Сирски: Развојот на беспилотни системи е мој приоритет - Канал 5

Сирски: Развојот на беспилотни системи е мој приоритет

 Развојот на беспилотни системи или беспилотни летала е клучен за остварување на предноста на Киев во однос на „нумерички супериорните“ руски сили, рече командантот на украинските сили Олександар Сирски.

Сирски: Развојот на беспилотни системи е мој приоритет

-Развојот на беспилотни системи е мој приоритет. Бараме асиметрични решенија за да добиеме квалитативна предност во однос на бројно супериорниот противник, рече Сирски на Телеграм по средбата со заменикот Вадим Сухаревски.

Зголемената употреба на беспилотни летала од двете страни го префрла конфликтот од бојното поле кон меѓусебни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура.

Претседателот Владимир Путин, кој во неделата доби уште шест години на власт по победата на претседателските избори во Русија, рече дека московските сили имаат предност на бојното поле во Украина и вети дека ќе ја продолжат воената операција.

Како дел од воените реформи, украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди во февруари да се создаде посебен огранок на украинските вооружени сили посветен на беспилотните летала.

Воените аналитичари велат дека беспилотните летала потенцијално би можеле да и дадат на Украина технолошка предност во однос на Москва, со оглед на недостатокот на артилериски гранати и друго потрадиционално оружје. Но, руската индустрија за беспилотни летала исто така брзо се развива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот

Тајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот, откриени детали за тоа што му рекле лидерите на Финска и Норвешка

Тајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот

Финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе воспоставија таен канал за комуникација со рускиот претседател Владимир Путин – со посредство на еден руски олигарх – во обид да спречат директен воен судир во Балтичкото Море.

Според „Волстрит џурнал“, двајцата лидери се обиделе да ги ублажат стравувањата на Москва во врска со можна поморска блокада и да спречат опасна ескалација.

Балтичкото Море стана една од најчувствителните точки на тензија меѓу Русија и Западот. Русија преку овие води транспортира повеќе од 60 отсто од својот извоз на нафта по морски пат – со што ја финансира својата воена економија – додека околните региони се граничат со земји-членки на НАТО.

Поради запленувањето на танкери што припаѓаат на руската „флота од сенка“, како и изјавите на одредени европски политичари за можното затворање на Финскиот Залив, во Москва расте загриженоста од можноста за поморска блокада. Како одговор, Кремљ нареди руските танкери да бидат придружувани од воени бродови опремени со ракети способни да носат нуклеарни боеви глави.

Германската крајбрежна стража забележала 260 вакви случаи во текот на изминатата година. Тензиите дополнително се заострија поради инциденти на море.

Во јуни, руската корвета „Сообразителни“ за малку ќе се судреше со пловила на германската крајбрежна стража. Во септември, кон дански хеликоптер беа испукани сигнални ракети, додека во октомври беше блокиран пристапот до танкер кој наишол на проблеми во близина на островот Борнхолм.

Според „Волстрит џурнал“ (WSJ), Москва во септември испратила и писмено предупредување до НАТО, во кое навела дека е подготвена да изврши превентивни нуклеарни напади за да ги заштити своите интереси на Балтикот – дури и во отсуство на директен напад врз руска територија.

Поради ризикот од неконтролирана ескалација, Пентагон кон крајот на октомври ги повика своите сојузници од балтичките земји да ја ублажат својата реторика. По ова, Хелсинки и Осло одлучија да се обидат директно да ја деескалираат ситуацијата. Бидејќи официјалните дипломатски канали не вродија со плод, Стуб и Сторе стапија во контакт со еден руски олигарх, кој отпатува во Норвешка на разговори со високи функционери. По овие консултации, тој се врати во Москва за да му ја пренесе пораката од двајцата лидери на Путин.

Претседателите на Финска и Русија, заедно со норвешкиот премиер, на 27 октомври остварија телефонски разговор. Во официјалното соопштение се наведува дека дискусијата била фокусирана на ставање крај на војната во Украина; сепак, „Волстрит џурнал“ (WSJ) пренесува дека двајцата европски лидери всушност се обиделе да ги отстранат стравувањата на Кремљ во врска со можна поморска блокада.

„Немаме намера да го блокираме Балтикот во мирнодопски услови – во тоа можете да бидете сигурни. Ќе постапуваме во согласност со законот“, изјавил Стуб за време на разговорот, според „Волстрит џурнал“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?

Илјадници вработени во култура криминалната власт ги става под ризик да останат без колективните договори и да се врати состојбата пред 2020 година.

СДСМ: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?

Пари во Буџетот нема за да ги следи обврските од Колективниот договор. Документ што со години ги гарантира работничките права на вработените во културниот сектор.

Зошто е тоа така?

Дали криминалната влада која контролира се во државата однапред ја знае одлуката на Уставниот суд кој утрте треба да одлучува по предметот со кој е оспорен Колективниот договор за културата.

Сакаме да испратиме јасна порака: работничките права не смеат да бидат загрозени, а Уставниот суд не смее да стане продолжена рака на која било власт!

Колективниот договор за култура беше резултат на долгогодишна синдикална борба, преговори и социјален дијалог. Тој донесе конкретно подобрување на материјалниот и професионалниот статус на илјадници културни работници.

Наместо укинување на договорот што ги штити нивните права потребно е целосна негова спроведување и реализација.

ВМРО-ОКГ треба да разбере дека Колективниот договор не е партиска придобивка. Тој е договор за работничките права.

Доколку постојат правни недоречености, Владата има обврска да понуди законски решенија со кои ќе се гарантираат правата на вработените, а не да остане нем набљудувач додека се отвора можноста за нивно уназадување.

СДСМ ги поддржува културните работници во секоја законска и синдикална форма на борба за заштита на нивните права.

Културата не е партиски плен. Културните работници не се колатерална штета на политиките на оваа власт.

Рацете подалеку од работничките права! Колективниот договор за култура мора да биде заштитен заради работниците!

Прес конференција на СДСМ, Мирче Најдоски – Комисија за култура

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пеп Гвардиола го откри својот следен чекор

Еден од најтрофејниот фудбалски тренери во историјата Пеп Гвардиола во интервју ги откри плановите за иднината. 

Пеп Гвардиола го откри својот следен чекор

Тој потврди дека бил во преговори со Италија, но дека во тој момент не бил подготвен да го преземе Азуре. Сепак, тој не ја исклучува можноста еден ден да седне на клупата на некоја репрезентација. Кога - не прецизираше.

„Не знам каде би можел да ја продолжам кариерата, но ако има тим што никогаш не сум го водел и што би сакал да го преземам, тогаш тоа дефинитивно е еден од националните тимови. Тоа би бил мојот следен чекор.“

Уште во јули, кога Италија се обидуваше да го убеди да ја преземе репрезентацијата, извори на ESPN потврдија дека Гвардиола е заинтересиран за соработка со репрезентација, но не можеа да прецизираат за кои селекции станува збор.

Според тогашните извештаи, интерес покажала Холандија, која потоа го ангажирала Чави, како и Англија, предводена од Томас Тухел. Гвардиола засега не размислува премногу за враќање...

„Искрено, не знам. Навистина не знам. Во моментов, добро ми е вака. Ако се вратам еден ден, тоа ќе биде затоа што мојата интуиција ми кажува така и затоа што некој силно ме сака. Само во тој случај ќе се вратам. Имам многу години работа и огромен број натпревари зад мене. Само одморот ме исполнува.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер