случуваат.

Владиниот портпарол Бошњаковски најавува дека за неполн месец, по локалните избори, новите законски решенија во безбедносниот систем ќе бидат готови и за нив ќе се отвори јавна дебата. Целта, вели, е да се понуди системско решение кое ќе гарантира дека нема да се случуваат злоупотреби на системот.
-Сакаме да обезбедиме сигурност за граѓаните на Република Македонија дека никој и никогаш без разлика кој и да е на власт нема да помисли да ги злоупотребува службите за безбедност на оваа држава- изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Насоките за законите веќе се содржани во препораките на експертот на ЕУ, Прибе. Истражувачот во Центарот за европски статегии, Евротинк, Александар Колекески, е уверен дека тие ќе бидат земени во предвид – вклучително и укинување или измена на спорниот член 175, бидејќи токму тој овозожува УБК да ги пресретнува комуникации без јасна судска контрола.


Колекески вели дека нивните истражувања покажуват дека повеќе од 50 проценти од македонските граѓани веќе со години се уверени дека тајните служби ги прислушуваат комункациите на луѓето што ги сметаат за противници. Бошњаковски пак, уверува дека во овие неколку месеци од промената на власта со сигурност не се прислушува без налог.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер